Ете сега можеш да ја забележиш разликата помеѓу неа и мене, помеѓу начинот на кој таа те сака и начинот на кој јас те сакав (а веројатно и сеуште те сакам).. Јас за разлика од неа после раскинувањето и покрај тоа што ти сакаше да ме напрвиш љубоморна со неа, и покрај тоа што сакаше да ми вратиш на некоја начин поради тоа што те оставив, и покрај тоа што сакаше да ме поврредиш, јас ниту еднаш не направив нешто свесно сакајќи да те повредам.... А и како би можела да ти наштетам кога те сакам?! Да, посакав барем малку да знаеше како се чувствувам, барем малку да почувствуваше и ти таква болка, но да ти наштетам никогаш не посакав и никогаш нема да посакам без разлика на се. И еве сега кога раскинавте таа се обидува да те повреди, да ти наплати поради тоа што не ме заборави, но би сакала да знаеше дека и јас тагувам со тебе бидејќи бескрајно многу ми недостигаш
Ова веќе е претерано. Не вреди милион пати да се подгазувам за тебе, не вредиш толку! Силна сум јас ќе го издржам овој пат оваа, нема после цела преплачена ноќ повторно да ти се јавам прва, нема не заслужуваш. Затоа што сум за само кога си сам и кога ти е тешко да има на кој да се пожалиш и кој да те охрабри, а кога си вмешан во народ јас сум и од ѓубре подоле. Овој пат нема да биде уште еден во низата кога и покрај се ти се враќав, овој пат решив јас да бидам на прво место, не ти како и вообичаено што беше.
Не си свесен колку ке ми фалиш....не си свесен колкава болка чувствувам во себе.... а зошто не си свесен? Поради тоа што никогаш не ти значев ништо.....Поради тоа што ми рече да не те чекам иако бев спремна на тоа. Ке дојдев и во друга држава за да те видам само. Ама не...И не не сум лута на тебе, лута сум на сама себе што дозволив работите да дојдат до ова ниво... што дозволив толку да се затрескам во тебе како будала.Што и покрај работите што ги знаев за тебе останав пак. Ах луѓе ... немојте никогаш да бидете претерано добри.Ти ми рече... ти си добро девојче со големо срце... Да и ? што ми вреди таа добрина кога никој не знае да го цени тоа...што да правам ја со ова мое големо срце кога го кршат само одновно и одново........Не знам што ќе биде и како ке биде, ама ке успеам да те заборавам, ти се колнам !!!!!!!!!!!
Синоќа те сонував...на истото место каде што се запознавме.....хмм бакнеж во врат кој посакав да е реалност.....ми недостигаат тие бакнежи.....
И те сакам и те нејќам у исто време. Што е тоа? - Жена у ПМС И мразам кога знам дека навлегувам некаде емотивно, мразам бре. ае гитла сеа
Толку сакам да си до мене моментално , ама ти ѓубре, проклето ѓубре...Сега сфатив колку ти значам и за кого толку се трудам... Ме уништи со една реченица. Проклет да си !!!!!!!!!!!!!!!!!!
Абеее абее племето твоее ....помини уште сто пати со тоа моторотт....ах утре на работа ќе ми дојдеш....осеќаммммм.......
Моментот кога ќе сватиш дека треба да си ја сакаш гордоста боли највеќе...тоа е моментот кога нешто како со нож ти ја сече душата...а ти тој нож највеќе го сакаш
Вечерва сфатив како е да имаш некој што во најголемиот студ ќе дојде кај тебе веднаш штом ќе забележи по гласот дека не ти е добро, оставајќи ги настрана своите проблеми. Колку и да се трудев да скријам, сепак почувствува дека нешто не е во ред кога ми се јави, без размислување дојде, иако милион пати ти реков не. Е таквите како тебе вреди да се чуваат во животот и да се сакаат бескрајно. Какво богатство имам во животов... Ти благодарам што постоиш.
Не те гледам веќе да ти кажам колку само си бил во право, не да е ѓубре, а јас не те разбирав, ништо не ми беше јасно, не ми се веруваше, не е можно ама можно било и барем совеста ни е мирна и мене и тебе, се направив што можев, натаму не е мое веќе.
Ми фали нашата дома, ми фали гушнати да пиеме топло чоколадо, додека огнот тивко си гори. Ми фали тој мир, таа среќа, таа исполнетост. Те сакам!!