Знам дека не е љубов ова, свесна сум. Но знам дека и симпатиите кон тебе кои од ден на ден стануваат сѐ посилни, не се нешто "вообичаено" за мене. Потребата да го почуствувам твојот мирис, да го впијам во себе секогаш кога ќе ги допре моите ноздри, исто така. Ама тајмингот е толку погрешен, што не постои друг период кој би бил понесоодветен од овој. И уште нешто, знаеш што? Во мојот живот постоеше личност која на разделба ми посака еден ден да се заљубам и да видам што всушност значи тоа. На што јас само саркастично се изнасмеав, but screw that. Поентата ми е, иако во блиска иднина тоа нема да се случи, сепак еден ден очекувам дека можеби, можеби, и ќе се случи. Останува да почекаме и да видиме како ќе се одвиваат работите.
Една песна ми наврати милион спомени со тебе. А само 7 месеци поминаа одкога не сме заедно. Ех да можам да го вратам тоа време повторно би се заљубила во тебе, и знаеш што заслужуваш да бидеш најсреќен, дај боже уште долго да си одиш со девојката, од срце ти посакувам се најубаво затоа што беше најдобриот дечко што сум го имала до сега во мојот живот. Среќна сум што се помирив со тебе, што сватив дека више нема назад, но и не реков дека те заборавив. Вредиш да се памтиш секогаш и да останеш во моето срце засекогаш. Ти благодарам за све најмил мој,за сите убави денови поминати со тебе секогаш да ми бидеш среќен дај боже. Јас ќе те памтам затоа што си еден и единствен. Се најубаво збогум плавичко мое
песнава доживотно на тебе ќе ме потсеќа. Ти сигурно си заборавил дека пред 3-4 години ми ја прати на фејсбук (ни на крај памет не ми беше тогаш) Пушти насмев меѓу прамени од злато еден поглед меѓу трепки ама длабок.... (тогаш бев плава фарбана) Те сакам... сега можам да кажам дека те засакав би ти се јавила сега ама знам дека утре си прва смена и дека спиеш моментално...
Утрово пак замина за таа земја далечна.. не си свесен колку сум тажна.. т.е си, виде колку плачев завчера и вчера... ништо не можеше да ме смири.. Претходниот пат беше 2 месеци, овојпат 1 месец само.. здравје. Едвај чекам да си дојдеш уште од сега.. среќен лет љубов моја, те сакам најмногу
Глупав си,не знам кај ми биле очиве кога сум била со тебе.Не ме привлекуваш повеќе, ми се гади да бидам со тебе после секоја што си ја легнал. Ете преку ноќ се освестивнема солза да пуштам затебе пошто не си вреден за моите солзине ме заслужуваш. Заслужувам многу подобар , поубав, пометен од тебе и да знаеш ќе си најдам таков. Збогум глупиостани си таа селска ку*вичка, пошто поарна и не заслужуваш.
Знаеш, прв пат откако сакам некого, не размислувам кој дел од мене би го надополнил, туку што сѐ би ти дала... Кога би бил мој, не би поминал ден без да ти кажам колку те сакам. Колку се гордеам со тебе. Постојано би ги истакнувала сите твои позитивни особини. Би ти помогнала да го положиш последниот испит. Би ти била најголема поддршка за она во кое веруваш, дури и да не се согласувам со истото. Би ти кажувала колку си посебен, вреден, паметен, скромен, љубезен... во миговите кога гледаш само темнина во себеси. Би те смеела, а твојата насмевка би ми била доволна за да кажам дека сум имала убав ден. Би те научила да најдеш задоволство и убавина во зајдисонцето, во студените ноќи да им се воодушевуваш на звездите, да бидеш среќен што имаш покрај кого да се разбудиш, да научиш да затвориш очи и да најдеш мир во себеси и да откриеш кое прекрасно чувство е тоа... Синоќа добив комплимент дека со начинот на кој изгледам и карактерот што го поседувам, сум можела да бирам дечко на еци-пец-пец. И иако ми е тешко да поверувам во истото, а толку луѓе во последно време ми го потенцираат, зошто не дозволуваш да те одберам тебе?
Ти си целото мое небо. И сите неба од сите универзуми. И сите сонца и сите месечини. Сите ѕвезди и соѕвездија. И од сите нив.. ти највисоко си сместен. Ти си најсветлото жариште во душава. А душа да стоплам само твојот одблесок е доволен некогаш...
Денес помислив на тебе само три пати, а сега не можам да престанам. Се прашувам, до кога ќе ја играш оваа игра?
Те сакам и знам дека ме сакаш. Ти си причината за сите мои проблеми, но знам дека те имам само за себе и затоа се борам. Ти беше моето забрането овошје, кое го зедов без да мислам на последиците, иако се болни последици. Но ти верувам, слепо ти верувам, знам дека нема да ме разочараш Ти. Од првиот ден видов нешто посебно во тебе, во твојот поглед. Мислам дека вреди за тебе да се борам со сите, грешката веќе ја направив, те вкусив, сега веќе нема смисла да се одкажам, а и неможам, навикнав со тебе. Ти си мојата сила, ммојот извор на енергија. Не сум малечка више, но луда сум, те полудив и тебе, но знам дека ти тоа го сакаш, можеби некогаш и претерувам, но ме трпиш, можеби не сакаш да ја тргнеш насмевката од моето лице. Затоа и те сакам, и те бранам од сите, во моите очи постоиш само ти, ти и никој друг. Je t'aime mon bebe, tu est ma vie