Аууу па и по грешка и со мое име си ја нарекол....уште долго ќе ти бидам во мислите смотаннн....не се заборавам јас и со 100 како неа.......
И после сите и секоја врска, тебе ти се враќам. Секој нов дечко што ќе го запознаам се обидувам да го споредам со тебе, и во него те барам. Си се смеам сама на себе колку од нив физички наликуваат на тебе. Ама не, ниеден од нив не може ни да се спореди со тебе. Ниеден нема така совршени црти. Колку пати и да се заљубувам никогаш нема да биде како тогаш. Ниедна насмевка не може да ја замени твојата. И повторно само ти остануваш во срцево. Само ти ќе останеш и во умов. И само за тебе искрено и чисто ќе посакам да се будиш насмеан и љубен. Да те љуби и повеќе од мене. Да ти дава поголеми дози љубов и среќа. Безизмерна. И ако некогаш ти фали љубов, ти фали топла прегратка и отворено срце, знаеш дека те чекам. Секогаш ќе те чекам. Знаеш дека секогаш ќе те сакам, и во секој миг можам повторно да се заљубам и да се изгубам по тебе. Знаеш дека можеш да ме побараш во секое време и за било што. И сакам засекогаш да го запамтиш тоа. Знаеме и двајцата дека се' уште те гледам со очи полни љубов, и дека не само усните туку и срцево ми се смееше кога те видов два пати во еден месец после долги години. Те зборам и ќе те зборам, и ќе ти посветувам стихови и песни. И ќе те барам насекаде и во секого. И не мора да те најдам. Самата љубов и самиот ти - среќен, ми е доволно.
значи ме гушна......ме меркаше.....зборна со мене.......ме следеше на социјалните мрежи.........за момент настана штама. од твоја страна. бев добра со тебе, иако многу се упикваше (и сеуште се упикваш) во твоето женско друштво и со таа џуџлата заедно, најверојатно за пажња, за внимание. ве снема двајцата во исти денови. веќе доволно пати по ред за да се помисли дека то е намерно. можеби сте заедно вие двајца, ама во случај да сте, си требало да ми дајш до знаење. или ако не си заинтересиран. ама ти ме изигра. и после се. можда со збор ништо не споделивме, но нашите погледи споделија и поќе од доволно.....то и ти го знајш.......ама не го признаваш........нечистивио те спаковал во убав целофан......цело време досега си можел да ме избегнуваш, то ќе беше полесно......а не да ги користиш моите емоции само за ТИ да добиеш пажња. ОТИ ЈАС НЕ ТИ СУМ КРИВА ЗА НИШТО!!!!! НЕ Е МОЈА ВИНА ШО СУМ ИМАЛА ЧУВСТВА ЗА ТЕБЕ, НО ТВОЈА Е ШО ГИ ИЗИГРА ИСТИТЕ И ШО ПО ОДРЕДЕН ПЕРИОД МЕ ФРЛИ КАКО СТАРА ВЕЌЕ НЕУПОТРЕБЛИВА КРПА!!!! МОЖДА ЗА БРЗО ЌЕ СЕ РАСПЛАЧАМ НО ЗНАМ ДЕКА ТО ЌЕ БИДИ ПОСЛЕДНОТО ПЛАЧЕЊЕ ЗА ТЕБЕ ОТИ ВО БЛИЗИНА ИМА 2 КОИ НАЈВЕРОЈАТНО ЧЕКААТ ШАНСА, АКО НЕ ДВАЈЦА ЕДНИОТ СИГУРНО!!!!!! И ДА ЗНАЈШ ДЕКА ЌЕ ИМ ЈА ДАМ!!!! А ВИЕ ДВАЈЦА, САМО СТОЈТЕ ПОДАЛЕКУ ОД МЕНЕ!!! АКО САКАТЕ НАПУШЕТЕ СЕ ОТИ НЕ ВИ Е ДОВОЛНО, АКО САКАТЕ У П**КУ М**ЕР ОЈТЕ, МА ИЧ НЕ МИ Е ГАЈЛЕ, САМО БЕГАЈТЕ ОД МЕНЕ КАКО ШО НЕЧИСТИВИО БЕГА ОД БОГА!!!!!! ете толку од мене...бидете ми поздравен народу мој.
