Знаеш што, типче??? Не сум јас безимена и анонимна како ти што си мислиш, и од сите луѓе на светов ти ПРВ требаше тоа да го знаш, после пет години дружба! Само поинаква од тебе сум, не зборувам 24/7, мнооогу размислувам и бааѓи се секирам, за милион ствари! И кога од сите нив ти ќе слушнеш ЕДЕН проблем (што е поврзан со тебе!) настанува драма! Само за проблеми сум зборувала, сум ќутела, не сум била весела, дандара мандара... Епа не сум. Јас не сум од тие "стално веселите" и "насмеаните", тие што дрдлаат нон стоп и гајле не му е. Таква сум, едноставно, узми или остави. Знам да сум весела, да дрдлам, знам да бидам енергична потполно, ама едноставно не сум таква стално, не во секокдневно издание.Naposletku, ti si dobro znao ko sam ja, нели??? Па не сме од вчера, мајке му.. Се чуствувам притиснато да бидам нешто... некоја... Може и јас не чинам. Можеби јас воопшто не чинам! Ама ми се ск*рчи да не сум доволно добра.... преку СЕ ми е...! Ама нека... јас пак ќе пробам, да те усреќам. Ама нека... подобро е јас да сум виновна...
Кога првата мисла наутро ми е " ТЕ МРАЗАМ ", додека утробата ми врие, а пулсот како камбанарија удира во секој дел од телото, ја труе крвта, што останало да ти речам...
До тебе сум, мораме да бидеме силни и двајцата. Двете најважни личности во нашите животи ќе бидат добро. Ќе видиш. Само имај верба во бога и се ќе биде добро.
Денови и денови го проколнував мојот ангел чувар, кој за миг задремал па пуштил да те запознам, дозволил да ме боли, да ме боли секој ден, да ме боли секој збор. Ноќи и ноќи го оплакував тој негов пораз, додека душава торба празна не ми остана, без да знае да се насмевне, рака некому да подаде. Денови усните ги прегризував колнејќи го тој ангел чувар, кој пред суровоста твоја сама ме остави, кој молчеше додека ти тактичар ме правеше, стратег и мајмун желен за трошка внимание. Ноќи самував и го молев тој ангел чувар патот кон тебе да ми го покаже. Денови и ноќи растев, мислејќи дека тој ме заборавил. Денови и ноќи мислев дека растам кон тебе, а всушност сум те надраснала. Денови и ноќи душата на ѓаволот му ја ветував само за да ме доведе кај тебе, а ти душа си немал. Денови и ноќи се преиспитував дал достојна за тебе сум, а ти празен како куфер стар. Денови и ноќи ангелот чувар го повикував, без да знам, без да се сетам дека тој патот ми го отворал, без да знам дека тој само да учам низ солзи од тебе ме оставил, а животот, е него , него му го спасил. Денови и ноќи го проколнував ангелот чувар кој сега знам дека ме спасил, од твојата тврдоглавост, неписменост, ме заштитил од кутијата на твоите животни видици, од камшикот на бездушноста, од неможноста за нежност, од поделената љубов твоја. Денови и ноќи го проколнував ангелот кој лекција за век во три години ми даде, зошто не спиел, зошто работел, зошто итал да ме созрее, да ме зацврсне, во живот да ме прати... Денови и ноќи го проколнував ангелот чувар кој задремал, задремал во проклетиот миг кога те запознав... Денови и ноќи го проколнував ангелот, а не требало, а не смеело...
Би пишувала редови и редови. Би пишувала секоја минута од секој ден. Би пишувала и би ти ги посветила сите мои мисли и чувства. Би пишувала и покрај болката, која ми го боде срцето како ситни парчиња стакло. Би пишувала со солзи во очите, незмерна тага во душава за да го извадам сиот бес од мене. Ама што ако пишувам?! Тоа нема да те врати тебе до мене, а ни да ми помогне повторно да го гледам сонцето наутро. Нема да ми ја намали болката, ни да ми ги потисне сеќавањата на нас. Нема да ми ги излечи раните и да ми донесе надеж. Ниту пак ќе заборавам колку многу сакам се' ова да е само еден лош кошмар од кој ќе ме разбудиш со прегратка. И тоа колку многу сакам да те гушкам и бакнувам. Нема да направи да заборавам на најсреќниот период од мојот живот, на моментите кога научив да се смеам од срце и да дишам со полни плуќи, а ни на твоите насмевки кои ми го грееа срцето и ми ја будеа вербата во себе. И ќе ја оставам недопишана и недораскажана нашата бајка. Како што оставив во мене непоставени прашања и недобиени одговори. Кој знае, можеби еден ден ќе имам сила и храброст да раскажам. Можеби тогаш ќе има друг крај. Можеби тогаш ќе престане да боли, а срцево ќе почне повторно да чука.
