ах да ти текне да ми се јавиш, да ме изненадиш,да ми кажеш збор два убави... надеж да ми внесеш,се надевам ќе ти фалам..се се враќа Таман помислив добро е супер е со овој,ништо не бидна ... за жал
Сакам да те изненадам утре, онака на кратко. Имам некои борби у мене дали да ти појдам утре или не. Ама веројатно дека ке поминам да те видам и да ти украдам некои 30сек Да живнам малку у твои прегратки и погледи.
Во кој момент те сретнав тебе?Кој беше тој момент што толку ми се искомплицира животот и решив од се да побегнам?Кој беше тој миг кога ги испуштив конците и изгубив контрола над мојот живот? Да можам да се сетам,да можам да го вратам времето,немаше да бидам толку несреќна. Празна ми е душата.Празен ми е животот. И кога чекорам со празна душа секоја солза е потешка од моите куфери.
Онемев. Не ми се верува. Се чувствувам толку разочарано, предадено, изневерено. Не можам ни да опишам. Не ми се верува дека не беше способен да ми ја кажеш вистината, па колку и тоа да е за да ме „заштитиш“. Ниедно оправдување нема. Не е тоа некоја ситна, бела лага. Имаше можност да објасниш, да кажеш дека има проблем, а не наместо објаснување да ми даваш лажна причина. Не сум толку наивна и глупава. А на крај и сам си се издаде. Само сигурно мислиш дека не сум сфатила така? Дека ете бидејќи веќе си таму и помина се' нема да приметам, нели? Немам ни солзи повеќе. Ни солзи, ни зборови. Не знам дали ќе можам да ти верувам повторно. Чекам да дојдеш да ми потврдиш, да ми потврдиш дека сепак ова нашево не било толку посебно како што мислев. И дека ние двајца заедно немаме иднина. Џабе сонувам. Џабе посакувам кога се' е залудно. И најверојатно една голема лага.
Кога те запознав многу ми беше антипатичен, си имаш некој став и некое дрско држење, па ај после те прифатив некако, ама сега многу ми си антипатичен. Ми се гади некако кога ќе помислам на тоа како не знаеш да се однесуваш со мене. Се почнува да избледува, ми текнуваат само некои моменти на почетокот, друго ништо. Жал ми е, но јас сум таа со големо его, не си ти. Ти не си доволно добар за мене, јас сум совршена за тебе. За некоја недела ништо нема да чувствувам и ќе се спасам од тебе.
"A bude čoveku lakše. Stvarno bude. Kada ima nekoga da mu izmami osmeh na lice. Kada ima nekoga ko će zagrliti njegove probleme. I šapnuti: "Sve je uredu. Imaš mene." И навистина, кога те имам тебе, имам сѐ!
Имам чувство дека си со куферите в рака, тргнуваш на аеродром и ќе ми се вратиш. Ти годат на тебе осаменички патувања. Ти годи воздухот од странство, така ти се отвараат мозочните ќелии и срцето почнува во прав ритам ускладено со разумот да ти работи. Таму не мислиш со стојко само! Ти ја знам болката кога се наоѓаш во тесно или сакаш да размислиш што е следно да направиш, да одлучиш се повлекуваш. Се надевам ќе донесеш правилна одлука и овојпат ќе бидеш постабилен и одлучен. fubar: Заборави го минатото од тоа не се живее.
Не знам дали јас премногу очекувам од тебе или не те заслужувам. Ме приближуваш до себе за потоа да ме оддалечиш двојно повеќе.. А се трудам, навистина се трудам да ти влезам под кожа. Затворен тип си,не си лесен за читање.Не знам зошто е вака. Наместо да се опуштам со тебе јас го преиспитувам секој свој кажан збор.Нели треба да бидам своја, да ти плескам в лице се што мислам да ти кажам, што те прави толку посебен побогу... Ова не сум јас.Си се сакам старата.
Да се трудеше толку за нашата врска колку што се трудиш за твојата работа многу поубаво ќе беше. Ама ти си толку многу ладен некогаш што си мислам дали ме сакаш и зошто си со мене. Знаеш....неможе само едната страна да се труди за се..!!!
Си дозволив да ме убеди и оддели од тебе. Јас сум крива, знам. Знам дека песната од синоќа мене ми ја посвети. Најмногу ме заболе утрово кога станав и сфатив дека те изгубив. Се надевам некој ден ќе сфатиш и ти и јас дека не сме створени да бидеме заедно, дека сме два различни светови. Само едно нешто сакав, а тоа е да те гушнев за последен пат. Никогаш не признав, но сфатив дека те сакам. ТЕ САКАМ
Се запрашав што ќе речам ако некогаш некој ме праша: што беше тој за тебе? Ти - изгубено време Ти - крвави нерви Ти - црнило на душата Ти - погрешно прочитана реченица Ти - казна Ти - жед Ти - празни ноќи Ти - целибат Ти - самотија Ти - грешка Ти - камшик Ти - страв Ти - мраз во крвта Ти - премолчени зборови Ти - лекција Ти - само скалило кон подобрата јас!