Летам,летам,денес од радост, едното гајле го симнав од душава,конечно се ослободив од една работа,па и не било тешко.Ти благодарам за убавата вечер мило..но не ми е јасно зашто синока се исплашив толку да не те изгубам? м? Љубов е или што? Незнам ни самата.Сега уште само фали да те има..и конечно ке можам да здивнам.Нека потрае ова,нека потрае оваа среќа.
Знаеш немаш муда да се бориш. Љубовта е за силните.....имаме многу препреќи викаш....те сакам ама не можам против нив. Ако ме сакаш бе како јас тебе ќе се бориш. Ама неее ти немаш мудааа. Се изморив човек...се изморив. Веќе не се препознаваммм....проклет да е денот кога те запознав....
Ти благодарам за се што направи за мене до сега . Ти благодарам за овие мали срценца кои се дел од нас двајцата .. ти благодарам што постоиш .. Те сакам муце . Највеќе ..
Вечерва најдов твои работи заборавени во мојата фиока. Воглавно ситници, ама доволно големи за да ми го искршат срцето на уште поситни делчиња. Зјапам во нив и тивко си плачам. А таман си реков подобра сум. Ми недостигаш.
А што би се случило кога би сретнала еден пар плави очи? Која би била мојата реакција? А,твојата? М? Што би ми кажал,кога би ме видел толку разубавена? Уште ќе го имаш тој сјај во очите,нели? Ќе го речиш она: "Кај си бе моме?" или" Шо прајш бе чедо? " Ќе те погледнам и ќе ти возвратам со твојот речник : "Еве сум БЕ И ,па кај си бе чоек?" или "Шо прајш море И?" Ме погледнуваш длабоко и се прашуваш кој ли ме разубавил толку,нели? Ме гледаш со тој сјај и се чудиш на тоа што го гледаш. Да,јас сум Пак,ќе споменам и жал ми е што не ти кажав колку ми беше тешко тој период кога те запознав и сите се чудеа како можам да излезам со некој како тебе.А,јас...јас бев под терапијата што ако ти кажам дека кога се гледав со тебе бев во ужасен период и ми беше потпора? И што се случи со нас? Како прекинавме со контакт? Недоразбирања. Е па извини г-дине ама нема по твои секс правила да играме.Знаеш дека сум цврта и иам свој став,а ти ме остави сама во 3 саат сабалје. Ајде,било поминало и за памет ми е и мене и тебе. Имам претчувство дека ќе пишиш. Знај секогаш се грижам за тебе без разлика на се,ме имаш за поддршка СЕКОГАШ !
Додека бевме заедно ,во себе имав вечна и тешка борба,војував со срцето и разумот...срцето ми велеше ајде биди храбра бори се,а разумот ми велеше немој,не смееш.... Е сега е се поинаку,после тебе за никој друг не сум имала внатрешни емоционални борби,не му се противречело срцето на разумот сеуште..и се прашувам дали ќе дојде до тоа... Те сакам! Колку и да звучи невозможно и сурово,мој си,на срцево му припаѓаш од првиот ден!!!
Ги избришав сите твои пораки, ти го избришав бројот, те блокирав на сите социјални мрежи, затоа што мислев дека ако ја елиминирам секоја можност да допреш до мене, да стапиш во контакт со мене, мислев дека ќе те заборавам. Дека ќе ми олесни на душава. Но сега сфаќам дека ти веќе допре до мене уште многу одамна. И не само што допре туку и ми се всели во душава. И не заминуваш, не ми даваш спокој. Душава ми трепери од болката која ми ја нанесе, но и од надежта која сеуште ја имам за нас двајца. Сега се прашувам како ли ќе се живее со тебе во душава, но без твојата прегратка, без да ме бакнеш и да ми кажеш колку ме сакаш?! Ќе има ли заборав или ќе те носам како лузна, како неизлечлива рана засекогаш?!
Ми недостигаш, сакам да те видам и гушнам. Да си легнам до тебе и на рамо да ти заспијам. Се заљуби ли или да поминам уште еднаш. Нека ни потрае мило.
Јас сум дрска и арогантна, самоуверена, амбициозна, точно знам што сакам. Лоша би рекол некој, сурово љубопитна и борбена. Ја знам целта и итам кон неа, не плашејќи се да вратам на секоја провокација. Се додека не те спомене некој тебе, се додека не ме потсети како болело оттурнувањето, се додека не запече омаловажувањето кое чиниш дар го чував, се додека некој за миг не ме врати пред твојот суров поглед и твоето „не те сакам доволно“; е тогаш сум нема, рана што само крвари, а никој нема да ја запре.
Ми текнува на вечерта кога за првпат ми ја испеа. Оттогаш нема вечер да не ја ислушам, ме потсеќа на моментот кога за првпат осетив дека и ти го чувствуваш истото што и јас. Те сакам многу.
Не можеш ни да замислиш колку е тешко што те имам блиску до себе, а толку си далечен. Зошто јас не бев онаа со која седеше во трети ред и гледаше филм? Туку само немо ме погледна, ме гушна безволно и ни збор не прозбори. Не ме боли тоа што те сакам. И ќе те сакам иако боли. Боли тоа што не заспивам со тебе, боли тоа што не ми се јавуваш да ми кажеш како ти поминал денот, боли тоа што не одиш со мене на сите оние места на кои и двајцата сакаме да одиме. Ај јас само со тебе сакам...
Зарем јас вистински те засакав тебе? Што толку многу почна да ми фалиш, што толку многу сакам да те видам, гушнам, бакнам. Леј но...
Те сакам бе! Кога би можела да ти кажам,а не да си ги праќаме оние стикерите на вибер со i love you. Да гукнам ли?