Од најмалку двајца мажи, секогаш ќе го одберам побудалиот. Златно правило ми е тоа, тешко некогаш да го скршам Поради тоа, би те замолила да ми го простиш тој идиотски потег. Тоа што прави да се чувствувам уште полошо, е фактот што знам дека ќе ми простиш, душа од човек си
Обожуваш да ме нервираш, тоа ти ја исполнувало душата. Си сакал да ме гледаш како плачам, ми се гади од крв ќе си ме раскрварил. Ти си ПСИХОПАТ! Неноормален еден,ѓубре. Па и во крвта ти било да изневеруваш. Не сакам да те гледам,ниту име да ти слушнам. одвратен, ми се гади
Денес никако не доаѓај. Строго забрането ! Денес толку лук јадев што мислам ако денес се сретнеме, не 2 месеци, ами 2 години нема да сакаш да дојш од странство
После она што ми го направи мислев дека нема да можам години да се опоравам, ама грешка сум била. И мило ми е што е така. Сум била многу посилна од она што мислев, од она што всушност ти ме правеше да мислам дека сум. Последната вечер кога конечно после толку време ти дадов шанса за муабет да кажеш што имаш иако знаев дека ке биде пак молење и ништо посебно нема да излезе од тоа, ти ја дадов таа шанса за конечно да прекине цело лудило со пораките кои што стигнуваат последниве неколку месеци, мислев дека ке се вознемирам како и секогаш, но не.. не се случи тоа. Кога за последен пат ти реков дека веќе не те сакам, го мислев тоа. Е таа вечер излегов и после долго време ја поминав вечерта онака како што и секогаш ми доликувало, насмеана, средена, со сјај во очите.. центар бев на сечие внимание таа вечер душо. Се присетив колку сум убава, и како твојата искомплексираност ме натерала да заборавам на тоа. И знаеш што уште? Бев со друг. И проклето уживав, ми го наелектризира цело тело дури игравме припиени еден до друг, горев од желба конечно за некој друг освен тебе, за нечии други раце кои ме притискаа толку жедно.. свесни за она што го држат пред себе.
Ги гледам твоите прекрасни сини очи, сеуште го имаат убавиот сјај кога гледаат во мене, копнееш по мене.
Знаеш само што ме боли највеќе, тоа што кажа дека твоето те сакам беше вистинско, ама сепак се откажа на крајот, не се бореше.
Е зошто ќе прашуваш каде си погрешил, не не, нема смисла, барем мене ми е бесмислено. Ако сакаш на прошетка, на кафе, ајде предложи...да одбијам
Готово, се решив. Ќе ти признаам сѐ. И за жешките сонови и за матните мисли Ако останам корпосана, да сме здрави и живи. Ако не, чисто да си знаеш еден ден ако се земеме, @Lilianna кума ќе ни е. Таа ме охрабри на овој чекор
те преболев ама има нешо шо сакам не тебе туку на та џуџлата да и го кажам или ако ова го прочиташ и знајш која сум, обавезно да и го пренесиш од мене, ко поздрав...... -знам дека љубомориш на факто дека имав нешо (колку-толку) со твојо дечко (ако мом така да го крстам (сеа можи неубо вака звучам, ама шо да ти прам ко те читам ко буквар)) или можда љубомориш па на мене ко женска која му се приближваше нему, или па на мене воопшто (наврати се на то од заградата!!!!!!!!!). како и да е, ја веќе не го сакам него, од една страна поради него од друга поради тебе од трета поради двата заедно. небитно од кои причини НЕ ГО САКАМ ВЕЌЕЕЕЕЕ!!!!!! зборо ми е, љубомората излегва од чуството на НЕСИГУРНОСТ!!!! те видов денес почна да го допираш и фаќаш за раце пред мои очи. значи сакам да кажам дека проблемо е во тебе не во мене. ако имаш доверба во него и ако имаш трошка барем, сигурност во себе, не го прај то пред мои очи секогаш ко ќе ме видиш. лигајцо една.......ај сеа мрш и ти и мојо бивши драги!!!!
Знаеш што значи и колку е големо што сакам СЀ со тебе!? Сакам да те видам рано наутро, додека си уште поспан, со разбушавена коса. Би сакала да бидам онаа која станува пред тебе и со мерак ти го подготвува првото кафе. Би сакала дури и да се караме зашто расфрлаш чорапи на сите страни. Со мерак би те чекала дури и додека пробуваш петнаесет парчиња облека. Ти ги засакав сите маани, сѐ што те прави целина, додуша јас за недостатоци не ги сметам тоа што спиеш до касно, тоа што си живец и не те држи место, зашто во сите нив наоѓам нешто позитивно. И како да го избришам твојот поглед додека стоев со куферите во раце, зошто те интересираше да го задржиш споменот на мене за последен пат, зошто директно и јасно кажа дека сакаш нешто со мене и ме пушти да мечтаам, а сега оставаш тишината да боли!?
Posakuvam da si tuka do mene sega, da znaes kako mi e ladno srcevo si bara pregratka. Ti ne znaes za zal i ne bi bil tuka.