Кога нешто ти се чини предобро за да биде реално, веројатно е. Не е убаво околу некоја девојка да се вртиш, да нагласуваш дека девојката со која си на одмор ти е сестра, не беше убаво да ме задеваш, да ме прашуваш дали ќе бидат работите меѓу нас, да велиш дека мајка ми те бендисала за зет... Не е убаво да си играш со туѓи чувства и на крај да одговориш дека е забава и зафркација. Под "забава", мали, очигледно спаѓа сѐ што ти го билда егото. Убав си, како што ти кажав, не се секирај. Сфатив дека таа ти е најбитната карактеристика. И да беше толку самоуверен како што се правиш, немаше да правиш вакви глупости. Би сакала да можам да ти посакам, утре, заради некоја која ќе ти укаже внимание и на која ќе "паднеш", да ја изгубиш онаа која најмногу те сакала и сѐ правела за тебе, како што јас за малку ќе го изгубев него. Ама немам такво срце, зашто знам дека кога ќе пораснеш, сам ќе ја сфатиш сериозноста на некои работи. Р., отсекогаш велев дека емоционалното неверство е еднакво на физичкото. Само не знаев дека јас ќе бидам слабакот. Да дознаев дека тебе ти се пресекле нозете ради друга, не ќе можев да продолжам. Не заслужувам да ми ги бришеш солзите, да менуваш теми за да не ми е тешко кога мислам на тоа, не можев да не плачам кога ме носеше да јадам или кога ме прашуваше дали ми студи, ниту кога ми ги пушти омилените песни. Зашто јас не заслужив ти така да ме сакаш. И не сакам да изгубам ништо од тоа кое го имав со тебе, а сега го гледам многу појасно. Еднаш ми рече дека низ животот ќе сфатам колку луѓето мислат само на себе и дека ти имаш добра душа. Ти се смеев зашто мислев се преценуваш. Го прифати она кое ми се случи без прашања, без барање да ти ветам дека нема да се повтори, без да бараш плус причина да си ја вратиш довербата во мене. Прости ми што те повредив.
Да бе, ќе му кажувам, Monday is all about the acts Ама да не останам празна на зборови тука, ќе кажам дека сум пресреќна кога го видам насмеан. Не тежок, ама затворен карактер е. Знам колку малите нешта и малите знаци на внимание му значат во најобичен момент во денот, па дури и кога му е досадно на работа. А ја сега, нај би на ова сончево време, што е создадено само за шетање, да шетам за рака цел ден ...Шта чеш, ко првачиња
Ахам еве ме пак идам да ти кажам нешто да да... пак да се глупирам јас овде пред сите ама полесно ми е овде отколку пред тебе , не дека ти не знаеш и дека не сум ти кажала во овие 5 години ехее се запенив кажувајкити . Ама не ненало срека за нас е толку многу се сакаве и се сакаме сеуште е далечината не убива. Јас нејкам македонија ти нејкеш италија и ке си патиме! А рацете ми те бараат постојано , душата ми страда , срцето ми пати веке незнам ке направам некоја лудост ке ти тропнам на врата со се куфери па што сака нека биде! Ми фалиш Манге мој
Само сакам да те гушнам макар и на кратко, да ти пренесам дел од моите пеперутки, да ти пренесам позитивно влијание, сакам да те гушнам макар и на кратко така уживам во тишината.
И пак ми фалиш,и пак те мислам што правиш во моментов,и пак срцето е немоќно,не може да се избори со цел товар што го носи како проклетство,а разумот вели ќе полудам од болка.. ние нема да сме никогаш заедно,ама тоа не го менува фактот дека ќе те сакам секогаш наспроти се...ех,да знаеш само колку си сакан!
Знам само дека на ова мора да се стави КРАЈ. Само кој да го стави....и да заврши ова мачењеее.....оваа невозможна љубов..
Од се што ми направи најдобро ќе беше со нож до смрт срцево да ми го избодеше барем ќе бев мртва, барем немаше да ме боли душава, барем немаше да живеам во болка со години, барем немаше да бев дете со скршени соништа, скршено срце, дете со лузни, немаше да се чувствувам како просјак за малку љубов.