денес се беше ок.....се дур не ми светна во умо дека цел ден денеска со една иста те видов а онде насмевки ми праќаш и погледи од кои се топам.....ЗОШТО ТАКААААААААА
Понекогаш ми е доволно да слушнам "Никогаш нема да те оставам.Никогаш." Нашето мото. Знам,цврсто верувам дека ќе биде така. Те сакам
Се надевам толку многу да ме засакаш,многу многу,многу. Но да не си болно љубоморен,и да ме слушаш повеќе Да ни завидуваат на љубовта,добро не до толку па од завид да не можеме да мрдниме.
Не знам од каде да почнам, толку многу ми го разубаве животов што колку и да ти се заблагодарувам ќе биде малку. Ти благодарам што се појави и ме извади од една долга врска во која биле во прашање само годините, ти благодарам што беше упорен и храбар да ме направиш твоја. Направи после долго време да се осеќам убаво, заљубено и среќно. Ти ме правиш среќна ! За кратко време ми влезе под кожа и со твоето внимание направи да се заљубам и да те сакам тебе ! Те обожавам најмило мое !!
Имам толку измешани чувства од пречекот на твоите... Иако не сум се појавила повеќе од половина година, мајка ти ме дочека со "Па кај си ти бе маче!?" и огромна насмевка, а татко ти кога му подадов рака, фати да ме гушка. Уште кога почнав да им кажувам дека не треба да се чувствуваат навредени, мајка ти ме прекина, за да не чувствувам обврска дека им должам објаснување. За снаа ти да не зборам како ме пречекува, таман друштво ми е кога се жалам од тебе и она од брат ти . И по стоти пат се чудам што направив за толку да ме сакаат, луѓе сонуваат така да се прифатени и си викам дали да ти се смирам само зашто имаш прекрасна фамилија!? Kiddin' . Среќен си со такви луѓе дома, не знаеш колку
Добро. Сега сфаќам што правиш. Се обидуваш да побегнеш од тоа што го чувствуваш, ме избледуваш, без да се потрудиш да ме разбереш... Ми фали твојата опседнатост со мене, и твоите обиди да ме импресионираш. Зошто се откажуваш? Ми фали интеракцијата... Ме боли тишината, што не ми дозволуваш да знам како си, до каде си, што правиш... Мојата опсесија се повеќе расте вака. Ме боли што не можам да ти кажам се што ми лежи на срце, ме боли што не ми ни дозволуваш. Мораше ли баш сега се така се се искомплицира. Посакувам да те запознаев во друго време, на друго место, на друг начин... Ме полудуваш.
Ме убива ова твое чекање.Неможам више да издржам,и неможам, немам сили више,доста ме ставаш на чекање,пиши ми,кажи ми што е проблемот,не ме мачи повеке,зарем ке се откажеме?Зарем толку ќе биде? Немој бори се како и јас што се борев за тебе.Види можеби ова е тоа вистинското .Несакам да те изгубам.Сум ти кажала многу пати.Само дај боже нека е све во ред.
До ексот Не може кога ти ке посакаш да си одиш и да ми се враќаш у животот. Не може кога тебе ке нема да ти оди нешто како што си замислил мене да ме кривиш дека затоа што уште постојам јас да сум ти крива. Не може да те нема со месеци па да ми пишуваш и да ми кажуваш како најубаво ти било или како немало да најдеш како мене. Не може после толку време неправење муабет да ми дојдеш и да го хејташ секој еден што ми обрнува внимание. И да ти кажам уште нешто, каков и да е, од каде и да е, моментално ме прави позитивна и насмеана, на некој негов начин на кој јас не сум навиканата. Да, позитивна ме прави. Не можам да ти дозволам више да имаш емотивна контрола врз мене. Сме поминале многу убави моменти, сме поминале и низ тешки моменти, сум била прифатена од твоите како да сум дел од вас, и јас тоа ке го ценам до крај на мојот живот. Ако ти треба помош, муабет за да ти олесни јави се тука сум ама нема да ти дозволам да плукаш на тоа што ми краде барем некоја мала насмевка на лицето. Не е ок. Кога барав од тебе да се одлучиш за тоа каде идеме ти си стоеше у место и со прст не мрдаше, е сега кога јас тргнав од мртва точка не може да ме бараш назад и да ми растураш све нешто... Не иде, нели? И не само тука, него и во живо ке ти го кажам ова.
мн ти благодарам шо ме гушна прв на журката ко се видовме иако едвај се знаеме, го ценам то ти благодарам шо си ја местиш косата ко ќе ме видиш мн слично ко ти благодарам шо секогаш се смејш во моја близина ти благодарам шо вчера зборнавме за првпат по подолго време меркање, и иако јас прва ти пријдов, ти не ме избегна, без разлика на то шо беше во друштво ти благодарам шо ме меркаш сакам шо поскоро, поќе и подобро да се запознаваме се надевам ќе го видиш ова некој ден (види го емотиконот со оној со косата, би требало да знајш која стои зад ова и ако имаш овде профил, пиши ми ) епа за аирлија нека ни е
Јасно ми е дека си уморен, отепан и немаш сила. Те молам остај ја таа работа те молам. Дали вредат сите пари за да ме видиш на 2 сати и да ми заспиеш во прегратка? Дека си уморен, дека неможиш да мрдаш.. А што е со мене? Јас не сакам да биде вака. Неќам. Сакам да те имам и во текот на денот и на вечер кога ќе се видиме да излезиме ти да предложиш, да речиш еднаш ти, ајде да прошетаме.. Смачена ми е колата, преку глава ми е од неа. Полека почнувам да сум оддалечена од тебе веќе не сакаме исти работи. А се борам со сите сили да го задржам твоето внимание и тебе покрај мене. Незнам веќе дали тебе ова ти е рутина или љубов. Веќе ништо не знам..
Многу се радувам кога се слушаме по телефон,пресреќна сум! Едвај чекам да си дојдеш и да не те испуштам од прегратка најсакан! Фала ти за се љубов!
Имаш среќа што „ГО„ имам, инаку знаеш кога јас би седела вака мирна без да дејствувам? НИКОГАШ. Иако деновиве малку попуштив, признај дека го примети тоа. Веќе сите сили ги испуштив а тебе ти недостасувам таквата енергична, кога ќе дојдеш од работа прво да ти се скарам па после се останато. Признај бе маче колку само ти недостасувам таквата Веќе не те барам на телефон, ако ми се јавиш ке се чуеме ако не да сме живи и здрави. Веќе не ти пишувам прва. Веќе не ставам слики со тебе на социјалниве мрежи, ама гледам си почнал ти. Интересно Ти недостасува луѓето да ти викаам гледам по фб ова она колку ви е убаво со ****, шетате ваму таму за ништо не ви е гајле. Ти недостасува да се гордееш со тоа. Ти недостасува да кажеш „не дека јас сакам, да и исполнам желба на оваа џуџулеста, што да и правам„ . Ти недостасува да се извдиш со мене од го*ната во кои си западнал. Од кај знаеш, можеби еден ден и јас ќе ти недостасувам. Карта во еден правец. Каде? Што подалеку отткуа.
Синоќа око не склопив поради тебе,чекајки те да пишеш. Што се случува со тебе дај кажи ми веке еднаш засекогаш. Нели гледаш дека се одалечивме. Ти пишав тоа што треба да го знаеш, и пак не кажуваш, ни едно ни друго. Што планираш, и до кога планираш вака да биде јас стварно незнам. Не разбирам што се случи, што се смени одеднаш, гукни човеку. Пиши више еднаш засекогаш.