мислам дека денес се избрукав пред тебе ама исто така мислам дека моево брукање слатко ти падна, те видов се насмеа шо сакам за инат утре снег да падни па да те годам и ти мене да ме годиш барем ќе се подзапознајме тро поќе
Пак се погазив и себе, и се што реков, и се што направи(вме) и ти честитав, да бидам ли треба благодарна за тоа ебено фала, не, не ми треба...како да продолжам кога не можам да се помирам дека не знам ни кога ќе те видам, ни дали ќе те видам некогаш, последниот пат како странец да си само те поминав...како да избегам кога нашето немаше ни почеток ни крај...
Гледам наслов хммм ако некогаш дојде ред да се сретнеме и да мора да седиме карш карши што би се рекло, тогаш можеби ќе разбереш и ќе сфатиш која беше целта на мојата посета, искрено нема да те бендиса. Не си ти чист, даелку од чист, да беше понаку ќе ме гризеше совест денес,а читам уште па, памет солиш ама нема врска, јас што требаше од тебе дознав само што ја утна математиката. Ти си знаел ама не си знаел дека јас не знам и тоа се за мое добро, да не се нервирам де. Ете така, јас се чудев или јас сум будала или луѓево се луди, што е работава?
После долго размислување, за кое не си ни вреден, сфатив дека причината поради која толку време немаш женска до себе или барем не за озбилно е зашто единствено задоволство ти дава освојувањето. Сакаш да симнуваш звезди, да делуваш самоуверено, да кажуваш работи кои девојките сакаат да ги чујат и во моментот кога ќе почувствуваш дека финтата запалила, те снемува без збор, зашто целта е постигната. Дали некој те научил дека гадна работа е играњето со туѓи чувства и дали треба да почувствуваш на своја кожа, за да разбереш колку некој може да ти го заебе животот, ради таа мала надеж? Човек што е скромен, добар, сочувствителен, за каков што те мислев нема толку ниска самодоверба за да билда его на таков начин. Ќе пораснеш, мали и ќе посакаш да се смириш со некоја и тогаш можеби ќе го сфатиш значењето на зборот "карма". П.с. Револтот не е кон тебе, туку толку што се потценив себеси дека ЈАС не сум доволно вредна за тебе. Која будала...
Zamisli raspolozeni SME, a i ti si vo svojot svet na halucinacii I vina I nemokj Sam sebe da si priznaes koj si, sto si, sto si stanal, opkruzen so takvi ko tebe ma ti si prosto srekjen be. A da te zalime i da se grizime ne mozeme kata den, porasni pa, makar I bil I 300 god star I pocni prvo za sebe da se grizis da vidime mozes li?
Патиштата повторно ни се вкрстија,после долго време.Овој пат си дозволивме малку повеќе време муабет од минатиот и го видов стравот во твоите очи,оној кој го имам и јас,страв од чувства кои не згаснале.Повторно се прашав зар е можно.
Те испратив утринава со првиот снег, боса и палто на рамења неколку броеви поголемо, сакав само што побрзо да легнам и да замислам дека е само уште еден сон ...
Не знам како да ја искажам оваа љубов што ја чувствувам. Како да најдам зборови? Откако си до мене, мислам дека не газам по земја. Со тебе како да сфатив што сакале да кажат со изразот "на седмо небо". А мислев дека веќе никогаш нема да бидам среќна, дека веќе никогаш нема да се заљубам. Но ТИ дојде кога најмалку очекував, и јас се преродив. ТИ дојде кога се` во мојот живот беше темно и студено, ТИ дојде кога се будев и заспивав на перница мокра од солзи, ТИ дојде и ми покажа дека во животот постои и среќа. Вистинска среќа. Она чувство од кое очите светкаат, срцето чука како полудено, а јас останувам будна подолго за да и` се радувам на оваа љубов. Не сакам да заспијам и не сакам ниту миг на пропуштам. Ти благодарам што постоиш и му даваш смисла на животов. Со тебе сфатив дека вреди храбро да се издржи секој удар на животот, зашто светлото чека на крајот од тунелот. Немој никогаш, никогаш да си одиш....
Да можев да бирам би се родила во твојата прегратка...би живеела во неа и би умрела во неа...еден ден кога ќе застанам до тебе би го искористила моментот...можеби кога ќе ме прегрнеш ќе сфатиш дека треба да останеш.