Чудна е ноќта знаеш ? Како да и е обврска да ме тера да мислам на тебе,ми наметнува и враќа стари спомени,оние што мислев сум ги заборавила,оние што се некаде на дно на срцето,оние што секој момент чекале да испливаат на површина... Срцево и не знае за друг,тоа не гледа ден,ноќ,тоа бие силно за тебе најмил мој...само разликата е што денски сум опкружена со луѓе,глумам среќна,а навечер само јас и овие 4 ѕида знаеме како ми е навистина ....
Не знам што ме тераше да ги отворам пак тие твои пораки... ги читам од денес, деновите кога требаше да се сретнеме и никогаш да не се разделиме. Знаеш колку беше пресреќен, колку убави збориви ми изнапиша, изнарече. А сега каде си? Точно една година ќе правиме за два дена, една од како тебе те снема. Што се случи што наеднаш исчезна туку-така? Од тогаш ниту трага ниту глас, барем на една порака да ми вратеше џабе било сум се откажала и јас. А сега пак одново ми текнува понекогаш и ми идат сцени, убаво ни беше се смеевме, исти песни слушавме, без разлика на тоа што ќутевме кога се видовме.. Да знаев дека така ќе биде кога се разделивме ќе те гушнев најсилно. Колку само бевме интересни знаеш ли?, па јас се смеев за како изгледаме ти два пати повисок од мене. Со тебе знаеш ли дека и тишината ми беше убава?
Тешко ти е.....нели немаше никакви чуства...нели не знаеше зашто ѓи немаш. Што е сега? Цел ден кружиш со колата пред работа и ѓи тераш другарите да ми се јават за да ме прашат која смена сум. Ах бе...не сум јас дете.....не сум некоја што ќе ти попушти и ако те сакам. Нека ти е тешко...барем ќе знаеш како ми беше мене кога рече дека немаш чустваа...
... a tebe zelim ja i morala bih da te probam I reci mi da si zamnom lud i da ovo hemija je dobra... Ne gasi svetla hocu da me skidas, pogledom skidas... ..Reci sta bi da mi radis.. За жал,не е возможно, но за мое добро
Ми викаат да те заборавам,дека више е време да те пуштам сум морала,не не морам тоа да го направам,не го сакам тоа јас,срцето не ми дозволува,сакам да ти пишам,да те слушнам,да те видам,допрам,осетам,ах проклето ми фалиш.Како да те пуштам ај кажи ми кога единствен беше во све.Неможам да живеам без тебе.Ноките ми се толку тешки без тебе само тие знаат како мие.Се би дала за уште еднаш да те видам па макар и последен пат би ми било тоа.Незаменлив си,и знаеш сеуште си тука длабоко во мене,сеуште живееш во срцето,те чувам,на сигурно си ми.
Да можам да бирам, би избрала повторно... Да можам да бирам в час би се вљубила повторно... Да можам да бирам би избрала повторно срцето да ми трепери... Да можам да бирам повторно штитот животен пред едни нозе би го фрлила... Да можам да бирам би избрала повторно ветерот на љубов да мириса... Да можам да бирам повторно со солзи во очи како срна би треперела... Да можам да бирам повторно страсно би бакнувала... Да можам да бирам повторно без срам секаде би го посакувала... Да можам да бирам повторно самоуверено би одела... Да можам да бирам повторно би сјаела... Да можам да бирам повторно часови некому би му се доверувала... Да можам да бирам повторно со очи љубоморни би го милувала... Да можам да бирам повторно да чекам едни раце би избрала... Да можам да бирам повторно самотијата би ја вкусила само за еден глас кој во главата одекнува... Да можам да бирам телото повторно би го заклучила само за едни раце... Да можам да бирам повторно во себе часови би го чувствувала... Да можам да бирам повторно рој зборови со крв би испишала... Да можам да бирам повторно со глад би се казнила чекајќи еден абер... Да можам да бирам повторно со рани телото би го унаказила, да знаат еди раце дека само нив им припаѓа... Да можам да бирам повторно силата би си ја предизвикала на едно „те сакам“верна да остане... Да можам да бирам повторно бегство од се би посакувала... Да можам да бирам повторно едни очи би избрала да ми се доволни за век цел... Да можам да бирам повторно секој следен ден се посилна би станувала... Да можам да бирам повторно би сонувала... Да можам да бирам повторно проклето силно би љубела... но не тебе, но никогаш некој како тебе...
Tи благодарам за се сонце, само благодарам не е ништо во споредба што ти направи за мене незнам како да ти се одложам за сите работи што ги направи за мене. Не верував дека постои толку голема љубов дека покрај се ти не ме оставаш, ме сакаш, ми помагаш во се, ме подржуваш во се. Те сакам и знај дека секогаш ќе те сакам, ќе се потрудам и јас да направам толку многу работи за тебе иако нема да достигнат до истата мера како твоите.
Се прашувам како бакнуваш каков вкус имаат твоите усни како водиш љубов. Проклетство! премногу се погрешни мисливе. Од каде пак се појави.