Ме смееш. Ме смееш многу. Со тебе сум опуштена и спремна за ризици. И си одговараме човече. Премногу сме компатибилни. Се надевам дека ќе дојде нашето време. Ти сега не сакаш и не си даваш можност да се заљубиш, а јас, јас не сакам да си правам сонови кои знам дека можеме да ги исполниме.
Знаеш дека сакам да поминувам време со тебе. Опуштена сум, слободна и своја, ти си ми најдобар пријател. И некогаш те погледнувам, онака згоден и дотеран и знам дека некоја среќничка набрзо ќе го забележи тоа. Но, само ако ти ѝ дозволиш. Ако пуштиш друга да го земе моето место и ако си дозволиш пак да се заљубиш. Веќе не те гледам со поглед "ајде да остариме заедно". Ти си можеби најдобриот дечко кој го сум го запознала, а со сигурност најдобриот кој сум го имала, но тоа повеќе не е доволно. Нема да се предомислам, не сакам да имаш надежи, зошто не ме оставаш да ти го кажам тоа? После желбата за здравјето на мајка ми, втората е ти да си среќен. Ќе бидеш, верувај ми, само пушти ме, за нешто подобро да влезе во твојот живот. А јас секогаш ќе ти бидам на располагање за било што, како што наоѓав поддршка и утеха во тебе кога и да ми беше потребна.
Кога и да се сретнеме секогаш исти зборови.... да се видеме, да си поприкажеме за нашето минато.... никогаш не се случи тоа, но сепак убаво е чувството
...Came to you with a broken faith Gave me more than a hand to hold Caught before I hit the ground Tell me I'm safe, you've got me now...
Мораше ли и ова да ти се случи бе сонце мое?! Како е возможно да имаш толку сила покрај се?! Знам дека ти се плаче, знам дека ти е претешко, знам дека си во состојба да се спакуваш и да отидеш на крај на светов. Се знам.. Биди силен, издржи! Знаеш дека и ова ќе помине.
Некако, имам чувство дека зимата е нашето годишно време, можеби затоа што од таму почна сè. Ладното време секогаш ми носи многу топли спомени Да ја испишеме и оваа зима со уште многу такви
Немој да мислиш дека сум ладна спрема тебе. Едноставно сум премногу уморна, премногу обврски...Само гледам да легнам во кревет. Ке ти надокнадам се, кога ке се вратиш. Уште малку душо, само уште малку
Знаеш што направив? Направив инстаграм само за да видам кој се пратиш и после за некоја минута си го избришав акаунтот,уште инстаграм ми фали во моментов,не фала. И се зачудив,не мислев дека те интересираат жени од типот на Елена Велевска,Мелита и Маја Поцевска. Останав зачудена,од никогаш не сакаше вакви силиконски и пластични убавици,па сега ќе пушташ лиги по нив. Колку си се изменил само... И знаеш што друго? Не заборавив сеуште дека за 3 дена ти е роденден,како можеше да се погоди истиот ден кога му е и на Татко ми роденден? Како!! И да сакам да заборавам,не можам,секогаш ќе имам жив потсетник.
Како да те пуштам да си одиш од срцево мое засекогаш мило, како да ти кажам збогум, кога јас не го можам тоа. Само 5 проклети дена поминаа од како не сме заедно. Толку голема желба имам да ти пишам, да ти кажам само колку многу ми фалиш, колку многу те сакам, ама неможам тоа да го направам. Помини молимте само помини што побрзо тоа го сакам највеќе.