Не вредиш ни 5 пари, расипано гомно си ти, не заслужуваш ни еден збор да ти кажам ама ете ти се обратив. Сега сфаќаш како се чувствувам? Да ми помине пмс па ќе можам трезвено да размислувам и тогаш ќе расчистам се со ред, а сега со плачење ти пишав и јебига. Мора на некој да се истурам. Вака кога ќе се смирам ми текнува дека може не требше да ти пишам пошто нема ни да ми вратиш, ама сигурно ќе видиш. Ако, не ми враќај! Тебе Господ ќе ти врати. Специјално за вакви ко тебе има посебен круг во пеколот. Се ќе ти се врати ама со тек на време... Само од кај да најдам трпение? Да можев да купам од некаде и трпение и душевен мир, сите пари ќе ги дадев за тие две работи. Гнида!
Денес си ветив себе си дека повеќе нема да ти го отворам профилот. Дека повеќе нема да трошам мисли на тебе, си ветив дека нема да го спомнам твоето име, дека се ќе избришам од себе. За шест дена ќе биде месец како те немам преболено. Не сакам никој да те спомнува, ни да ме прашува за тебе. Од денеска како да не сме биле нешто и некогаш на овој свет. Мојот бол и моето срце ќе биде затворено за тебе. Вратата ќе ја заклучам клучот ќе го фрлам. Кога ќе се зарекнам нешто и гласот во себе да ми вели не не и не така ќе успеам. Ќе разбереш некогаш што си имал кога ќе ја разбереш суштината на аспрактните нешта до тогаш јас ќе те имам заборавено и како се викаш. Збогум, љубен мој.
"Zaljubit ćeš se u lice, oči, tijelo. Nije toliko opasno, koliko je kad se zaljubiš u osmjeh, pokret, hod. Onda to postaje magija, a magija se voli."
Како можев да се заљубам во тебе....како можев кога ти и јас сме немогуча мисија. Ах како да го вратам денот кога те запознав...и на твојата понуда да одговорам НЕ. Јас имам минато...ти имаш иднина. Ти треба да го градиш тоа што јас одамна го расипав. Ах господе како ли ќе заврши ова...какооо....
За што размислуваш? Дали воопшто мислиш на мене? Ми студи на душата, велат ќе падне снег, а јас љубител на летото. Би сакала да се јавиш, бидејќи, знаеш, и еден смотан муабет за филмови би ми ја стоплил. Чувствувам некој невидлив притисок. Знам дека можам без тебе, ама по стотти пат ќе кажам, не сакам. Ако продолжи ова, и вториот дел ќе биде без негација.
Сеуште живееш во мене. И додека е тоа така нема место за друг покрај мене. Уште помалку па за во срцево!