Зошто твојата прегратка е поразлична од сите други ? Зошто во неа наоѓам мир и спокој ? Како јас те возвишувам, зошто така ли те доживувам ? Страв ми е да те погледнам во очи. Чувствуваш изгледа и ти... премногу енергија која не спојува, премногу емоции кои ти ги доловувам. Моментално ништо не сакам, само да ме погалиш по косата и да ме бакнеш на главата како што секогаш правиш
Идиот, кретен, кукавица, не заслужуваш љубов! Господ да т еказни за секое предавство и секоја моја солза!
Него, сликава некако ме плесна онака.... Не сакам да се откажам од тебе, не сакам. Можеби те повредувам на некој начин што ете суптилно ти давам до знаење дека ми значиш, но сакам да пробијам низ оклопот твој и да ти докажувам секој ден колку те сакам и да те правам среќен секогаш. Заслужуваш и да си среќен и сакан, а јас сакам тоа да ти го подарам.
Човече, ти незнаеш како се чувствувам, се сомневам дека ти некогаш си се чувствувал вака во животот..немаш поим колку ми е тешко, срцето ме кине, ама тоа е...јас бев тука за тебе кога ти беше најтешко, некако помина, ама мене ме маваат флешбекови, некако се осеќам празно и повредено, не сум го очекувала тоа никогаш, за мене ова беше и уште е еден многу тежок период што се надевам дека ќе го пребродам..сега кој ќе е тука за мене да ме гушне и да ми каже дека се ќе биде во ред? м? кога ќе се вратиш мислам дека се ќе ти биде океј како ништо да не се случило, но ова тешко дека ќе го заборавам иако силно сакам...што беше тоа среќа? незнам, можеби ќе дојде пак таа среќа ама дотогаш му давам време на времето, да заздрават некои работи, па се надевам дека за некое време кога пак ќе те гушнам ќе се вратат они стари чувства а дотогаш ќе те мислам..само те молам најискрено од дното на душата немој,немој никогаш повеќе вака... ми останува само да плачам без солзи, ме боли душата телото, се...
Бебенце мое, само да знаеше колку многу ми недостигаш! Не, ти немаш поим колку многу копнеам по твоите усни. Никогаш не очекував дека ти ќе ми бидеш најслабата точка и дека некој до срце ќе ме рани баш со тебе. А замисли поминаа 8 месеци на праг е 9 тиот, а каде сме ние? Блиску а толку далеку. Се надевам дека брзо ќе помине и овој месец, се надевам дека се ќе биде на крај во ред. Многу се плашам да не те изгубам, секој миг чувствувам тага, вина.. Камо да можев да го вратам времето и да го променам текот на настаните. Сега е залудно, но сепак вината и тагата што ги чувствувам не исчезнуваат. Некогаш го прашувам Бог каде згрешив и зар толку многу згрешив што мораше баш тебе од мене да те одтргне? Зошто тебе? Зар толку високи цени треба да плаќаме само за личности кои не мразат. Каква судбина па секогаш кога ќе помислам дека ќе бидам среќна, на пат ми се попречуваат подли и безстрамни луѓе, со цел да уништат нечиј живот и врз туѓа тага тие да изградат среќа. Мораше ли нам да ни се испречат на патот, мораше ли нашата среќа да ни ја украдат? Е нема така.. Ќе се борам и во најтешките денови, само пак да те видам и да го вратам она што мене ми припаѓа. Ќе платат за се она што ми го направија и што мислеа да ми го направат, но за нивна штета не успеале. И ќе ми платат за се она што тебе ти го прават. Можат да уживаат уште малку, кога се ќе се реши и заворави, ќе ги нападнам од каде што најмалку ќе очекуваат. Осветата е кучка. Ова е едно од многуте писма кои не стасаа на посакуваната адреса, од недостиг на храброст и никогаш тој нема да ги прочита листовите полни со болка. Оргиналите на писмата ми се на француски па си ги преведов зашто планирам тие да ги фрлам. Ајм даин
Не памтам датуми, едвај ти го памтам роденденот, не бројам денови или месеци откако сме заедно. Но имам многу добра ментална временска рамка со некои мои параметри како кога тргнав на факултет, пред да отидам на работа во Германија, откако се вратив, пред да отидам во Америка и слично по која одлично се ориентирам. А првпат те бакнав на Пастрмајлијадата во Штип, залепена на еден ѕид во смрдливиот Ејнџелс, со вотка во рака, пред околу четири години Тоа лето излегов од мојата прва посериозна врска и бев во потрага по што било! По само неколку дена се бакнував со друг, а истовремено се гледав и со еден тип кој го запознав на одмор. Со тебе излегов еднаш, и иако бев уверена дека ќе се случи нешто, ти културно ме остави дома. Вториот пат, по повеќе од еден месец, решив да ги земам работите во свои раце Продолживме да се бакнуваме цела вечер на еден паркинг и ми беше убаво. А тогаш, тоа и ми беше поентата - да си ги преокупирам мислите со други за да не мислам на бившиот, и барем за момент да ми биде убаво. За жал, не можам да кажам дека сме заедно четири години. Заедно сме нешто повеќе од една. Но ти си ми најважната личност во животот. Вечерва ги читав муабетите со гореспоменатиот бивш по кој „патев“ и луѓе, како тоа сум го нарекувала љубов? Како тоа заслужило да биде наречено љубов?! Јас врска немав од љубов. Ниту некој соодветно ми ја пружал, ниту јас сум знаела да ја давам. И сè уште не знам целосно. Има и многу други работи што не ги знам. Има и многу работи на кои ти ме научи. И знам дека ќе станам уште подобра. Затоа што ти ме правиш подобра личност. Нема да речам дека си ми совршената половинка - не мислам дека луѓето се половинки кои се пополнуваат и не можат да преживеат сами. Но многу е подобро кога имаш некој кој те сака, те посакува, те ислушува, те охрабрува, те поддржува, ти помага и прави сè за да бидеш среќна. Затоа што често и самиот забораваш да ги правиш овие работи за себе. Би сакала да бевме заедно од пред четири години. Но не жалам за одлуките во минатото, ниту можам да ги сменам. Она што можам да го сменам е иднината, и иако не знам што нè очекува, знам дека ќе биде исполнета со неизмерна љубов. Ти благодарам и те сакам
Ме лажеш сум ти влегла под кожа. Обожаваш да ме нервираш, ме сакаш само за секс а ја тоа не. не се менуваш ти. А имав надеж за нас-мене и тебе глупаку