Ти и јас... Две лица намуртени Две срца отруени Два товара со омраза... Јас без тебе Ти без мене Лица ширум насмеани Лица што на глас се смеат Нека продолжи вака...добро е!!!!!
Ноќта со него....скоро до совршено....фин дечко....можеби и ќе добие шанса....а ти ќе ме изгубиш.....
Секогаш кога поминувам покрај една продавница со брзина на светлината ми текнува како порано тоа беше бутик за облека и јас мислев да ти купам блуза од таму,ете не знам зошто не ти ја купив,а секое поминување покрај излогот те замислував облечен во неа,еднаш или двапати се случи да влезам готова да ја купам,а не ја купив. Жалам,многу жалам..не дека нешто тоа ќе сменеше... Сега години подоцна,иако тој бутик не постои,иако блузата што требаше да ти ја купам јас со толку љубов,сега некој друг ја носи,кој знае можеби тој другиот ја добил на подарок од некоја што го сакала најмногу на свет.... А во моите мисли тој бутик и излог постои и јас го гледам секое поминување и се смешкам замислувајќи како ти стои блузата и дека секој момент ќе ти ја купам Халуцинирам,знам!
Иди гони се бе неможам да те смислам веќе. Не ми треба еден ден топло друг ден ладно да си играш со мене.
Зглобовите на рака ме вртат, коленото ме врти се ме врти, само ти не моеш да ме завртиш пичкатиќорава !
Жалам. И јас самата не знам како и зошто успевам да те налутам. Жалам што секогаш ми се испуштаат некои глупави муабети и жалам што дозволувам тоа да прерасне во една уште поглупава караница. А денот почна толку добро...
Си кажувам "браво" зашто од мигот кога сфатив дека не си за мене, не си гаев никакви надежи. Не фантазирам, не нѐ замислувам заедно, не посакувам да ме побараш или да се извиниш. Ми фали некако онаа "дружба", она чувство кога ќе седнеше до мене, но тие емоции ми фалат, не ти. Ми фали да се заљубам, да ми се тресат колената, некому да му оставам писменца, да правам луди работи, да се разбудам во нечија прегратка, ми фали живоста што ја поседувам кога сум вљубена, насмевката која не ја тргам од лице, желбата да работам на себе, надежите... Не ми фалиш ти, ама на крајот на краиштата, исто му доаѓа.