Колку си ми потребен вечерва, и утре и засекогаш. До мене. Заедно да се гушкаме, топлиме и да го нема повеќе ова недостигање. Те сакам најмногу ...
Не си ми бил суден. Очигледно. Ама добра сум. Подобра. И не ми смета што те гледам толку често. Си се чудам колку добро го поднесов се' ова психички. Болиш. Боли цело тело и цела душа, ама не чувствувам веќе се' така силно. Добри се лекарствава. Ми делуваат. А ти смеј си се, не ми смета. И танцувај со колку девојки сакаш, и продолжи си со љубовниот живот. Биди жив и здрав. Јас ќе си се посветам сама на себе. Па по ѓаволите 21 имам, цел живот е пред мене. Има и други чувства освен љубов. Има други работи кои ме прават среќна и ме исполнуваат. Некои работи колку и да ги посакуваме не се возможни. И тоа е во ред. Ќе научам да живеам со тоа.
За љубовник и маж сеуште сум во дилема дали те бидува или не ама дека си ми добар другар не порекнувам, тоа ти го признавам. Знам и дека сакаш да се искупиш и да ми се вратишама сега ќе глумам лудило малку демек да се размислам вреди ли да ти дадам шанса. Знам и дека ноќеска си бил пијан,љубов е тоа ако не си знаел. И јас така имам праќано пораки кога ќе ме песна погоди.
Oбожавам како правиш да се чувствувам. Како се да е можно и како животот вреди. Јас сум ова што сум поради тебе. Среќичка си моја најголема !
Едно од најубавите чувства е кога некој ќе ти рече дека го правиш среќен, а само се трудиш да измамиш насмевка на нечие лице. Она ,,Среќен сум што те имам, многу ми значиш" кое те вивнува до небо... Не си свесен колку ми е мило што секогаш ми го велиш ова. Имам врска баш каква што сакав. Неизмерна љубов и почит, сослушување и разбирање. Најдобар другар и дечко истовремено. Ти благодарам што имаш доверба во мене и што си отворен, што секогаш се трудиш да не ја симнам насмевката од лицето, што ме штитиш и секогаш си тука да ме сослушаш. За олку кратко време не знам како е можно до овој степен да станеме приврзани еден за друг. Сето ова ме убеди дека не е важно колку долго се познаваш со некој човек, туку како го поминуваш времето додека си со него. Бадијала се плашев во почетокот. Премногу сум благодарна што запознав човек како тебе. Секоја твоја насмевка и искрена заразна смеа ми ја исполнува душата. Те сакам и почитувам премногу, те чувам како да си најскапоценото нешто на светов, да знаеш.
Немаш право да се лутиш ама баш за ништо, верувај не сакаш да бидеш во моја кожа ни на минутка, ама еве давам време на времето да се средам додека си дојдеш, само нема да бидам онаа старата така да знаеш, во животот се се враќа се се плаќа за жал, сега јас плаќам за други грешки, ама се ќе помине...
Не си ти хирург ама те гледам како крпиш дел по дел од мене. Чувствувам како ми ги љубиш клучните коски, како со бакнежи ме потсетуваш дека рбет носам и јас. Чувствувам дека се трудиш, се трудиш да покажеш дека вредам, продолжи... тежок човек сум, но ти си на добар пат
До мојата платонска љубов: Позитива на денот си ми секогаш кога ќе те сретнам. Толку посакувам да имам шанса некогаш да ти кажам дека ми го разубавуваш секојдневието, без да си свесен за тоа. Доволни се само еден поглед и најмила насмевка. Ми кажаа дека си прекрасен одвнатре исто како што си и однадвор. Молам Бога да ја имам таа среќа да ја запознаам и таа твоја страна. Убавино, поради тебе ќе спијам со насмевка на лицето.
знам дека мајка ти е крива за се, а ти кутриот си мамин син па неможиш да одиш против неа.. криво ќе ти е ако ме видиш со друг, неќиш да се караш дома заради мене, ако продолжиме тајно да се гледаме кога тогаш пак ќе научат и пак ќе треба да се скарамее ее тогаш мене ќе ми било потешко.. Епаааа Со Среќа или ќе се бориш за мене или ќе ме гледаш со други позз миличок!
Не ми се верува дека го темпирам времето точно кога поминуваш од кај мене и јас да излезам на улица и демек се сретнуваме случајно..посилно е од мене,секој ден во 12 и 50 поминуваш низ мојата улица,не дека поминуваш за мене,уживај знам дека во врска со работата ти е.... Немо се разминуваме пак и пак..а ти како не сваќаш некои работи,стварно незнам.
Ова е мојот последен пост на темата за тебе. Нема да ти посакам ништо неубаво, ќе ти посакам само да ти дај господ една ќерка и да има некој што ќе и ветува брда и долини и ништо од то нема да исполни. Ме скрши, ама ќе се составам и ќе бидам среќна за инает, не ме барај нејќам да те видам, троши време на курви и непотребни личности како што отсекогаш си знаеше. Збогум засекогаш, сам ме изгуби, ако мислиш дека ќе плачам и ќе те молам гадно се лажиш, МРШ!