Имаше денови кога сила немав, воздух немав, икој немав, признавам... Имаше денови кога усните ги помодрував гризејќи , посакувајќи те, признавам... Имаше денови кога рани телово ми носеше од што го криев, заштитував од сите, само не од себе, признавам... Имаше ноќи кога е престанував да плачам довикувајќи те, борејќи се со болки по целото тело, признавам... Имаше голема самотија, недостиг, крв во душата признавам... Имаше денови кога сама на себе вишок си бев, зошто само ти ми требаше... А сега ... Сега има денови кога усната ја гризам казнувајќи ја што те бакнувала.... Сега има денови кога кожата своја полека полека ја запознавам пак, и облините да си ги сакам учам јас, и да се смеам гласно со други си допуштам за час... Сега има денови кога ѕидови си градам од твоите зборови, од твоите дела, за не дај Боже да не стигнеш некогаш до мене ти... Сега има денови кога им се радувам на љубовта на сите тие што да ме допрат не смееле, а гордост немале, страв нити срам да и покрај тоа ме сакаат... Сега има денови кога губиш во очиве мои, а имаше, имаше денови кога ти на светот беше само за мене, признавам....
Немој да ме молиш да се предомислам затоа што нема! Можеби така повеќе ќе почниш да ме цениш. Ти колку што знаеш да ме повредиш никој друг не знае, никој!!
Колку многу си требавме еден на друг... Колку многу ми требаше.. а и ми требаш. Ти се надевав. Ти верував и секако, згрешив. Не знам уште колку пати ќе ја преслушам песната, нашата. Не знам. Ми се враќаат спомени, виртуелни. Смешно. Ми се враќаат разговори во глава. Ми се враќаат убави моменти, во главава ми се врти се. Не ми е баш добро, знаеш? Би те засегало ли? Би бил ли тука, ако те замолам да бидеш? Ми се плаче, одеднаш ми се плаче. Јас.. само сакав да те видам. Гледав искрен пријател во тебе. Сега веќе во никого. Не сакам да правам иста грешка. Станувам таинствена и мистериозна и ќутам. Пазам што ќе кажам, што знам може ќе изустам нешто што не треба и еден ден тоа ќе биде употребено против мене. Фала, на тоа што ме научи. Не ми беше лесно да те оттргнам од моето секојдневие. Читаш?
Видиш, уште една заедничка карактеристика, покрај тие милион. Сме изгледале многу строго и надмено, а да знаат дека и двајцата сме памук, од тој од 30 денари, и блесави too Ако, баш сакам така да си личиме
Денес, да те имам до себе барем на една минута... Проклето боли што немам можност да те фатам за рака, да те повечам и припијам до себе и на уво да ти ги кажам сите мои желби за твојот живот, за нашиот живот. Кога веќе не го можам тоа, ќе морам вака. Среќен роденден, мил мој. Посакувам во животот да видиш што е можно помалку болка, а што е можно повеќе радости. Остани баш таков каков што си, не се менувај. Баш таков си несовршено совршен. И уште се мислам, дали да ти ѕвонам или само да ти пишам?
Секој ден све повеке, и повеке, те сакам. Се плашам многу.Ама поубаво ке биде да не му ја мислам до толку нели и едноставно да пуштам да си тера до каде тера. Оф незнам, незнам. Добра ти нок сонце мое најубаво лав ју
Да, на тебе мислам... Сакам да ти го привлечам вниманието... Среќна сум кога те видам, но мразам што е на кратко, мразам што е ретко... Среќа што постои интаграм. ❤ Сакам само еден дејт, јас и ти сами. Да се запознаеме подобро. И да, копнеам по тебе!
Илјадници мисли ме мачат, а нема ни ноќ да не те сонувам... Ако беше таков фраер, ако си ме сакал за забава, немаше да имаш такви квалитети... Човек што сака да легне некоја не зборува дека на дваесет и кусур години сакал да оди на одмор со мајка му. Зошто би се закачил за некоја која оди на одмор со мајка ѝ, која се покрива со пешкир на плажа од што е срамежлива, дали за забава би те интересирала девојка која го жртвува својот ручек за да ги нахрани мачките? Само посакувам да можам да те видам и во лице да ти кажам некои работи, сакам да ти дадам до знаење колку ме промени, каква поврзаност почувствував и сакам да ти кажам дека поради тебе станав она кое сум мечтаела да бидам. Како да ти кажам дека ме разбуди, каде да те најдам? Толку многу ми недостигаш, толкава желба имам да бидам покрај тебе, само посакувам да не остане на копнеж...
Само пиши. Не, нема намерно затоа што знам каде си таму да одам. Напротив ги избегнувам и ќе ги избегнувам сите места на кои знам дека ќе те сретнам. Да, имаме премногу заеднички интереси, и вкусот ни е ист за уметност, театар, филм, музика, и ги сакаме истите места во градов, ама ќе се трудам колку можам повеќе да не те сретнувам. Па нели е доволно што веќе два пати во неделата те гледам?! Те гледам и се чудам што бараш таму. И не можам ништо повеќе да направам, само можам да ти се чудам. И ми зборуваат за тебе, зборувам и јас, но како тоа да не си ти, како да е некој друг во твоето тело. Само дај замини си од срцево.
Дојди. Ќе направам вечера, нешто романтично италијанско, гладна сум, а ти ќе отвориш вино и ќе пуштиш лагана музика, во некој момент да танцуваме, ама притоа силно да ме гушнеш и да ме прашаш дали е се во ред, притоа да ми упатиш еден длабок поглед со тие твои ладни, а толку топли, очи. И пак да ме гушнеш
Добро, значи, како имам толку да ти кажам!? Ти го прочешлав профилот и она чувство дека енергиите ни се препознале, сличноста меѓу нас која мислев дека е само во мојот ум... епа не ме лажело. Слушаме иста музика, се бориш за зачувување на природата, ги сакаш животните, те интересираат science каналите, можеби некогаш би дискутирале за Никола Тесла . Немаш лајкувано глупости, женските кои ги имаш за пријателки немаат дрољести слики, немаш ниедна слика со женска (не верувам да си геј), прилично си зрел за годините бре. И ми кажа дека работиш на село кај баба ти и дедо ти, знам дека не пребираш работа, не си некој умислен фраер...тогаш што да мислам, кој е проблемот? Секогаш велев дека сакам дечко кој ќе биде активист, ќе ме натера да ја победам срамежливоста, да се ставам во служба на другите, ќе ме поттикне да помагам... И те запознав тебе, со толку многу карактеристики кои ги барав и уште се чудам како можеше да бидеш толку совршен. И што, да му се сневиди треба да направам за да сфатиш дека ова не треба да ни се лизне од прсти!?
Не сум ич силна,да знаеш само колку се плашам а на моменти ми е сеедно Што ќе биде нека биде,знам дека ти си ми подршка за се