Види од моја страна што ти пишав не ти пишав на другарски начин и никогаш нема да го дознаеш ова. А ти како сакаш мисли дека ти пишав ако. Само знаеш што не ми поминуваш сеуште. Кога ти пишував прееска срцето ми лупаше 300 на саат раце ми се тресеа, сега знам дека беше вистинскиот дечко за мене ти. Да само ти. И ме боли тоа што не успеавме, а секогаш знаевме да си се вракаме еден на друг. Никогаш не верував во тоа дека еднаш ке дојде вистинскиот крај. Ме боли што те гледам со друга,и тоа многу. Ама добро се надевам ке ми помине некогаш. Знај те мислам секогаш.
Добро, шо гледам кај тебе кажи ми? Сите се чудат. А сум те закопала длабоко никој да не ми те чепка. Само ако слушнам дека си нешто повреден. Не смеам да бегам повеќе од тебе. Оченца, плави, најубави, заљубени.
Ќе ти кажам една тајна. Ќе ти кажам една мистерија. Ќе ти кажам една вистина. На светот не му требаат амбициозни,суетни, егоистични и борбени луѓе.Тоа веќе го има. Му требаат луѓе со срце како твоето. Со тивко отчукување а со голема моќ во себе. Моќта на љубовта.
Их бре ке си се убијам која глупача испаднав, не ми се верува. Додека јас ти пишував вчера ти со неа си го славеше нејзиниот роденден, не ме ни прочита, не ми ни врати. Па бар да ме прочиташе. Бар да прашеше како сум. Не не што тие на тебе дамо свати си еднаш засекогаш дека е крај, и дека несака да ти врати. Око не склопив синока чекајки те да пишеш, те чекав како луда, само гледав дали има некој знак, некаква порака ама узалуд се надевав изгледа. Доста се лажам себеси. Само се прашувам дали некогаш ке ми дојде тој скапан памет во глава или сеуште ке си бидам истата будала. Незнам што да кажам повеке ептен ме разочара искрено. Ми фали оној човек што мислев дека си. Ама јас потајно сеуште ке те сакам.Толку фала ти што ми го расипа денот.
@Crna Dama ти твоето си го направи, барем се обиде, сега знаеш на што си, батали, не вреди да му се замараш. На него ништо нема да му речам, нека зборува тишината наместо моите зборови кои и без тоа не ги разбира.
@Crna Dama Дамке, може ти го расипал денот, но знај дека ти го поправил животот. Се обиде, му пишаше и ништо, ама апсолутно ништо не изгуби. Сега, што вели Ејнџл, знаеш на што си. Ако не пишаше, цело време ќе се јадеше мислејќи дека многу пропушташ, а вака само доби И за нареден пат знај, бивши е бивш со причина и назад нема А сега апни си блашко, дојди си во нашето ќоше, cause живот иде даље
@fallenangel И ако не ве знам ама многу ве сакам,и ми значите.Незнам што би правела без вас.Вие ме правите среќна.Фала ви што не ме оставивте сама во овој тежок ден.Многу ми значи ова од вас,вие сте души мои.Дај боже на сите нека вие убаво.А иначе тука сум ке ве дружам во кошето нема да си одам.Ве гушкам силно.
Воопшто не ми е криво што го избрав него. Можеби не го сакам колку тој што ме сака мене, но секогаш бил тука за мене и во добро и во зло. Пријател пред се, а потоа се по ред. Ти можеш само да си патиш, јас решив да си продолжам понатаму без тебе колку и да те посакувам. Залудно е кога не вредиш.
Жени ме бе чоек. Однеси ме некаде, на некое интимно место. Украси со ружи, свеќи. Земи вино и две чаши. И купи еден обичен прстен. Клекни и речи ми: ќе се омажиш за мене? Ќе почнам да плачам и со липање ќе ти речам ДА, искрено и од срце.
Ti si mi najubavoto sustestvo na ovoj svet. Sladok eden Ti si mi poklon od Boga. Ih bre najmnogu te sakam
Ќе одвојам години од моите години. Безвредни години, без тебе. Ќе дадам време од моето време. Изгубено време, без тебе. Времето и годините ќе ти ги подарам тебе. Да сонуваш! Сонувајќи го својот, да го отсонувам мојот сон. Мојот, твојот нашиот!
Овој 16-ти ме потсети на тебе... ме врати во едно време кога како опиена те слушав како зборуваш убавината е во очите на посматрачот велеше а јас ти ги гледав очите и си мислев „боже, колку е убав“ не успеав во желбата да се будам крај тебе,која сега ми се враќа повремено со мирис или вкус... сеќавања,сеќавања...
Би кажал вака Додека бев со тебе бев најсреќниот, од кога ја зезна работата пола коса ја изгубив Ако го читаш ова некогаш..?? Знај дека ми должиш перика И дека пак ке бидам срекен!!!
Скоро месец те немаше... Скоро месец те немав видено... И вчера те видов пак.... Истиот си оној кој на прв поглед се заљубив... Очите не ги тргна од мене...Малку ми фали за да ти се јавам... Зошто бе вака ми правиш? Зошто уште толку те сакакм? Сакакм да ми се јавиш...
хахаха ете дојде ден, знаев, знаев.... Јас сум од оние ако тие што ме повредиле и ми се вратат ќе направам за се зафркнат..Те посакував со денови и сега кога те заборавив се враќаш...Зошто? Не ми си важен, ни малку.. Сега сфатив дека сум се затрескала во друг дечко, за жал или среќа..
Вечерва ми недостига твоето тело. Ако ти ме гледаше мене како објект и јас можам да го кажам истото. Со нетрпение чекав да се прикрадеш под моите прекривки само за да те почувствувам потполно. Не можев друго да посакувам кога ќе те видам освен страствено да ги бакнувам твоите усни додека ја движам раката надолу и силно го стискам најсовршениот задник. Самата твоја појава измамува воздишки, на кои јас не можев да не кажам не. Прв пат во животот почувствував како е да се заљубиш на прв поглед и да имаш онаква хемија за која сите зборуваат. Зарем би можела со друг, кога тебе те замислувам.