Се будам сабајлево и гледам пристигната порака од тебе “Се би направил да те вратам назад и да те гушнам силно!Само кажи ми дали е сега време“ ....Зошто ми правиш вака,зошто....Зарем мислиш дека ќе можам повторно да ти верувам..Не си фер..Кога сакаш си одиш,кога ќе видиш никоја не е како мене повторно сакаш назад,но овој пат потешко. Имај убав ден Мил мој,знаеш дека те сакам најмногу..Ти ја уништи оваа врска,се во животот си има своја цена.
Ти го сакам осмехот најубав, знањето, ставот, гласот... Фала ти, фала ти најмногу што се грижиш за мене, што ми даваш до знаење дека си тука да ми помогнеш, фала ти што се трудиш и замараш за мене. Фала! ФАла што постоиш у мој живот. Најблагодарна сум што те знам. Фала му на Универзумот што направи да се сретнеме! Да, дефинитивно ке те побарам за мислење, гледам дека сакаш да ми помогнеш. Фала ти! Срце си најмило. Те сакам, чоек. Стварно те сакам. Сакам и да те имам целосно до крај на времето! Сакан си, сакам да ти кажувам и покажувам колку само си сакан во животот и колку само најмногу заслужуваш. Сакам шанса да добијам за да ти покажувам секој ден колку си битен у мој живот и мој свет! Се израдува кога слушна за новоста, нели? Осмех си мој најубав. Плав мој. Те сакам. Чувај ми се Среќа си ми, стварно си ми!
Имаш неверојатна смирувачка моќ врз мене. Да ми ги избркаш стравовите, на секое мое " А што ако не успеам, а што ако се посрамотам, а што ако не сум способна!? ", да ме утешиш со " А што ако си докажеш дека си паметна, способна, што ако можеш !? ". Да ми објаснуваш како на мало дете дека никој не се родил учен, да ме убедуваш дека не сум глупава како што мислам и најбитно да се радуваш на секој мој успех. Да ме тераш да излезам од зоната на комфорот, да се соочам со стравовите и да верувам во себе зашто ти го правиш тоа. Не знам дали во било што би успеала, ако ти не постоеше, ако не ми ја држеше раката додека ти објаснував колку не спијам ноќе, ако секогаш кога имав проблем, страв, недоумица, не беше тука да ми помогнеш. И знам дека кога и да ми треба потпора, ќе ја најдам. Безусловно и во секое време. Затоа што ме сакаш. И затоа што и јас тебе .
Ми велиш ти требало некоја да те размрда, ах да знаеш како можам психички да те размрдам за 360 степени НЕ знам шо има толку во тебе шо ме привлекува,шо сакам да знам се за тебе.
Знаеш какви мисли т.е сценарија ми се мотаат низ глава од пред некое време? Вака,јас се мажам за друг,ти во последен момент доаѓаш онака како фурија и викаш на глас стопирајте ја церемонијава,ми кажуваш дека се каеш за се,а јас без да изустам збор ти поддавам рака и бегаме трчајќи колку што не држат нозе..а каде ќе бегаме,не е ни битно,некаде каде животот почнува од нула...има ли такво место? Знам ,луда сум,ама би сакала да се случи вака
И дедо Боже се лути поради тоа што ми го стори!!!! Засрами се.После толку долга врска сфатив ти си бил едно големо ѓубре.Ти бев најголема подршка во животот,поминував низ пеколот само да те сменам од пороците од лошото друштво,ти го спасив животот,ти ја подобрив сегашноста/иднината за да ми вратиш со овие зборови и со голем потсмев “Една недела те сакам и се убиваме од сексуални односи,а после толку муабети од тебе ми се одмилуваш и сакам да имам други“ Ова кажано пред другар,не баш добар другар..Засрами се.Но и до негде пробувам да те разберам,неможе детето да е верно и паметно ако мајката објавува по 100 слики во денот и и коментираат разно разни шиптари,па уште и ме делитнува,хххх..Ужас! Несакам да си ги нервирам моите душички ми се поради тоа ќутам и трпам во себе,а ти и твојата мамичка сигурно веќе сте си прославиле за крајот,сиг те утеши мамичка што 22 год.те рани со сува храна и гнев во себе ПУУ ЛИЦЕМЕРИ!
Ако има уште земјотреси бар до мене да си! Ќе ти се стуткам во прегратка, ќе ме стоплиш и ќе ме смириш. И ќе биде се' океј дека сме заедно.
И збунета и среќна и се'. Нека ти е со среќа! Се надевам среќен си и ќе бидеш. Нашето ќе остане на клупа и неколку пешачки премини.
сега моментално би ти ја запеала песната „Еден ден ќе ме молиш ќе ме сонуваш, баш тој ден ќе ме сакаш и прогонуваш...“
Здраво Љубов моја. Како си ми денес? Ме мислиш ли..Јадеше ли убаво,да не те мислам,јади си редевно,помалце со кафиња.Пишуваше ли со некоја? Ти се радува ли некоја повеќе од мене? Може не те ни интересира јас како сум,но се држам,прошетав денес,бев до Базаро си купив мн убава панделка за на коса,мислам ќе ти се допаѓа,ете можеш да ја видиш на сликата на фб. само за тебе се сликав.После тоа бев до Сити Мол си купив шампон,уз пат го видов гелот за туширање што заедно го мирисавме,малце се сецнав,те помислив...Знаеш ли колку ме болеше кога мама ме праша:дали ќе се видам со тебе откако ќе завршам со обврските,ја излажав љубов,мисли сме се виделе,и да ти се пофалам ми се јавиа за на интервју да идам утре во игротеката,држи ми среќа,важи ли бебче,те сакам најмногу и не доаѓај ненадејно те молам се плашам да не ме боли повеќе,убава вечер очиња крупнички <3 ...
Викаат дека ако навечер не можеш да спиеш, тоа е затоа што си во нечии мисли... ама ти тоа го ЗНАЕШ , нели ...
Хмм призна дека ти значам....и сега мислиш ќе паднам на тоа. Ќе ти значам уште повеќе...ми значиш и ти да....ама сега ке бидам по ладна од кога и да е....дури и ќе ти е нестварно......само знам дека ќе те боли повеќе од менее...еден ден
Сакам да ти го вратам сјајот во очите, да го заменам со оној болен изглед на изгубеност кој сега е во нив.