^Zoso mazive ponekogas se turni gi da kinisaat =.= Macor, aj ne mi se praj nogu nogu vazen I pisi mi. Aj ubav, aj zlaten aj.
Спојлер: ‘-‘ Едно време си зборев ја со ѕидот ама сега ти сам си збориш, ти велев ќе ме барашшто мислеше ти, ќе најдеш поарна од менени на сон. Многу се радувам на твоите повици, играм низ соба,ама не се јавувам, гласна ми е музиката, во диско сумне слушам ништо.Е така кога ме нема и те игнорирам и пораки ќе пишувашупорноста се исплати или не.
Ај тагирај се пак да те видам..демек за мене еве среќен сум без тебе. Да ми се фатиш среќен, можам јас подобро од тебе. Ја жалам таа и на нејзе ќе и помине меракот за 2 месеца... Пукни си можам без тебе.
Почнаа и други да ми привлекуваат внимание, нешто што претходно ни на сон не се случуваше. Време е да излезеш од срцево, ајде доста ти беше.
Не му се јавувај! Не вреди! Престани да ме лајкнуваш, аман! Гајле ми е! Нејќам никакви нотификации од тебе да ми стигаат, престанав да те зборам, не ме заслужуваш, ти ме изгуби и тоа е! Нема потреби од драми. И не се сеќирај, се' ми кажуваат кај си и со кого си, и биди си. Уживај си во животот, знам дека не си среќен и дека душата ти е празна. Најди си се. Среди си се. Гледај се малку подлабоко под површината.
Кога ги гледам другите како патат и горат во душа за оние кои ги игнорираат, ептен сум гневна на таквите момци. Можам да замислам како се чувствуваат бидејќи и јас едно време вриштев во душа и лиев солзи. И после непреболена врска тргнав со тебе љубовко и видов дека некој може да се заборави,дека може да се заљубам пак во некој за брзо време, да осетам љубов и внимание. Дека можам да му се отворам на некој,кој е секогаш тука да ме ислуша. И еве сме 4 години заедно, без да се скараме , без да се наљутиме еден на друг. Прекрасен си, ти благодарам што се појави што ми го развесели животов. lysm
Многу време помина а мене уште не ми помина.Многу пати сакав да те побарам,да ти се јавам,да те слушнам,да те прашам како си,како ти оди со неа ама секогаш се премислував само за да не ти сметам.Најчесто после полноќ ти ги ишував најискрените пораки,ама никогаш немав храброст да ти ги испратам.Сеуште не ми помина ах.Гледам дека сега си многу среќен со неа,ништо не ти недостасува,немаш потреба од мене нели?Не ти треба ни утеха.Секогаш се прашував што се случи со нас.Дали барем понекогаш се секаваш на мене? Дали ти недостасувам како што ти недостасував порано? Не знам.Можеби сега си среќен и таа е се што никогаш не бев јас,а можеби и никогаш нема да биде се што бев јас,можеби.Никогаш не ми беше јасна само една работа,само една,зашто неможевме да бидеме заедно? Се мачам секоја вечер со ова прашање,а одговор немам.Знаеш не те мразам,и неможам да те мразам ,колку и да сакам да те мразам неможам,затоа што проклето те сакам толку многу.Болиш ме слушаш ли.Не ти посакувам лошо и покрај се што ми направи затоа што јас незнам да мразам,јас незнам за одмазда,јас знам само да сакам и пак да простам.Секогаш само тебе ти се вракав,секогаш само тебе те љубев искрено,само за тебе имам љубов искрена,само тебе те сакав вистински.Никоја нема да те сака како мене никоја.Тоа да си го знаеш.Барем неа чуваја и сакај ја вистински.Не и го прави и на неа истото што ми го правеше и на мене.Она не е јас знам,една грешка и те напушта засекогаш.А јас како и секогаш пак ке те приберам кај мене.Знаеш така? Секако дека знаеш.Биди среќен ти посакувам се најубаво во животот и чуваја.Јас како и да е ке застанам пак на нога.Ке дадам се од себе за да те заборавам.И се надевам дека ова вечерва што го пишав е последно за тебе ,ама се надевам.Не заслужуваш ни името да ти го спомнам ама ај....дури и ова е многу за тебе што го пишувам.Само едно ке ти кажам голем кретен испадна.Премногу ме разочара.А имав сосем друго мислење за тебе.Залудно трошам зборови НЕ ВРЕДИШ едноставно.Толку !!!
