ЌЕ СЕ ПОКАЕШ ШТО СИ СЕ РОДИЛ! Ќе посакаш да се вратиш од кај што си дошол во светов. Со мене ти вика ќе си играш? Да секако, клошар еден неписмен. Како дозволив толку да ми дојдеш блиску? Мислиш ќе плачам за тебе? НЕ! Толку беше од зезањето. Освен бес, нервоза и лутина друго ништо не осеќам. Единствено што жалам е што ти посветив толку внимание и што нема да можам да ти ја видам грдата фаца кога ќе ти се деси нешто случајно.
Те обожавам од глава до пети, со сиротото бело влакно и со сето сало околу стомак, кое (успешно) го криеш под црни маици.
Ти човеку не знаеш што сакаш....виде дека се повлеков и ме губиш и сега како те молам да бидеме пријатели. Не доста ми е ти реков ќе те заборавам. Не ми треба личност што не знае што сака.
Spoiler Слични а сепак многу различни. Анализирајќи ја воочив разликата. Иако се сложуваме на многу теми, одиме донекаде по својот ист пат, сепак сме многу различни и јасно е зошто не можеме да бидеме заедно. Ти си роден да го живееш својот сон, да уживаш во секој момент од животот. Ти си среќен, живееш во зраците на сонцето. Не знаеш за препрека, не знаеш за болка, не знаеш за тага, проблем. Но знаеш да живееш живот од бајка. Ти си широко небо, ти си сонце сјајно, а јас сум земја црна и тешка. Се припив до тебе затоа што сакав да пораснам покрај тебе, да заборавам на проблемите, да заборавам не се што се случува со мене....се што не знаеш а ме боли и се крие под мојата маска на среќна и наводно борбена и успешна девојка. Сакав да украдам дел од тебе, твојата позитивност, опуштеност. Сакав да бидам авантурист како тебе, да се препуштам на мигот, да заборавам на се и да се препуштам. Но не идат така работите. Во реалниот живот никој не се заљубува во пепелашка, во скромна девојка со детски соништа. Сакав заштитник да имам покрај себе. Но зошто би ме прифатил со товар како црна земја што го носам врз себе?
Што ми правиш човече?! Се заљубувам во тебе Кога ќе те видам се ми поминува,ко да бркаш се од мене. Се плашам да се заљубам поради неупесите во минатото,а ти? Ме промени,се појави неочекувано и остана и почнав секој збор да ти го анализирам. И сфатив сакам да ти верувам,сакам.. Но тешко ми оди,се надевам ќе го совладам. Ми значиш
Виде дека не те барам и сега ќе ми пишеш,нема потреба не си го троши времето Убаво ми кажаа не се труди залудно за него,не вреди ама јас пак,мислев се имаш сменето и си ја сфатил грешката,но не е така Таков беше и ќе останеш најглупо и најнестабилно суштество на планетата,немаш потреба да ми пишуваш ти си го избра тоа ајде сиктер таму