Број нема колку пати си ме спуштил во калта Број нема колку пати со глава во бунар си ме држел додека солзи сум голтала И денес се обиде Истото место, истото време, истата финта Но не.....денес само покажа дека ти си дното на бунарот....
ко те видов денес, со цвеќенцето в рака....... .......камо мене да ми го даеше ама ако, барем со поглед ме пратеше видов во ист момент излеговме........... .......како намерно да се договоривме видов во ист правец ојме сакав моменто засекогаш да трај............ ............да нема крај бар на момент колку те сакам, да осетиш........... ..........ќе ти годи, засекогаш покрај мене ќе останиш ТЕ САКАМ!!!!!!!!!! (ме прајш подобра личност, ете поетеса станав )
Те видов и те видов макар и од далеку. Ми идеше у секој момент да ти се фрлев во прегратка. Се гледаме наскоро пак..
Фала што по 1000ти пат ми докажа дека немаш човечност, ни пак општа култура. Може знаев дека си ваков и порано ама бев заслепена и ти прогледував низ прсти... ги фрлав во сенка мааните, а ти ги истакнував малкуте добри особини... Ама ете сега од далеку гледм со чиста и смирена глава и немам што да кажам освен се на чест да ти служи и фала што ми ги отвори очите wow...
Си ги лакирав ноктите, не можев да ти се јавам преѓеморам ова пошто нема смисла да те лажам дека сум во диско на чист понеделник во 7 часот. Ѕвони пак упорноста еден ден ќе ти се исплати ама денес не е тој ден. Заебан еден, за молење притисни 1!
Тука сега да си, тука, ете баш тука. Ама...ти еден свет, јас друг. Cheers барем за фантазиите, за соновите, таму барем на кратко сме еден свет, cheers за нешто што никогаш не беше
Сакам да те боли, сакам само она да ти е во мислите, ајде да му покажеме на светот дека покрај се што ни се случи сеуште се сакаме, сакам само јас да ти сум во мислите, и да немаш мир да не можиш да спиеш навечер, да мислиш како тој ме љуби онака како ти не ме љубеше, и да цркниш од љубомора, и секој пат ко ќе ја гушкаш да ти текнува на мене, и да сакаш да ја наречиш со моето име. Нека мојата рамнодушност те пресечи в корен. Ќе ти врати Господ за сите лаги. Те мразам, одвратен ми си.
Да знаеш каква домаќинка сум штом правам палачинки во 12 по полноќ, иако цел ден сум на нозе... А тек па би ме оженил да можеш да видиш утре како ќе ги испоховам. Абе земи ме, Господ да те види
Мене не ми требаат никакви лабела. За моите усни, твоите усни се најдобро лабело... ...лабело кое ми ги прави усните помеки од памук а помазни од свила . ♡
Не си ти таа што ме убива, моите мисли... Мемориите, времето поминато заедно. Па и не си ти крива, крив сум јас. Се мислев за силен човек, но дозволив таква личност да си поигра со мене. Ех... Ама времето поминува, кругот се врти. На крајот се си доаѓа на своето место. Ќе го добиеш тоа што најмногу го заслужуваш - тие болни, непреспани ноќи кои јас ги трпев. Причината? Ти.
Сакам кога ми вариш кафенце и ми носиш во спална . Ама доручекот спремен за не повеќе од еден час ти го сакам повеќе . Особено палачинките . Штета што , неможеш често да ми ги правиш , поради природата на мојот организам човече , вода ми се лепи . Да е до мене , би изела еден тон , ама несмеам несакам да се претворам во Снорлекс а богами не сакаш и ти . И велиш , ти кажале , си се здебелил ? Така е , кога мислиш дека си бремена жена па ти се опрашта 500гр леб ти реков , јас и ти , на итна диета да се стаеме , а богами и на екстремно вежбање , ама не ме слушаш ајде , ќе бидеме дебели и заљубени
Некогаш не се разбирам себеси, не верувам ни дека ти ме разбираш...што е тоа што сеуште држи...љубов...така ли се вика? Барам ли трн каде што нема ни трева...ни ружи.
Со кое право си даде да ми кажуваш јас што да чувствувам? Зар мислиш дека ме запозна толку длабоко, што си дозволи ти да одлучуваш како е најдобро за мене? Да ме направиш да се осеќам ко партал, иако можеби со добри намери, но со ужасно избрани зборови. Може сакам да се самоуништувам, па самата да си речам „Еј, чекај. Доста е!“ Немој да мислиш дека ме заштитуваш така. Само јас можам да се заштитам и од тебе, и од себе. Јас сум од оние луѓе кои мораат да чувствуваат нешто за да знаат дека живеат. Макар тоа било и болно. Сето мое постоење е базирано на емоции. Жалам што се правиш дека не го гледаш тоа. Побогу, јас за куче на улица се приврзувам, чувам скршени играчиња од пред 15+ години, имав омилено дрво од детството за кое очи ми насолзија кога видов дека го исекле... Не значи дека не можам без тоа, туку не сакам. И не ми е криво за острите зборови што ги разменивме. Криво ми е за молков... Криво ми е за сите планчиња што остануваат фрлени во ветар - за една ебана нереализирана прошетка што себично не ми ја исполни, пивото неиспиено во парк, аркадните игрички на кои сакав да се пресметаме, да те „тепам“ во слободни фрлања баскет, да видиш како се распаѓа кујната кога готвам... Да не зборам па дека ми вети кученце. Е, тоа не го простувам! Може не се ни сеќаваш. Само си кроеше резервни планови дури не дојде посакуваната прилика. А, јас сум идиот од човек што уште мисли дека сите го прават она што го зборуваат. Не научив и не научив. А, фино можев да си лупнам по некое силиконче и сега овде ќе пишував за 4ца истовремено од Ајфон 7 плус, седејќи некаде во сауна во Буши Спа... ваљда со онаа лигавана од „Живот со стил“ до мене.
Мислам не се договоривме за вака Си ветивме блискост и искреност, а деновиве очигледно избегнуваш разговор кој знаеме дека нема да биде баш пријатен за уши. Фактот дека непријатноста ќе биде само твој потсвесен придружник е нешто што не го знаш. Јас станав имуна на таквите како тебе. Тоа што јас не го знаев е дека еден од нив си бил и ти. Како и да е, go ahead. А јас ете, како и секогаш ќе се обидам да го извлечам позитивното од ситуацијата. Нема да се каам дека сум отфрлила комплетно компатибилна личност, бидејќи ете не си бил. Да си ми жив и здрав, а јас не толку наивна во иднина