Уште си ја слушам понекогаш нашата песна...се сеќавам до збор како ми ја пееше,насмеан пееше а се работеше за разделба,за тоа како двајца што се сакале не можат да бидат пријатели. И така бидна,не сме ни двајца што се сакаат,ни пријатели..само сме странци со спомени!
Горам... Со секој твој допир, со секој твој поглед, со секој твој искажан збор... За какво совршенство ми збориш покрај совршенство како тебе? Толку љубов има во твоите очи кога ке ме погледнеш.... Ти благодарам што ми пружиш толкава љубов, не измерна. Ти благодарам што ме научи како е да бидеш сакан. И покрај толкави обврски ти ни на момент не ме забораваш. Секој слободен миг на мене го искористуваш. Како да не го ценам ова, а, како? Ти заслужуваш уште повеќе. Ке се трудам до последен здив да правам се за тебе, само ти да бидеш задоволен. Никогаш нема да те турнам во туѓа прегратка, ти засекогаш ке останеш во мојава. Дај Боже. Те молам засекогаш да останеш ваков каков што си сега, те молам.
Се помирив со тоа дека повеќе не си мој дека сега си нејзин, и дека те изгубив засекогаш. Ама се плашам од тоа да не се ожениш. Кажи ми само како ќе го преболам тоа? Само знам дека тогаш засекогаш ќе те изгубам, дека повеќе никогаш нема да бидеме заедно. Знаеш единствениот беше што те сакав вистински, и сеуште те сакам. Ах те молам помини ми скрос не боли веќе, те молам. Биди ми најсреќен љубов.
Ми рече дека сум била баш супер, дека било убаво човек да ме има. Ама нема да бидеш тоа ти. Такво детско однесвање, таква неодговорност и нестабилност не трпам јас. И не ме замарај повеќе ај.
Точно е, најмногу си ја сакам слободата. Јас птица што не трпи синџири. Ама птица што сака нејзината слобода да ја подели со тебе. Да ти покажам се, да те одведам насекаде, до морето и брегот, на највисокиот врв, но ти до мене, за моментот да биде совршен.
Какви детски работи правиш за твои години. Срамота. Паметот ти застанал некаде 10 години назад. Ај губи се веќе еднаш засекогаш, да му се згади на човек си!
Што ти е животот, ме научи да го заборавам, а тебе? како ќе те заборавам а тек поминаа 4 месеци? Да беше некоја друга одамна ќе те оставеше во минатото. Значиш бе човеку, ми значиш многу. Дај ми некој знак дека понекогаш помислуваш на мене, каков било. А штета, не можат сите да ме сфатат.. Ми велат: Заборави го, не те заслужува, не вреди. А само јас знам колку ми вредеше мене. Неколкумина ја чекаат мојата шанса, да им дозволам да ме направат среќна, aма не, не можам да бидам со еден додека сакам друг, додека мислам на друг, додека сонувам друг, на тебе мило. Ама еве, мора да се научам да живеам без тебе, и не е гордоста во прашање, туку одговорот, и многу добро го знам. Се надевам дека си добро, дека си среќен, а тоа што ми го сруши светот, ќе го преживеам тоа.
Добро е тебе што те имам, зошто се е ненормално и не знае да се однесува како што треба. Си знаеш јас и ти совршено си функционираме заедно. Сакам да поминат уште две години за да завршат сите нерви, што ги викаш ти за глупости. Ќе завршат ама ми е страв и јас да не се пореметам, па тогаш што ќе правиме ? Ајјј бе и таква ќе ме сакаш Ти благодарам за сето разбирање што го имаш за мене.