Vcera cela den muabeti za prednici i zadnici Definitivno tvojata prednica me ostavi bez zborovi a i bez son Te sakam ljubov
Ако ме прашаше некој :Кога се роди љубовта за тебе, јас немаше да знам да одговорам, знаеш ли.... Толку мигови, погледи испреплетени в час беа... Но штом ми прашаа: Со кого ти ги споделуваш твоите идеи и сништа, го погледнав одговорот и знаев дека љубовта завршила... Го погледнав и знаев дека не сум те помислила, дека те нема, дека важен не си... А ако ме прашаше некој кога се роди љубовта да кажам немаше да знам....
До типот што ми пишува цело време: - Ми сметаш. Жал ми е ама не сакам некој кој со мене ке се поставува како со дете на кое цело време му треба внимание, разгалување, комплименти, заебанции . Ми сметаш. Ми смета тоа. Нема хемија меѓу нас. Више почнувам да чуствувам дека само ми го губиш времето. Јбг, како да ти кажам дека не сакам ништо со тебе? Не сакам 100% внимание и да сум центар на нечиј свет, сакам да сум со некој кај што ке си има свој живот и јас мој а заедно ке создаваме ззаеднички, а не го гледам тоа со тебе. Све е ок, и позитивен си и се, ама премногу е, зар не? Ми треба зрела особа до мене, некој што цврсто ке се постави со мене и кој ке ми дава простор да созревам а не некој цело време да ми трчка и да ми угодува работи. Молим те откачи се.
Уште утре нека биде се како што треба и понеделник веќе ќе сум посигурна и помирна... Еден збор од стручњак колкав немир дава не ми се верува
После една недела...почнав да живеам, нови познанства, нов град, неможам да опишам колку ми е добро..Знаеш ти бев лута и постојано викав дека ќе дојде моето време, и дојде, но повеќе нема омраза во мене, повеќе не живеам за тоа да ти се одмаздам. Зошто почна да ми ставаш лајкови на сликите, зошто го тераш другар ти да ме прашува индиректно каков ми е новиот живот, зошто споделуваш слики со поента дека храбрите одат по најтешкиот пат, и дека не се откажуваат? Не се откажав, и нема да се откажам, а ти нема потреба да се грижиш..ни малку. Се ова е касно, премногу касно....Никакво значење нема, ниту се израдував ниту се растажив.... Нема да ги заборавам твоите последни зборови да продолжам во новиот град, и да продолжив..во право беше, фала ти. Запознав неверојатен дечко бар за сега. Со него знам на што сум, не се сеќирам дали во последната минута ќе го откажи состанокот. Тој е неверојатен, ги има најубавите плави очи и блескава насмевка, ме гушка најсилно и не го користи секој момент за да има секс со мене. Ме испраќа до дома, а после 5 мин ми праќа порака за добра ноќ. Сака да знае како сум го поминала денот, а ми остава доволен простор да ми недостига.... Како во филм е,не знам колку ќе трае но среќна сум, вистина е кога викат дека после дождот доаѓа сонце.
Ако големите љубови им се случуваат само на големите луѓе, како јас очекував во твоето мало срце, исполнето со сомнежи и стравови да се смести и да живее една голема љубов... како ли очекував?
Ми го полниш и топлиш срцето секогаш кога те слушам како ми кажуваш колку си среќен што си ме нашол и кога те гледам колку очите ти сјаат додека ме гледаш.