Што сакам од и со тебе? Да правиме ангели во снегот... Да ми ги грееш дланките кога ми се ладни, а ќе сфатиш дека тоа е секогаш... Да танцуваме покрај оган... Да чуваме најмалку пет мачки... Да не ми помине ден без да ти кажам колку среќна ме правиш... Да ми се смееш постојано... Да знаеш дека срцето ми залупа уште првиот пат кога те видов... Да готвиме заедно или јас да ти го направам омиленото јадење... Да се борам за правда заедно со тебе... Сите да знаат кога се смешкам каде ми лета умот... Со тебе би отишла на крајот од светот, а којзнае дали се сеќаваш дека постојам? Во моите мисли си до мене, а до сега што сум наумила и од што не сум се откажала, сум остварила. А повеќе од сигурна сум дека пак ќе ни дојде времето, Универзумот нека се погрижи за деталите...
Ми недостигаш. Не знам како пријател или како љубовник, само знам дека во моментот се би дала за една твоја силна прегратка.
Едвај чекам да стигнеш,ќе ми помине целиот умор кога ќе те видам,и ќе ја имам на лице онаа насмевка која што ти најмногу ја сакаш
Сакам да дознаам дали кога се будиш, веднаш се расонуваш како мене или потребно ти е време, дали со звукот на алармот веднаш си на нозе или правиш snooze... Сакам да знам како го пиеш кафето, со лажичка, две или без шеќер... Дали турско или нес, без млеко или со... Сакам да знам кој ти е омилен парфем, за секогаш кога ќе го помирисам, да ме потсетува на тебе... Сакам да знам уште во кој спорт не си се обидел, а кој ти е омилен... Сакам да знам дали можеш мирно да седиш во тишина и да уживаш, дали ти сметаат мислите или релаксирачки ти е... Сакам да знам која ти е омилена храна, како што знам дека го обожаваш рузмаринот, а ти знаеш дека јас не го поднесувам во месо... Сакам да знам каков тип на книги читаш... Сакам да знам што те возбудува, што те прави жив... Сакам да знам за што мечтаеш, што сакаш да постигнеш... Сакам да знам за кого би го дал животот... Сакам да знам која земја би сакал да ја посетиш... Сакам да знам дали повеќе сакаш лето или зима, или пак наоѓаш уживање во секое годишно време... Сакам да знам кои ти се најубавите спомени од времето кога си бил дете... Дали си бил немирен или примерен... Сакам да знам дали кога љубиш е целосно, без кочници, без калкулации, дали знаеш да сакаш искрено и вистински... Сакам да знам, но дали некогаш ќе?
абе ај еднаш пријди ми, шо чекаш, маслинки или та работа мене ми ја оставаш? ахм во секој случај ќе ти пријдам ја.....се надевам заинтересиран си
Те сакам премногу.Не верував дека толку ке те засакам и ке станам зависна од тебе. Пресрекна сум со тебе и со мислата дека секогаш си до мене, за срека потребен си ми ти, за љубов потребна ми е твојата прегратка за да летам во облаците потребни ми се твоите бакнежи. Мразам кога си ми лут срцето ми се кине, душата ме боли, немам желба за ништо а како би ми било без тебе? Те молам секогаш биди до мене, така јас би била само твоја а ти само мој. Те сакам.
Уф бе сакам и јасс........ А на него да му кажам и вечерва....после случајната средба денес....Ми фалиш.. многу ми фалиш...и ако знам дека не требааа....
Земи ме и мене таму. Ќе ме спасиш од луѓево тука, од малограѓаствата, од зацутаните фаци. Да си одам засекогаш ама со тебе друже.
Ти ги сакам без да знаеш малите мили работи што ги правиш од време навреме на пример денес додека ме гушкаше во автобус на кривините ме притискаше кон тебе уше толку за да не ти бегам
Понекогаш се прашувам дали уште некои од постовите по форумиве се наменети за тебе. Никој не е слеп дека си неверојатно привлечен тип и почитувам што не си од оние што филуваат у стил „Не бе, ти си едино женско што ми пишува“, туку и двајцата знаеме дека ти се пуштаат (зборов бе!) девојки, девојчици, па и тетки... јбг сеа, не можеш да бираш кому да се допаѓаш! Овие месеци, јас полека запознавам што човек си. Не сакам да избрзувам, да донесувам заклучоци, да кројам планови. Те запознавам онака ко што ми се пласираш. Со мене си културен и внимателен. Посакувам со сите да си таков. Почит и флерт не е исто, иако знаеме дека истите многу се мешаат... ама моментот ако приметам дека си двосмислено ѓубре, можам да свртам грб без да трепнам. Ни прв, ни последен. Сите се соочуваме со додворувачи и постојат многу фини начини човек да покаже дека не е заинтересиран. Општо секогаш сум размислувала за овие прашања, па некогаш ете, ме интересира дали некоја плаче поради тебе, дали те смета за идиот, осеќа надеж, пишува и брише параграфи, ги филува онака ко што ѝ помагаат да ѝ олесни на душата... Некогаш приметувам која и како ќе те погледне. Приметувам пред да кажеш дека некако ја знаеш. Не реагирам. Да правам ли драми? Зошто би? Јас никогаш не би се хранела со емоционалната болка на друга жена. Да триумфирам дека јас го имам она по кое таа пати. Многу е ниско. Исто и да дозволиш двајца или повеќе да се во борба за тебе. Интересно е само кога тоа се смешни домашни животни во борба за играчка. Со човечки суштества не се игра така. Мамето ако приметам дека си од емоционалните вампири што прават луѓето да не се осеќаат добро во своја кожа, да се чувствуваат напнати дали ти се интересни, да си билдаат комплекси дека не се доволно добри, а тебе тоа да ти е само уште една приказна за прераскажување. Мамето.
Тика, така, тика такистекло ти време пао си код мене баш си сладак кад си глуп више срече други пут.dance: .!.
Таа вечер кога преспав кај тебе (гледавме филм и на пола филм двајцата сме заспале ), сакам да се повтори Толку слатко сум се наспала таа вечер... кај тебе на рамо... Ми значиш, сакам да те видам, да те гушнам, Ама овој пат нема да ги искажам чуствата толку лесно, толку брзо. Кога еднаш ќе се изгориш тоа е....
Се случува токму она од кое се плашев цело време. Те запознав со сите мои мили луѓе, ти дозволив да ми влезеш во срцето, а сега ми е страв сето тоа да не се сруши како никогаш да не било. Не си ми сигурен, цело време ми е страв да не избие некој проблем, а те сакам,,,проклето нека е ,,те сакам..............
Чекај малце, изгледа јас сум заљубена во тебе... Ме интересира што ќе биде од сево ова. Ајде спиј, а не како мене да се превртуваш од толку многу мисли, а во сите тие мисли си ти.
Ne... nema da mozam da izdrzam bez tebe. VRemeto brzo pominiva, se prblizuva denot koga ke zamines. Se prasuvam, ke pominuvaat li I tie denovi vaka brzo odkoa ke zamines za nazat? Cudo ke e ako ne spobudalam toa vreme bez tebe. Ah duso, od sega mi nedostigas