Те идеализирав премногу, но и покрај сѐ нема да те мразам. Само што немам веќе инспирација да пишувам за тебе. А ти, дечко мој, бивши ли си ми веќе, се разбравме ли? Најчудното раскинување ever. Никогаш не сме се смееле толку, никогаш не сме дискутирале толку смирено за проблемите, а заборавив и како е да ми се доверуваш и да ме прашуваш за совети, што сега дури чудно ми падна. Те прашувам дали сега кога сме buddies, можам да ти зборам за симпатиите и дали ако некој ме повреди, ќе го истепаш. Ме прашуваш кој ме повредил и знам дека сѐ би направил да ме заштитиш. Ти велам дека баш убаво си функциониравме како другари и џабе си потрошивме четири ипол години од животот. Знам дека ти не жалиш, знам дека би останал со мене до крајот, но знам и дека секоја моја одлука ја почитуваш колку и да те боли. Како можеш да бидеш толку сигурен во мене, како можеш толку да ме сакаш, иако толку те повредувам!? Твојата прегратка ми е најбезбедното место, знам дека кога ќе те стиснам силно престанувам да се чувствувам сама и знам дека да можеш ќе ми ги отстраниш сите грижи. Не знам што толку идеално виде во мене...ми велиш почит, карактер... Кој карактер бре, која почит? Ти покажувам со рамениците во стил "толку е', а ти ми одговараш "сѐ ми е јасно". Како се повредува добар човек и зошто не ми е доволна сигурноста која ми ја даваш и што секогаш си тука за мене? И после јас сум била добрата .
Не дека се нервирам дека ниту се јави, ниту ми пиша, ама можеше да покажеш малку почит. Ама ако, твое право. Сепак, кога одлучив да ти се јавам претходниот ден, не го направив тоа за утредента да бидеш принуден ти мене да ми ѕвониш. Ти ѕвонев бидејќи сакав да ти го слушнам гласот. Ти ѕвонев бидејќи по работите што ги поминавме сметав дека е посоодветно да ти честитам по телефон. Ама во ниту еден момент не помислив на повратна честитка следниот ден од тебе. И мило ми е и ти што го направи тоа што си сметал дека е правилно за тебе. Сепак, плесно ќе ми е да те преболам сега од кога знам колку ти значам.
Наместо да расцветува, работава рапидно иде надолу во мои очи, па ти колку сакаш мисли дека се заебавам. It's all fun and games till then. Што викаше Жика: Мој ме инсект никад не вара. За жал така делува, а многу сакам да не сум во право. Не знам како да ти објаснам дека мене тие работи не ме привлекуваат, туку баш страшно ме одбиваат. Немам јас 15, па да се палам на такви момци, а немаш толку ни ти. Јас сум крива што секогаш се шалам, па после народ не ме сфаќа озбилно и кога треба. Единствено што ме држи, е фактот дека тоа си е твое минато и сега (би требало да) си позрел од тоа, и што самиот велиш дека не идат веќе работите туку-така. Само не знам баш луѓето колку се менуваат, сепак навиките се стекнуваат од мали нозе. Нели, железото се кове додека е жешко. Ако молчам, не значи дека не регистрирам ништо. Само сум станала доволно зрела да креирам целосна слика пред да рипам со заклучоци. А, твојава како фати, Доријан Греј од газот ќе си касне. На крај се сведува на добро познатото „Дела, не зборови.“ Фала Богу па и на зборови се покажа... И пак ми е лабаво и не избрзувам, ама па немам ни некоја намера многу време да трошам. Покажувам која сум, покажи и ти кој си вистински, не „Ја сум ваков... не бе, онаков сум.“ Освен ако немаш multiple personality disorder, Миле Паника стајл е интересен само на малите екрани. Кај ве наоѓам бе...
Падна многу ниско во моиве очи Дел од мене те замрази страшно многу Не очекував она што не си го поминал да го разбереш ама до толку да си Ми се гади од тебе и од цел машки род Ќе видиш НЕКОГАШ (се надевам) што значи да ти треба очајно подршка а да ја немаш
Дека беше прекрасен и покрај настаната ситуација тоа го потврдувам. Ми летаат пеперутки денес ама мислам дека ми се губиш. Ајде нека биде што биде. Имам заборавено како е да се чувствуваш ко љубов на прв поглед да е.
Срце мoе,дoјди те мoлaм,измaсирaј ме,и oстaј ме дa пoлежaм ти срaбoтaј низ дoмa. Ми се спие,и зaмoрнa сум.Те сaкaм.