Бев во илузија. Немаш храброст, ок... Јас немам трпение. Не можам повеќе да те чекам. Толку. Сега ќе видиш колку ладна знам да бидам. Проклет да е моментот кога зјапаше во мене, а јас те приметив. Твоите очи, што ме меѓепсаа. Џабе се. Толку време, залудно. Ова беше лекција. Стравот застана помеѓу нас, победи, а ти му се придружи. Немаш веќе место во мојот живот, а целиот бев спремна да ти го дадам. Морам да те заборавам, за мое добро. А сродна душа си ми. Еве се предомислувам, не сакам да го пишувам ова, но морам. Ти така сакаш, не можам да се борам јас сама!
Во четврток ќе те видам конечнооо! После 2 месеции ке се видиме !! Едвај едвај чекамммм љубов Само жив и здрав да стигнеш во МК, ништо друго не сакам
Утре ке те видам, а имам чудно чуство ко за прв пат ова. Не сакам да те видам.... Зашто да не сакам, не знам? Дали дека друг ми привлекува внимание а ти си тој настрана што си, не знам. Ова иде кон нешто, чудно ми е.
Колку позитива ми наби во една вечер не си свесен. Како струја да си, ме наелектризира. Што вика другарка ми а кажеш нешто се случува во живо.
Одврстен си ми .. Паднав се срушив од тебе немав подршка. Дај боже некогаш да се чувствуваш како јас што се чувствував. Со која и да си да не ти пружи подршка. Да го имаш тоа одвратно чувство. Господе барем еднаш нека осети какво е чувството И без тебе се живее зарем не ? - Да.
Фала што ми си дечко, брат, другар, љубов, поддршка. Фала што постоиш. Фала што ме промена, што ме направи подобра јас. Фала што ме научи на најголемите вредности во животов, фала што ме научи да го ценам секој денар, секој момент, секој човек. Фала ти за сите совети, фала. Фала ти за се` најмил мој
Немаш храброст за мене. Јас имам и за двајцата, но мислам дека помина тоа време. Многу ти влијае средината, зар не? Се надевам дека неделата ќе помине без средби. Не од што не сакам да те видам, едноставно и на брановите понекогаш им треба мир.
Твоето внимание најмногу ми годи. И сите шеги, и сериозните, психолошки и филозофски муабети, и насмевките, и поддршката, и грижата. Ми значиш. Повеќе од што мислев и нема да ми е сеедно ако утре не бидеш дел од мојот живот. Сакам да си тука. Не поминува ден без да посакам да те видам. Деновите ми започнуваат и завршуваат со тебе. Ама и многу прашања ми се вртат низ глава. Што правиме ние всушност?! Дали можеш и дали сакам? И дали има поента што понекогаш размислувам? И онака ќе постапиме раководејќи се со емоциите, желбите и страстите.