Кога би знаел само што ми правиш во организмов... Тоа date coffe,колку што сакам да се случи,толку и не сакам,мислам дека ќе дојдам до степен да треба вештачко дишење да ми даваш,зошто јас би се онесвестила од срам пред тебе. Господ да ми е на помош.
Спојлер: КРЕТЕН Te жаламзатоа што многу ниско ти ја спуштија вредноста евтините ...покрај тебе. Не знам дали сум те преценила или тоа била вистинската твоја вредност. Порано или подоцна ќе ме побараш, а нема да ме најдеш. Можеби не сега, не по еден или три месеци туку по една година, ќе го почувствуваш моето отсуство, ќе ти недостига мојата топлина, нежноста, грижата, љубовта и вниманието кое не го добиваш од нив. Тогаш кога на тебе ќе ти дојде умот што навистина е вредно да се има, на мене повеќе ќе ми биде сеедно кој си, што си бил и што си ми значел во животот. Можеби ќе бидам повторно сама одреден период но ќе ти најдам достојна замена, ќе најдам некој подобар од тебе во секој поглед, ќе порнајдам некој кој ќе ме сака и почитува, ќе се грижи за мене, ќе ми биде потпора, некој кој нема да повредува и навредува на начин на кој што го направи ти. Најголема казна за тебе ќе биде тоа што ќе ме гледаш среќна и успешна!
До мене си. Те држам за раче пресреќна и возбудена, како мало детенце кое за првпат ја држи играчката која долго време ја посакувало. Само што, ти не си моја играчка. Нема да ми здосадиш. Нема да те фрлам. Ќе те чувам како есенски лист помеѓу страниците на стариот дневник. Ќе те сакам како што никогаш никој не сакал. И те сакам. Наеднаш доаѓа најомразената минута, кога треба да заминеш.Те гушкам уште еднаш, полека, подголтнувајќи ги солзите, ти ја отпуштам раката и гледам како заминуваш. Пак е празно. Ладно е без тебе. Поинакво ладно. Болно.
Никој не ме чита како ти. Пробувале, ама никој не успеа. Не знам ни самата како ти успеа еве тебе. Без уста да отворам, без да ме погледнеш, само ти знаеш што ми е . И да, би ги собрала сите колеги кои тврдеа во првата година од нашата врска дека муабетите на тел. ќе ни се сведеле подоцна на 5 мин, да им кажам дека сеуште уживам во долгите разговори кога не си до мене. А да, не мора да ти кажам колку те сакам и тоа го гледаш. Ако ме демнееш ,знам дека ќе се насмееш . Ќе знаеш дека си во право , таа тврдата како камен е послаба и од стакло . Те излажав денес дека не се исплашив. Битно сме здрави и живи, од горе некој не чува. Не само од ова денес, од многу работи.
Џабе, колку и да се труди некој од страна ти си ми ти, незаменлив онака. Вчера сфатив дека ништо од тоа што мене ми изгледа намерно уствари не било намерно... Вчера ми докажа дека си подруг човек, не правиш ти такви ствари намерно. ЈАс сум само таа што не верував дека можеш да си добар. ИЗвини... Ке ти пројдам нареднава недела, морам тоа насмевката да ти ја видам и плавите очиња.
И ти си во право, не си виновен што не знаеш што сакаш во животот... и неодлучноста е талент не викам не.. само заради таа твоја неодлучност нема да можеш да задржиш никого во животот, затоа што никој не може да те чека вечно да се одлучиш дали сакаш да ја имаш таа личност во животот или не ... и потоа се лутиш кога таа личност ќе си замине од твојот живот затоа што и здосадиле сите твои несигурни чекори, колебањето и фазите низ кои очигледно редовно поминуваш со која девојка и да си.. Расчисти си веќе еднаш прво со себе, и донеси одлука ако сакаш некој да остане покрај тебе. И да, остана уште малку до изненадувањето кое ти го подготвував, пријатно или не самиот ќе процениш... Картите на маса и конечно да паднат маските. Подготвена сум.
Девојки имал за провод. Жени немало шаглам. Ама затоа јас кога ќе поминам ме гледаш со подзината уста. Е ја сум ретка брате,мисли си дека жени нема шаглам.
Спојлер И вечерва знам со која си и каде си, бар да бев глупа и залспена да се поштедев од болка, страдање, мразење на сама себе. Ама не морам да минам низ агонија инаку не би било интересно. Со што ја заслужив оваа болка и понижување?