Знаеш како викаат, ако не заврши добро тогаш не е крај Така и за нас, ако не си размениме уште една прегратка тогаш не е крај
Вечерва другарките ме бараат на забава, некако катастрофа сум за забави...да одам ли? Ке ми дојде ли добро ако одам?
Would you let me see beneath your beautiful? Would you let me see beneath your perfect? Take it off now boy, I wanna see inside...
Точно педесет и девет дена поминаа како ти се надевам, очекувам, мечтаам... Два месеца се будам и заспивам со помисла на некој кој го познавав една недела. Не поради некои посебни карактеристики, најмногу поради чувството кое намерно ми го предизвика. И ете денес конечно решив дека нема смисла да те посакувам. Каде е логиката да сакам животот да го поминам до тебе, усреќувајќи те, а тебе ти беше тешко еднаш да ми вратиш на порака, да ми ги решиш дилемите? Тишината ми ги реши, уживај. И да имам шанса, и да се освестиш некогаш, не би сакала ништо со некој кој не се заинтересира да праша како сум. Каков и да беше кон мене во живо, колкав интерес и да покажа, и колку и да ме мачат тие сеќавања, крајот кажа сѐ. Не е дека не те сакам. Ама себеси се сакам повеќе. И верувам дека заслужувам некој на кого нема да мора да му ја докажувам својата вредност. Штета за тебе, зашто не си свесен како можеше да бидеш сакан... И сега, кога знам дека какво ослободувачко чувство е што те оставам во минатото, нема да погледнам назад.
Се решив да одам. Станав се туширав, се шминкав, се дотерав и слегов до вратата, и знаеш што? Не ја отворив. Не отидов. Се вратив во мојата соба, ја избришав шминката, се пресоблеков пак во пижами и се стуткав во ќебето кое што сеуште ми мириса на тебе, го гушкам мислејќи дека си ти ама не си.. или можда само мене така ми се чини...битно ми мириса нема везе, важно дома останав. Не сум за помегу луѓево....не личам на човек ајм панда о.О
Преубав викенд поминат со тебе на Скајп. Не сакам излегување, шминка, минич, журка без тебе. Те сакам до мене, дури и преку Скајп. Едвај чекам петок да те изгушкам. Те сакам до бескрај
Знам точно што би ти кажала ама ќе прегризам јазик и премолчам. Не треба тоа никогаш да се каже. Не под кожа, во умов засекогаш
Нова а ? Дали таа е мојата замена или кандидатка во преговори?? Епа не ме привлекуваат работи што можат сите да ги имаат. Или си мој или ЧАО!!!!
Ааа ти ја видов сликата на инстаграмот.. си се скоцкал фино, абе лепотанче Вечер ќе се фатиш со некоја, само аман немој да лажеш некое чупенце, биди со некоја што ќе може да се справи со разочарувањето кога ќе раскинете Знаев дека вака ќе биде, те знам подобро отколку што ти се познаваш самиот ( знам те пушко кад си пиштољ била ) Ајде убаво помини си вечер па кога ќе се сретнеме ќе ти честитам