Може требаше да искористам моемнтот да му кажам и јас? Ама што, не беше он вчера у Мкд.... Да, помислив на тоа да му кажам ама од кај да знам може со некоја си е таму, што ако преживеам како после ке го погледнам у очи после кажаното? Може ке сменело нешто... Браво за храброста, браво!
Ццц каква ноќ....плачеш ти плачам јас. Се решивме на крај....ама крај ли ќе биде нека покаже времето. Немам сила повеќе...
Храбра сум заради него. А и мислам дека секогаш треба да си кажуваме она што ни лежи на душа. Можеби сум безнадежен романтичар, ама верувам во тоа. Денес можам и да се насмеам и со насмевка чекам да дојде среда. Не очекувам ништо. Доволно ми е да те гледам како се смееш. Тоа е насмевка која не сакам никогаш да ја изгубам. Ќе се потрудам секогаш да ја чувствуваш мојата љубов колку и да сме одалечени. И можеби нешто ќе се смени во тебе, можеби не. Ама тоа нема да ме спречи да те сакам и да се грижам. Барем знаеш дека имаш некој кој е спремен да направи се' за тебе.
Никогаш не сум сакала бувови Ладни морници телово ми го леделе штом им го слушнам звукот Звукот кој зло повикува, кој мирот во ноќта го разрушува И денес тие ладни морници чести гости ми се, но штом те помислам тебе И пак не сакам бувови, а ти чиниш брат си им, був кој на најмиризливата липина гранка, несакајќи слетал... Був, кој со својот екот црнилото полека во мене го вовлече Був кој со својата „песна“ во најтемните ноќи ранлива ме стори Був кој полека ги бркаше надежта, верата, па и силата моја Був кој мене пресилната, слаба и будала пред сечиј коментар ја стори Був, кој додека „пееше“денот во мрак засекогаш го претвори Був, кој и листовите на младоста на таа липа еден по еден ги расфрли А никогаш не сум сакала бувови... оти баба ми викаше злото го најавуваат А ти си був... кој денот го сокри, ноќта ја замрзна, душата ја отру А ти си був, чиј глас ладни морници по телово ми носи и се плашам да те мислам... и се плашам да те слушнам... и се плашам да те видам...
Ок, ветувам дека следниот посилен земјотрес ке ти пишам... И ке ти кажам дека мислам или помислив на тебе. И дека сакам да си добро и сл... А ако нема ништо од тоа ондак утре и така ти се јавувам за работата да видиме до кај е ама без да ти кажам дека мислам на тебе и сл... О.о
Уште еден ден, уште еден ден....Јас и ти во град скрос непознат за мене, нов дом, нови пријатели, ново се... Едвајј чекам, но овој пат нема летање во облаци!
Ме болиш,толку многу,толку страшно.Неможам да си опростам себе си како можеше пак да ти поверувам и пак да ме прелажеш.Тешко ми е многу,знам по постапките твои дека никогаш не сум ти ни значела.Ми се парчи срцево,како можев да поверувам,како можеше да ме носиш во цркви,манастири да палиме свеќи еден за друг.Немаше ли малце жал,барем да причекаше да помине време па да видев дека додаваш која стигнеш,лајкнуваш и викаш за искачање.!!Ми рече дека никоја нема да е како мене,тогаш зошто ме испушти од раце,со изговор дека јас не сум ти жена..ах..Те молам Господе да се опоравам што побрзо,а за тебе лицемеру те мразам и вечерва,но исто така и мн.те сакам и ова е голем шок за мене но ти никогаш нема да ме видиш ниту да дознаеш нешто за мене.Не се враќај! Остани си кај курвите и наркоманките! Збогум!
Ако премногу сакаш нешто ќе ти се исполни... мислам дека сме на добар пат и сакам уште поубаво да ни биде во иднина. Јас ќе се трудам да си најсреќен и да ти е најубаво со мене. Си ја сфати грешката изгледа и мило ми е што се трудиш да ја исправиш. Се трудам и јас, знаеш дека не се откажувам лесно од некој што ми значи. Ќе се видиме за брзо
Не болиш, ти убиваш. Ми го правиш она што земјотресиве ни го прават деновиве, е така ме дрмаш од како дозволив да ми влезеш во живот, само постојано, без паузи. Убав ми беше тој немир на почетокот и ништо не ми пречеше. Знаеш зошто? Само затоа што ти беше покрај мене. Покрај тебе се чувствував сакано, заштитено, бев своја, без никакви маски. Сега кога те нема се чувствувам толку изгубено и осамено, без желба за ништо... Ништо не ми вреди без тебе, немам воља наутро да станам. Не ми искачаш од срце, не ми искачаш од памет. Како да струиш низ вениве, 24/7 си ми во мисли... Посебно деновиве, од како почнаа земјотресите. Сакам да ти се јавам, да ти пишам, само да знам како си... Не знам ништо и тоа ме полудува. Сакав да ти се јавам и денес да ти честитам празник... Ми фалиш, ужасно. Тоолку посакувам да те гушнам и се што ми е потребно во моментов е собичка со затемнето светло и да го слушам твоето мирно дишење до мене, па и светот нека се распадне ако треба.
Ко ќе ми текниТ колку само се пизмевме ко деца, се чудам како уште не сме скарани? Пу, пу - далеку било. Тенка е линијата во право биле. Абе ептен ни е филмска приказнава. До каде ќе тераме- ќе тераме, ама повеќе не ме ужаснува помислата да бидеме заедно на долги патеки. (Замисли еј!)
Толку сме далеку, а така едноставно ми изгледа да ти речам, ај напрај ми кафе во кафичот кај што работиш, доаѓам... И ќе се сетам дека не си ми тука. А само да знаеш колку пари изнадавав овие две недели на журкиве со надеж дека ќе дојдеш.. Богами знаеш како би дошол, море и оро ќе играш хахах. Нема врска, не сум загреана ко на почетокот, ама би сакала да те видам барем еднаш, да ми се тргне таа виртуелна мистериозност од твојот лик.. Сега ми е онака чил, немам време за поголеми потресувања во љубовен живот, ама да знаеш дека секогаш ќе ми останеш мил и ако некогаш се случи нешто помеѓу нас би била среќна.
Само малку повеќе да мислев на нас,на нашата среќа,да не ми беа важни туѓите мислења,да не ми беа важни разликите и пречките меѓу нас,каде ќе ни беше крајот? А можевме многу повеќе,и не сум виновна само јас што се откажав така лесно од тебе...ти ме изневери,преку ноќ без збор заврши се меѓу нас,немаше храброст да ми раскинеш,немаше храброст да ми објасниш гледајќи ме во очи...уште си иста кукавица,момент ме гледаш во очи,момент бегаш како да си го видел ѓаволот,зошто???