Ти си хаос од измешани чувства. Не те разбирам. Не повеќе. И не знам што е подобро. Дали да заминам или да останам?!
Имaв нaдеж, мнooгу. Нo штoм прaшувaш лaднo, кaкo дa ми гo смениш иметo нa Месенџер... се чудaм кaквo ќе ми стaвиш,.. штетa..имaв нaдеж
Не можам да ги померам границите подалеку од ова. Не под овие околности. Чекор подалеку и би се самоуништила, а тоа ми е најмалку потребно сега. Да бев помала и понаивна, веројатно ќе беше поинаку. Но, имам премногу белези на себе за да би се впуштила во уште една несигурна битка. Зборови мене не ми значат ништо. Ги кажувале и оние пред тебе, па исходот пак бил ист... Не знам дали е среќа или штета што сум станата ваква. Дел од мене сака да се стопи во тебе, да може да сака ко детенце кое никогаш не осетило разочарување, но дел од мене вришти „Немој“... е, тој е страшниот. Таа гадна интуиција која проклето ме нема излажано досега. Време има, колку-толку, ама не можам и не сакам да го трошам на моменти што после ќе ми предизвикуваат празнина во стомакот во 2 наутро, а до мене ќе нема никој. Ако премолчувам, не значи дека не приметувам. Носиш товар со себе, иако тврдиш дека си цврст и секогаш искрен. Можеби си, но не можам да верувам многу на некој кој го знам малку. Можеби за некое време, кога ќе се вратиш и хаосот во животите ќе ни е потсреден. Хоупфули. Дотогаш, ти посакувам многу среќа!
26.08.2011 Датумот што ќе ми остане како еден од најубавите денови.За жал од година во година сеќавањата ми се се побледи,ама тука некаде длабоко ми е останата таа слика.Се сеќавам како погледот не го тргаше од мене,на твоите очи ставот,тремата,сепак се е тука во мене.Од тој ден кажа дека кога тогаш ќе сум твоја.И се направи.Твоја бев.Зошто?За на крај да ме повредиш,да ми го зариеш ножот во грб и со насмевка да ме прашаш љубов те боли ли?А јас се раскраварено срце и со насмевка ти одговорив не другар слободен си.И така.Заврши нашето. Еве сум јас.Се кријам зад монитор и си ги пишувам чуствата што длабоко си ги закопав.Не се осмелувам да те спомнам пред никој,дури и од самата себе се кријам.Сите мислат јас сум таа силната.Ама не.Болиш.Мене никако не смееше да ме повредиш.И понатаму си лепам по некој фластер на срцево и си закрпувам по некоја рана таму кај што прокрвари. Ти каде си мил мојДали помисли што направи на девојката која најмногу те сака ?Повторно никако не знам што правиш.И колку и да не сакам да признам ми фалиш бе ама тоа ми е.Дали можам да ти простам,да ти дадам не знам која по ред шанса?Се плашам и сама од одговорот ама да.Можам.Срцево мое не разбираДојди си. Желба си ми
Уште малку ќе дојде 1 ви Септември,нова школска година,ново поглавје во животите на секој ученик,нови приказни ќе бидат испишани... А,и нашата приказна започна така,се сеќаваш ? Јас да... Во толку ученици те заприметив само тебе,во толкав џагор мене само твојот глас ми одекнуваше во уши !! После толку години,некаде ќе се повтори истата приказна...штета,нема да сме тоа ние,туку некои други,некои кои ќе бидат заедно во друго и поинакво време,им посакувам среќа,нека не ги снајде нашата судбина
Се трудиш да ми помогнеш, ме тераш да верувам во среќен живот иако друга среќа освен тебе не сум осетила. Но зарем е важно, и само една личност може да биде цел свет. Прости ми што сеуште не можам добро да се опоравам, се трудам, ама околностите толку ми дозволуваат засега. Ја нема основата, мајчиниот збор "се ќе биде во ред", нема таткова и братска љубов. Ти тоа не си го осетил, и подобро, што ќе ти е ваков товар што цел живот се носи. Ќе започнеме нова етапа јас и ти, наша љубовна приказна и наше катче, далеку од се и сите, свет кој не знае за тага, оти доволно беше страдање. Ме тешиш ќе помине ништо не трае вечно, премногу сакам мил мој, премногу, само биди до мене.
Дојди да создаваме нови универзуми... Патем, кожава моја ги памти уште твоите допири и “случајни“ галења..
Цел ден мислев за она што ти го кажав, не требаше ништо да знаеш, сега се чуствувам очајно и исплашено..Си одам, иако те посакувам уште, мора да си одам колку подалеку, срам ми е да те погледнам по се она што се случи со нас. Како што ми рече јас ќе започнам нов живот, а ти си одиш. Ти посакувам многу среќа. Морам уште да те лажам, тоа е за наше добро, ти побрзо ќе си одиш, исто и јас, можеби еден ден ќе се сретнеме случајно но јас ќе се правам дека не те гледам.. Тој ден се ќе биде поразлично, можеби ќе сум сама, а можеби ќе имам некој кој ќе знае повеќе да сака од тебе. Но ти не си виновен, далечината е тешка, а јас сум будала која верував во нас..Немој да се каеш ако се сретнеме, ти го избра својот пат, јас уште сум расеана и тажна, но наскоро ќе дојде и мојот ден..Се ќе биде поинаку. Нема да дозволам уште еднаш да се видиме, знам дека синоќа можеби ти беше најглупавата вечер, извини.. Заборави на тоа што ти го кажав, заборави на таа вечер, заборави на мене, заборави на нас.. Заборави.. Си одам, далеку, далеку, започнувам од почеток
Ме привлекувaш, ме плaшиш се нa пoлoшo oдиш и вo oднесувaње и вo се. Жaлaм не мoжa дa сум сo тебе ти ме гледaш кo секс игрaчкa. А те пoсaкувaм.
ме мислиш ко јас што те мислам? ти фалам ко ти што ми фалиш? Мислам дека не.... ти веќе имаш друга... Се плашам да не ми оставиш лузна на срцево.... САСЕКОГАШ
Уште одамна сватив дека ме сакаш, ама сега потполно се уверив дека ме сакаш. Кога плачевме денес заедно видов во твоите очи искрени солзи, дека навистина ме сакаш, дека јас сум ти се, дека животот сакаш да го поминеш со мене. Се надевам дека тоа што го мислам не си го направил, рано е уште за тоа има време, млади сме. Иако сум ти лута, јас сеуште те сакам како порано и ќе продолжам понатаму. Се надевам дека вечерва убаво ќе си поминеме .
Kaков си таков си ама мој си си! Одиш на нерви понекогаш како досадна мува која кружи околу јадење ама ако, мој си си!
Абе стоко глупа ти мене ми велиш :Кој може да ми каже? Јас, е да бее. Ахам јас не а ?!! Ок. Нека ти биде. Не те препознавам на моменти, ама знаеш дека кај мене такви глупости не минат ама ИЧ лесно. Јас тебе ќе сум ти кажела. Глупак еден Кај си да ми дадеш сила, да продолжам кај си. Тешка ми е помислата на тебе се измачувам. Се убивам, нож ме распара по срцево Мора да одлучам крај ли ќе биде или нов почеток. Проклета нека е пречката ..
Толку беше мојата среќа душо.. Замина далеку ме остави сама.. Зошто разделбава е толку тешка? Зошто толку боли? Секоја разделба е се потешка и потешка.