Сакам да успееш. Сакам да ти ја држам раката додека ги остваруваш најголемите сонови. И ќе направам и дадам се' од себе за да ти бидам најголема поддршка. Сакам следната година ова време да правиме планови за да бидеме таму заедно. Ќе најдам начин и нема да те пуштам сам да одиш. Те сакам неизмерно многу и уште толку ми е тешко што сум брзоплета и избувлива кога си најголемо срце со мене. И воопшто не требаше ни за миг да се посомневам. Упорно се саботирам самата себе. А сакам да бидеш засекогаш до мене. Ама за тоа да го постигнеме треба да престанам да преувеличувам и да замислувам работи. Ама и ти треба да го отвориш срцето и да ми кажеш што ти лежи на него. Сакам да лежиме гушнати гледајќи ги ѕвездите цела ноќ. Кога ќе те гушнам ми поминува се'.
Работите кои сеуште те болат...со нив не си расчистил! Чист си кога си простил, кога ќе и посакаш среќа и кога секоја слична ситуација нема со бес во гласот да те врати десеттина години наназад. Десеттина години... предолго за сеуште да можат да те налутат спомени за кои ми тврдиш дека не ти значат.
И вечерва те барав во сите,потсвесно се надевав ќе те видам...си реков во толкава гужва ќе излеташ од некаде... Знаеш,без размислување ќе те изгушкав,макар и да ме отфрлеше,ете до толку ми е дојдено...и не дека немам гордост,само многу тешки грутки имам на срце,многу неизречени зборови,што мислам вечно ќе ме потискаат...љубов си ми најголема и најболна...и одбивам да зборувам за тебе,сите мислат дека си далечно минато,а не си,е тоа ме боли... Можеше се да биде поинаку,никогаш нема да ти простам што лесно ме повреди и уште полесно ме пушти да си одам,а велеше секогаш ќе бидеш тука за мене,ама добро познато е дека секогаш те напушта најлесно онај кој прави да си зависен од него,боли кога ќе те фрли како стара крпа... Проклетство...ми се смачи од тажни љубовни приказни,зарем вака ќе биде само,зар вака заслужив?!
Бубалче мое, често пати леам солзи затоа што иако си толку блиску сепак има илјадници километри меѓу нас. Не можам да те бакнам, не можам да те гушнам, не можам да те допрам. Ако пробам, го допирам само компјутерскиот екран кој те емитува тебе, како ми се смешкаш и ми раскажуваш како ти поминал денот. И колку лош и да ти бил денот, мене ми е уште полош, затоа што не сум до тебе... Ти замина за поубав и подобар живот, јас останав заради недостиг на финансиски средства. Се трудам, се борам за да дојдам и јас со тебе, оти ќе излудам ако завршам со некој идиот, тука, кој не знае да ме цени. Ти ме правиш да се чувствувам како дама од милион долари, како единствената девојка на планетата земја, и не би знаела како би умрела ако ти не се родеше. И покрај тоа што ти имаш неограничен избор од девојки да бираш таму, ти сепак ме избра мене, таква каква што сум, инаетчивка, тврдоглава, креативна, тотално луда и илјадници километри оддалечена. Нестрплива сум, кога ќе дојде денот да ме држиш во твојата топла прегратка, додека јас повторно леам солзи, солзи, радосници...
Vceravecer si se ispijancil I moeto ime si go spomnal...edno vrapce mi kaza... Gjubre, zbilno ti ova? ... ... ... Misim svasta picka ragja
А зашто криеш такви работи??? Сериозно?? Више видов. Не знам која е поента да криеш... него ај тоа настрана, туку дојди гушни ме бе и гледај ме со тие плави очиња!
Спојлер Голема конкуренција. Не вреди да молам за трошка љубов, многу изгубив а не добив ништо. Барем да знаев зошто и со што заслужив ваква болка.
Не ти е срам? Ми звониш за секс. Ти си завршена книга за мене,нема секс ме нема мене.РАЗБЕРИ. Никогаш не ме сакаше,себичен,без осет. Мене не ми е јасно како повеќето околу мене ,се во врска 3 месеца и се зимаат,или остануваат бремени..хммм некој некаде греши...
Можеби бев премногу слепа за да ги видам сите знаци, можеби бев премногу заљубена за да ги поднесам сите удари, можеби бев премногу храбра за да се соочам со ладноста во твоите очи, можеби бев преголем сонувач за твоето празно срце, можеби бев премногу слаба за да одолеам, можеби бев премногу нежна за твоите раце, можеби бев премногу искрена за да не признаам, можеби бев премногу паметна за да го опишам сето тоа со зборови, можеби бев премногу глупа за да живеам само од твоите сурови зборови, можеби бев премногу силна за самотијата, можеби бев бавна како полжав за да разберам се, можеби сега стигнав на раскрсницата на животот каде за тебе стои само еден патоказ...
Знаеш, не знам од дека да почнам...џабе е што и да кажам на сето тоа време заедно кога си забил глава во едно нешто, прави како сакаш, јас секогаш ќе бидам тука ќе те чекам, ама... што ако веќе нема да бидам истата, што ако некои чувства се оладат? многу мислам а малку кажувам, ете тоа е мојот проблем, затоа некогаш избувнувам многу јако иако не треба, ако нешто научив за тебе тоа е да не ти водам инает, а во последно време иако се трудиш, јас осеќам дека те терам подалеку од мене...некако се осеќам изгубено, еден ден се ќе се среди, ама до тогаш незнам, мислам колку и се да се среди секогаш ама секогаш нешто ќе фали,небитно дали во врската или било што...ама тоа е..само трпение и љубов(можеби)