Ми фали се од тебе. Ми фалиш стариот ти. Ама знам дека ќе се средиш и пак ќе застанеш на нозе после се. Знам! Затоа и те сакам!!
А бев спремна се да оставам заради тебе. Но што добив, ништо... Илузија. Можевме, јас и ти до крај на светот... Веќе не.
Да се пошегувам на своја сметка Мислев дека барем со тебе ќе ги нема овие игри. Изморена сум од нив. Дај да бидеме возрасни, како што ни доликува на годините.
Знаеввв значи знаев дека ке дојдешш......ах дешавката од сонот се оствари.....ме гушна како не когаш порано......не знаеш колку ми беше потребна таа прегратка.....ах бе има љубов во нас двајца ама пуста судбина.....Како и да е доволно ми е да си среќен....а јас од време на време да ја добивам само прегратката што ми дава сила.....
Те сакам безусловно но понекогаш знаеш да ги разбудиш демоните во мене. Ни сама не се сакам таква ама имаш и ти заслуга!
Уште ти остана ... аааа гордост не гордост ама треба да знаеш, и ти беше во право, куче е, уште нема уште една додавка кој да знае и таа може наскоро ќе биде ама јас веќе здрава нога во трн не ставам.Знаеш ти туѓо не сакам, мое не давам ама туѓо и не можам да заштитам.Ти и само уште тој еден човек очите сте ми ги отварале ама тогаш беше џабе, едноставно како некој да ми викаше ене НЛО, ма во НЛО полесно ќе поверував, срцето не даваше да верувам ама кога ќе видам сама сакам не сакам верувам. Фала ти за кнењето на оној оков, се друго е друга приказна.
Или ќе се научиш да ја цениш личноста додека ја имаш покрај себе, или ќе се научиш да живееш со каењето и грижата на совест за сите денови во кои не си ја вреднувал доволно и си ја повредувал.
душо видеш дека не е така како шо мислеш и јас сега сум среќна со некој шо знае да ме цене шо ме сака...повеке не можеш да бидеш горд шо беше единствен во мојо живот сега имам друг..(ке го излажам)
И што мислиш,тоа што збориш наоколу лошо за мене тебе те прави подобар?Мизеријо една,освен за ладнокрвно лажење и глума,посебно глумење жртва и вештачка смиреност и чесност пред другите,за друго не те бива,а на личноста до тебе,што те поттикнуваше и поддржуваше,би и кажала дека многу лесно е тоа за ваква личност,дека не и е некој успех,бидејќи ти си марионетка човек,секој може да те движи,можев и јас,ама одамна не си играм со кукли.
знаев дека нема да ме побараш,знаев дека не ти требам,не ни мислиш на мене. Те мразаам А имав надеж за наас.
А јас само сакам да заборавам дека бркана сум била Јас само сакам без страв копче по копче од кошулата своја да откопчувам Јас само сакам да се раслечам пред него Да му речам земи ме Да му речам љуби ме Да ги затворам очиве и да го почувствувам секаде каде што е ме допре ти А јас само сакам да заборавам Јас сакам без страв да му се дадам Да поверувам дека кожата ми ја милува оти ме сака Да поверувам дека збеснува кога ме помисли А јас само сакам да се гледам, како што тој ме гледа Да поверувам дека љубов заслужувам Да поверувам дека паметно зборувам Да поверувам дека го засмевам Да поверувам дека кога ме помисли, другите ги засенувам А јас само сакам без страв да го пуштам во мене Да му ја чувствувам тежината Јас само сакам да го милувам и слушам како издишува Да заспијам мирно без страв Да го прегрнам без да избега А јас само сакам да му поверувам на тоа „те сакам“ Да уживам додека со прстите по зглобовите ми минува Да се навикнам додека во клучата коска ме бакнува Да се препуштам кога на полноќ се јавува А јас само сакам да го посакувам ко луда Да му се дадам кога најмалку очекува Да се љубиме додека телата ни издржуваат Да му се лутам кога најмалку заслужува А јас само сакам да поверувам Да поверувам дека навистина сака за рака да побегне од се и од сите
Ќе има некоја...може ќе има повеќе, ќе галат таму каде што јас со затворени очи галам...ќе седат таму каде што моето срце моли да седи...но кога ќе помине се...кога годините и двајцата сами ќе не остават...дојди на малку љубов...тоа што без мене никогаш нема да го имаш.
Идеш по друга, трета, четврта и на крајот ми се враќаш на мене, демек си сфатил што си загубил демек сакаш се со мене, ми ги симнуваш сите бели звезди и месечини и мислиш си добил на лото ако сум ти вратила од култура на здраво. На крај си пишуваш со некоја што ја познавам велејќи и "не бе никој немам, ни со никого не пишувам, никој не ме чека дома". Оди утепај се молим те додека е со време, памет да ти дадам касно ти е.
ЈАс и ти сме осудени на пропаст уште пред да почнеме здраво... Те осеќам што сакаш со ова, чим за тебе нема и не гледаш решение за ситуацијава ондак јасно ми е. Те читам, не заборавај. Али добро, ќе го добиеш тоа што го бараш, па среќно понатаму, што друго да ти кажам.