Зошто ја објави таа фотографија? За пак да ме боли срцето? Да ми застанува? Да се намовнувам,да се ежам? Зошто продолжуваш со твоето здраво? Не сакам ништо да ми велиш... ...помалку ќе боли...
Ти си како опиум, зарежан од афионовите чушки. Секој обид човек да те промени е безуспешен, зошто ти не си покорник на туѓи наредби. Ти си опојна дрога, која жена ли ќе ја оставиш сита ? Ти си лек за секоја болка, ти си релаксанс на сите мои сетила. Ти си креатор на бури и скротувач на пламената душа. За тебе би пишувала поезија и проза. За тебе и светот подарен во дланка е малку. Би ти создала океан од поројни солзи, би направила и сопственото срце да престане да бие... Би те сонувала секоја вечер, ако единствен начин е тој да те гледам Би те замислувала како татко на моите деца... Животот минат со тебе доволен ли ќе ми биде ?
Знаев,знаев дека ќе те видам,срцето ќе ми излезеше од гради,имав некое чудно претчуство...и оп,од нигде никаде ете се појави пред мене.. Зошто се гледавме упорно и се разминавме без збор?зошто секогаш е исто,барем не ме гледај кога на крај вртиш глава! Не разбирам стварно.. Најмил...некако беше многу блед,делуваше изгубено,успорено,каде ти е силата,енергијата што ја имаше секогаш на претек? Се надевам се е во ред со тебе..да знаеш те мислев цел ден...сепак не ти посакувам ништо лошо,срцево не може да посака лошо на некој кој го љубело најмногу...те молам биди добро.
Последниот пат кога зборувавме додека јас ти кажував дека нема да успееме, бидејќи сме премногу тврдоглави и двајцата, ти ми кажуваше дека од сите девојки со кои си бил јас сум ти оставила најголем впечаток, сум била поинаква. Па ако тоа што го кажуваше беше вистина тогаш би сакала да знам што правиш сеуште со неа? Зошто не се бориш за да ме добиеш повторно? Зошто не ми докажеш дека ме сакаш? Зарем не сакаш да ми докажеш дека не сум во право, дека можеме да успееме?
Тракава ја сакам, а од басов ми трепери и срцево Ајде дојди да играме За последем пат да се журкаме заедно
И ова се дела, ова кажува за него дека се грижи. Друго е кога ке те опсипува со борови како си најсовршена, најубава и не знам ти уште што. Тоа се веќе зборови, а ова тој што го прави се дела п.с. дај шанса П.п.с. до тебе, плав мој: - Фала ти... ова се тие некои ситници што ми покажуваат дека ти значам.... Фала
@*Amethyst* не знам не сум навикната некого да биде искрен со мене..но секако ќе му дадан шанса, и онака давав шанси на погрешни луѓе, ќе му дадам и нему, па што биде нека биде
Сеа ради тебе сонцето од запад ми изгрева. Не фрлај веќе бензин во огин, пожарни екипи од околните градови ќе треба да доаѓаат.
Зошто станав мозаик после тебе Зошто телово ме боли како да сум паднала од десетти кат Зошто главата ми прска кога те помислам Зошто кеси товар очите од непроспаните ноќи ми носат Мене копче DELETE ми треба... Ми треба за да ги заборавам сите правила твои... Ми треба за да ги заборавам сите зборови твои...но не убавите ,ти такви немаше... Ми треба за да ги заборавам отфрлањата,рацете твои кои вешто блокади поставуваа... Ми треба за да ги заборавам солзите, сомнежите,копнежите... Ми треба за да ги заборавам потсмевањата,заклучоците и препораките твои... Ми треба за да ги заборавам осамените ноќи мои... Ми треба за да соберам сила,да го исполнам она твоето:"Џабе толку терапии,ти пак истата си остана " Ми треба за да се залепам,цела слика да станам в миг...без товар,без гнев,без болка... Ми треба за да засакам повеќе, посилно... Ми треба копче DELETE за да ја сопрам рекава од болка што ме крши,што мозаик што никој не ќе го состави ме прави...
И пак те видов... Некогаш толку ќе копнеам да те видам,да се појавиш онака спонтано пред мене,а нема да те има со месеци,па јас ќе се плашам каде си,дали си добро ќе се прашувам,дали се ожени,дали ќе те видам со некоја со голем стомак под рака како шетате насмеани,и така ми се вртат милион филмови во глава... И денес како и вчера го имаше онај збунет и блед поглед..зошто?! Јас те видов,а ти не ме ни погледна...зарем вака заслужив... Зошто некогаш ме гледаш упорно во очи а некогаш како да не постојам..ме повредуваш така,ме казнуваш... Само да знаеш се би напуштила заради тебе,да можеше само...јас и ти некаде на крај на свет,некаде каде се почнува живот од нула,од ништо... Побарај ме,нема да те одбијам и после се..проклета да сум...никој после тебе не ми оставил вакви белези на душа..те сакам сега и секогаш,наспроти се !!!!!