Зошто исчезна без ниеден збор...како можеш да бидеш толку нечуствителен. Зошто ми изнакажа толку убави зборови и после наеднаш исчезна.. Ете признавам ме скрши, ме боли, ме боли.... Знаеш, викаат дека оние кое се разделиле со бакнеж повторно се враќаат. Ако еден ден се вратиш, истото ќе го осетиш, тоа чекање, таа неизвесност, лажна надеж, ти ветувам.
Ми фалиш. Ми се корне срцево од болка. Ама немам надеж дека ќе бидеме океј. Очекувам крај. И уште повеќе ме боли.
Дојде, и уби сите чувства што ги имав за тебе. Фала. Конечно слободна. ГОВЕДО, ЦРКНИ!!!!!! (смајли што покажува среден прст)
Свесно или несвесно ме повредуваш. Нож ми стави во срцето. Сега кога ми требаш најмногу .. А толку сакав да плачам на твоето рамо Ќе плачам сама, нема врска !! Колку има љубов, исто има и омраза
Бивши мои на мене ми е потребен херој да ме спаси и заштити од зло, пријател кога ќе ми биде најтешко штета нитуеден од вас не бил тој правиот заштитник кој би ми го чувал грбот и на чие рамо би се потпрала кога ќе е најтешко.
Се е полесно кога ме држи твојата рака, не е битно дали ја испреплетува со мојата или пак за душата, оти ние сме едно. И кога не си до мене те чуствувам а тоа чуството е прекрасно. Не е секогаш совршено, но таа несовршеност ни ја прави љубовта интресна, и задоволството кога после кавга се обидуваме да ги тргнеме бубачките па сето тоа завршува со насмевка и не врзува уште повеќе.
Уххх веќе тешка и напета ситуција станува ова нашево Најмногу сакам кога во очите ти гледам дека ти е убаво.. Ама душа твоја е да ме изнервираш еднаш во денот..Без тоа не си ти - ти, не сме ние .. Само гледај за глупости да не се караме оќе?
Се запознавме, зборувавме, беше прекрасно. Жал ми е, но никогаш нема да те сакам колку него. Тој е моја прва љубов, детска, најискрена. Сфати ме, те молам.
Болиш...знаеш,на денешен ден почна нашата приказна...се сеќавам како да беше вчера,а помина повеќе од деценија.. Болиш секој Март ,поддеднакво како и сега..во најубавиот Март,бевме најсреќни... А Октомври ? И тогаш,тогаш се заврши се..зарем би ги заборавила овие месеци некогаш? Не,јас и датумите ги паметам поддеднакво мили мој !! Љубов,опсесија што си ? Не знам,знам дека си навлезен длабоко во секој дел од телото,во крвта ми течеш,нема спас од тебе,вечно ќе те носам како проклетство,ти си ми животна клетва..да,животот е тој кој ме награди со тебе,а потоа толку сурово си поигра со мене,со нас... Денес,ќе се сеќавам на тебе,на нас,на периодот кога бевме тинејџери,е тие ги сакам,ги сакам децата во нас што беа,а не овие горди,и ладни возрасни луѓе од денес!! Денес,никој нема да ми забрани цел ден гласот твој да ми звони низ глава... Тој септемвриски ден,го слушнав само твојот глас и покрај тоа што имаше многуу ученици..многу врева и џагор,гледаш така требало да биде,ме освои со гласот,се завртив ,нешто ме поттикна и веднаш почуствував нешто ,не знам што беше,ама таков трепет,таква возбуда не сум осетила ни пред тој ден,ни после тоа..