Си и кaжaл нa сестрa ми декa ми спремиш изненaдувaње. Бaш ме интересирa,oд тебе чoвек се мoже дa oчекувa. И лoшo и дoбрo.
Болиш, и те како болиш, Знам дека си чоек шо не е вреден за мене, ме растажи, ме скрши не на пола, на 100 дела, велиш дека сум ја претерала, си ме видел со други, знам дека те боли, ама не можиш да ја оставиш, а сигурна сум дека се би дал да си со мене, љубоморен си и те како си љубоморен, и те боли, ама егото и гордоста ти се поголеми од се, а то е уште полошо и еден ден ќе те убијат шо не реагираше на време. А тој ден мил мој, јас ќе бидам далеку од тебе, можи нема да сум среќна, ама ќе се обидам да почнам од почеток со тешка мака во срцето, и плачам, липам и колкав идиот и гомно да си, ти си мој идиот и те сакам поќе од се, и не ме интересира шо ќе речат другите, ама би ти се вратила па макар последно да ми е, да те имам еднаш се би дала. Со среќа во брачниот живот, ќе ти роди дете, чувај го тоа дете како шо мене не ме чуваше, а се колнеше дека ти сум најбитна во животот и дека никој не смеј да ми наштети, и еден ден сети се на та шо секогаш те чекаше со раширени раце и даде душа и тело и бараше начини за да стигни до тебе, а ти ја одеба машки. Можеше да живееш со таја шо ја сакаше, со таа што беше изгорена за тебе, и ќе пробаше да те напрај подобар чоек од она шо си денес, а ти одбра друго. Никогаш не го запамти она дека не смееш да ја избркаш онаа што трча по тебе, не ти барав ни луксузи, сакав само скромен живот, јас и ти да основаме фамилија и да живејме во среќа, само то сакав од тебе, а ти ги одбра оние шо се за една вечер, и тие секогаш беа подобри од мене. Секоја чест, сумљам дека ја сакаш, али ќе играме по твојте правила. Лута? Да. Гневна? Да. Разочарана? Немаш ни идеа колку многу. Си викам ќе помини, а тежи до бесконечност....
Се откажувам....те сакам..но сакам нешто невозможно....и не е до тебе..до мене е. Ти беше и ќе останеш најубавото нешто во мојот живот. Нешто што јас не ни требаше да дозволам да се случи...но ќе речам така било пишано. Сакам да си среќен..сакам да си сакан од некоја колку што си од мене. Ти имаш иднина...а јас минато..кое е пречка за нас двајца. Мораме да го завршиме ова..мораме....понатака ќе е потешко и за двајцата........
Не ми се верува еј,си го активирав пак фб за да видам само кој се ти честитал на ѕид ова роденденот де. #љубов е или што е. Ама ќе ме убиеше радозналоста. Морав де...и ух ми олесни,се си мислев ќе најдам некоја посебна објава де од некоја посебна за тебе,ама не најдов Значи сингле си уште и ти #cool
Се заебуваш и не уништуваш. Ме сакаш ама несакаш заедно на магистерски на исто место да одиме, ме сакаш ама страв ти е колку се зближуваме, ме сакаш ама 2 години во вода ги фрлаш, ме сакаш ама незнаеш што сакаш.. ок е, и мене ми е преку глава веќе..
Ти! Ме полуде. А јас паѓам на твоите тактики. Прави што сакаш веќе! Не ми даваш шанса да бидам ладна... Леле јас не можам да си поверувам како можев да дозволам да ме маѓепсаш. Што ми направи? А сега ова студенило. До кога? Сакам да знам зошто изчезнуваш! Морам зошто сум навлечена на тебе, на твоето битие.. Пак нема да спијам, на тебе ќе мислам. Се надевам на толку мисли дека барем ме сонуваш
Сето тоа го правам за да те преболам побрзо, да те заборавам, да исчезнеш од моите мисли ко да никогаш да не си постојал, а знам дека длабоко некаде во срцето се уште те сакам иако поминаа неполни 5 месеци.