Толку многу сакам да ти влепам една шлаканица, три дена име да не си знаеш. Btw...го чекам денот кога ќе ме молиш
Се навраќам некои десетина години наназад... Се сеќавам на една летна ноќ, далеку еден од друг, зборувавме на телефон... Двајца сонувачи, гледавме кон небото над нас... Се сеќаваш? Ми кажа да ја најдам најсјајната ѕвезда... Те послушав, ја здогледав... Ми кажа дека таа ќе е наша ѕвезда, ми кажа дека ќе ја викаме hope... Ми кажа дека ќе чекаш и дека нема да престаниш да се надеваш. Сега после толку време пробувам да ја најдам повторно најсјајната ѕвезда, но не гледам ниедна... А на моето небо... Ти беше и остана единствената најсјајна ѕвезда... Ми остана и надежта дека еден ден повторно ќе ни се вкрстат патиштата и дека заедно ќе гледаме кон небото, а тогаш ѕвездите ќе добиваат поубави имиња...
Си читам тука и си викам ете не си единствена колку скршени срца имало тука, само ме плаши тоа велат времето лечи се ама гледам дека некои со години сеуште се надеваат дека еден ден повторно „ќе ни се вкрстат патиштата“ така си велам и јас..
Зошто? Кажи ми зоштоо ? Се појавуваш и правиш да имам надеж а после те снемува. Не можам да издржам више....премногу е оваа...
Ме научи како да се справувам со тешкотиите во мојот живот и да го вртам грбот на оние кои ме повредиле, да бидам рамнодушна и кучка. Ме научи да ги заборавам сите мои неубави случки и ликови од минатото Ме научи и да те сакам, на тоа највеќе се радував. Ама не ме научи како да се справам кога ќе те нема, како да те заборавам и избришам сите чувства за тебе. Не ме научи на ништо од тоа, и сега како понатаму без тебе? Пропаднав.
Ми фалиш деновиве премногу, ама не ти признавам. Четири дена без тебе вечност ми се видоа, а кај се уште 10?
И после толку години знаеш со еден збор да ме растопиш како снегулка на вжештен асфалт. И токму во тие моменти секавично ми се нижат пред очи сите оние ситуации кога ти забележувам за ситници, кога сум горда, себична, непопустлива. И она непријатно чувство кое ме тера да спуштам поглед зошто знам сум неправедна кон тебе, знам не сум фер. Грижа на совест се викало. Знаеш дека тешка сум на зборови. Остави очите нека кажат. Ми требаш како никогаш досега.
Требаше да ме запознаеш подобро пред да ме повредиш. Биди подготвен, те чека одмaзда, многу слатка одмазда
Господеее на каков испит не ставаш.....зошто се враќаме еден на друг секогаш...зошто кога знаеме дека немаме иднина...
Ми недостига , знаеш ли? Ми недостига времето кога редок среќник мислев дека сум... среќник кој дел од душата своја во тебе нашол... Ми недостига времето кога пеперутки имав штом за миг те помислам и кога часовите ги броев додека те видам... Ми недостига времето кога со солзи заспивав уверена дека душата моја пред животи сто ти рекла„чекај ме“ и јас сега сум те нашла... Ми недостига секоја ноќ во која со врели очи те сонував... ти се доверував... низ постелата те барав... Ми недостига времето кога само твојот допир ми требаше... Ми недостига времето кога со солзи чекав да дојдеш... Ми недостига времето кога да го видам светот само со тебе сакав... дури и кога против тој свет за тебе да појдам ќе треба... Ми недостига времето да мислам дека си единствен, уникатен... Ми недостига времето кога таков те пронаоѓав во секоја книга... во секоја љубовна приказна... Ми недостига времето пред твоите лекции... Ми недостига времето пред да ме научиш дека љубов не постои, дека копнежот е смешен, а душевната верност измислена... Ми недостига времето кога емотивноста орден ми беше...орден кој ти лабилност го нарече за миг... Ми недостига времето пред солзите за тебе бразди и стрии по телово да ми издлабат, за да ти верувам како на никој, за да ти се препуштам како на никој... Ми недостига времето кога те сакав... кога ја немав оваа тежина во градиве... Ми недостига времето кога концентрација немав... кога мисливе ми мирисаа на тебе... Ми недостига времето пред душата да ми ја затруеш...пред крвта да ми зоврива од омраза, а срцето лупа како војници спремни да излезат на фронт... Ми недостига времето пред да го вртам погледот од тебе... Ми недостига времето кога немав потреба да побегам што подалеку... Ми недостига...ми недостига се...ама ти не... ти суров учителу не!
Оно тука генерацијата ми се мажуват, женуват, деца раѓаат, а јас уште чекам да ми вратеш на пораката глупак нееден!