ете значи мразам шо те сакам, секојј ден сум се подалеку од тебе, а ти секој ден си поблиску до мене незнам навистина шо прајме, до кај сме, шо ќе се случи со нас.. зошто дозволи други да одлучат за нашата врска, врска во која и двајцата се сакавме и бевме среќни.. зошто луѓето си гледат само за нив да му е убо, зошто мене никој не дојде да ме праша како се чувствувам, зошто никој не ме праша дали ми е тешко и до кај сум стигната јас со оваа врска и со оваа љубов.. свесен си шо изгуби, тебе ти е поќе од јасно тоа и ете баш тоа те гризи, те јади.. и да денес баш прочитав „СЕКОГАШ НАЈМНОГУ ЌЕ ИМ ФАЛИШ НА ОНИЕ КОИ САМИ ТЕ ИЗГУБИЛЕ“... знам јасно ми е не треба ништо да ми кажиш.. те поздравувам..
Си ја фрли среќата, ти немаш поим што изгуби. Не велам дека сум совршена, но не живеам во времето кога се било како че каже мажот. Врска без никакво бранење, како што е случајот со твоите другари. Ти немаш поим колку ме навредуваше и повреди,а мене ме обвинуваш. Ти не си тој што ме заслужува. "Слугинка" ХА ХА ХА! Ти си тој што се однесуваше чудно пред и после секс, дивјак, а јас мирна,плашлива,скршена. Како имаш лице пак да ми се јавиш и да лажеш дека ме сакаш но си ми "е*ач" , немаш никакви намери со мене ссамо сакаш с*кс. Се надевам ќе имаш некоја што ќе те трпи, но по толку многу девојки оваа твојава ситуација тешко. Не гуbам надеж,но залудно ќе е човека не се менува. Има нешто ко првиот пат кога те видов,тоа нешто сеуште ме привлекува. но толку си вулгарен, со тек на време ќе те заборавам. Се надевам ќе ме сонуваш,да не ме заборавиш,да ти текнува на мене некогаш. Да сфатиш каква бев,а ти каков со оглед на тоа што не се вклопуваме,не си одговараме, ти не знаеш да се изјасниш што сакаш одвен за секс. Се е јасно овде. Ти посакувам среќа и да ти текнува на мене и во сон да ти доаѓам!
Актеру над актерите, жртво над жртвите, глупаку над глупаците од каде собра храброст да ми пишеш и да се осмелиш да вртиш ? Си ги читаш ти пораките ? Ја прочита последната ? Многу ме нервираш што ми го реметиш раетот. Да не знае човек како со тебе... па и не знам ете не знам...
Дa знaеш те мислaм цел ден. Прoклетo сaкaм дa ме прегрнеш,мaлaр зa пoследен пaт дa имaм сили дa ти кaжaм се штo ми лежи нa душaвa. Дaли јaс те сaкaм. Прoклетствo. Ми недoстигa прегрaткa.твoјa.
Се' ме потсетува на тебе. Ќе најдам интересен настан на кој сакам да одам или ново место кое сакам да го посетам и ќе се сетам дека освен со тебе немам со кого друг да одам. И ќе се сетам дека и ти би сакал да одиш. И се прашувам зошто сме толку комплицирани. Ги сакаме истите работи, ги имаме истите чувства, ама ништо не е исто. И како што пее Адел, „and hoped that you'd find the missing piece, to bring you back to me“. Се надевам, можеби и премногу. Ама срцево ништо повеќе не сака од тебе до мене.
1. Глупи сме. 2. Не цениме како што треба. 3. Мерилото не ни чини. 4. Можеме да бидеме среќни, ама САМИТЕ се уништуваме. 5. Глупи сме... Се уморив. Ми треба љубов. Пресушив. Кога пробуваш да ми дадеш вљубов ми ги наквасуваш лисјата, не корените. Исто и јас тебе - на различен начин љубиме. Не мораш да си со мене. Земи ја под рака ако е подобра... таа или било која. И јас сум душа. Ваљда и јас за нешто чинам. Пет години.. па добро уште еден знак за тоа колку сме глупи шо не сфативме на време...... А сепак...... можеби се ќе испадне на добро... "можеби", те молам потруди се!
Кога ќе ми кажеш "тебе те сакам" не знам како да го перцепирам тоа. Се обидувам да те одгатнам. И сакам за да знам дали го чувствувам истото. Ех,кога би можела да отворам уста...
Кхмм.... да дојдам да те чувам?? П.с. да не сфатите погрешно, ова не е за @Petar80 ама нема смисла да му ја крадам сликата затоа му го цитирав мислењето.. П.П.С. кај да аплицирам, дој кажи ми
Убаво е кога те нема... Иако тука никогаш и не беше. Убаво е кога те нема... Кога те нема во мене... Кога ветерот не мириса на тебе... Убаво е кога те нема наоколу... Кога можам солза да пуштам мирно. Кога да викам можам јас, дури како порано да се смеам на глас. Убаво е кога те нема низ мисливе... Кога некого можам да го пленам со моето„лудило“ Кога сарказми можам да кажувам, филозофии да прераскажувам. Убаво е кога те нема во душава... Кога не ми требаш за радост и тага. Кога за сон приспивен шепот не си ми. Убаво е кога те нема во срцево... Кога не се плаши да верува. Кога пеперутки почнуваат да летаат слободно пак. Кога кожата светнува, а праменот коса да биде помилуван сака пак. Убаво е кога те нема никаде... Кога дождот на љубов потсетува. Кога телото повторо растреперува. Кога рацете кон други се подаваат. Убаво е кога те нема... па повторно без страв чувствувам...
Те сакам тебе до мене сега, гушнати и под ќебе. Со чајче во рака и да си гледам како врне. Кога би го читал ова барем..
Еднаш мој бивши ми кажа ,,немој да мислиш дека слаткоречивите луѓе ќе те сакаат повеќе,, Знаев дека и ти си идиот, ми ветуваше толку, иако не ме познаваше, потсвесно знаев дека вака ќе испадне ама сакав да си дадам шанса. Почнав да те заборавам, искрено деновиве не сум помислила на тебе, и наеднаш ми текна поминаа 10 дена откако прекинавме со контакт. Се запишав на факс, после толку време деновиве ми се издешаваа работите така како што очекував. Не ми се верува дека уште некој ден ќе го видам дечкото за кој долго мечтаев уште пред да ми се појавиш ти. Сфатив ти ми беше опсесија, ете некако помина. Веќе не сум толку гневна, знаев дека што гневот ми поминува, дека веќе те заборавам. Има еден дечко, постојано ме прашува дали сум добра, како си го поминав денот, дали средив се за факсот,прекрасен е, чуствувам дека едвај чека да ме види.Но овојпат ете тука кажувам нема да верувам во зборови, само во дела. И јас него, го обожавам, преубав е, премил, муабетот ни оди како вода. Ама се плашам, бескрајно се плашам...