Не сум ти ја од ние романтични џенски, ме знаеш... Да ти кажувам по 100 пати да ден колку те сакам, не е во мој стил и тоа знаеш.Досадно е тоа де. Нити па на јавни места да се лепам до тебе, како да други не постојат околу нас. Сакам некое утро да ти ги подарам моиве очи , да видиш како те гледаат додека спиеш. Добро де, не утро, ја сум поголема спанка, на пладне нека е . Таа сум , девојка што ти вика не фрлај пари на ружи, купи милка, да јадеме и двајцата. Сакам да те р'чнам кога ми е досадно, па ти да ми се намуртиш и да ми речеш дека сум ќутече, па ќе земеш да ме закачаш како мало детенце . Сакам ова да трае со години. Да ни дари Бог уште 2 палавковци , а ние да сме исти како на 20 год, зошто ти си единствениот што заслужи се мое!
Само да знаеше колку те сакам сега. Барем да имаше мала представа. Камо да можев да те упатам во моето срце , за да ја видиш љубовта која ја чувствувам за тебе, да ти докажам дека те сакам. Камо да можев уште еднаш да те видам, да ги погледнеш моите очи, да ја видиш надежта која се уште гори за тебе, надежта која сакам да ти ја дадам и тебе. Сепак јас надеж можам да ти дадам преку хартијава, на која ти ги искажувам моите чувства. Да беше тука се само со еден поглед ќе разбереше. Сега се се предпоставки, на секој мој збор, секое напишано чувство, има можеби, има прашања. Откако еднаш ќе се згреши, излегуваат 1000 патишта, но тогаш секој еден не функционира. Останува само твојата реченица - Таа беше во право - Камо да ме послушаше тогаш. Камо да дојдеше. А можеби е волјата на Бог, можеби сака да види колку ќе се бориме еден за друг, за нашата љубов. Дали ќе опстанеме, или можеби ќе згаснеме? Можеби Тој ја видел надежт во нас. Можеби само го чека вистинскиот миг да не изненади, да не спои тогаш и засекогаш...
Си помислив, ако некогаш паднам во состојба да ти посакам нешто "лошо", најблиску до тоа би било, да ти се падне некоја што не знае запршка да направи. А после пак се освестувам кои квалитети се бараат денес и сфаќам колку ми е јака "клетвава" . Ако ништо друго, бар вицкаста сум .
Јас и ти! сами, во мала топла соба, тивка музика, две чаши вино, светло пригушено, ете толку сакам во моментов!
Ти си се што посакувам. Ти си она што сакам целиот живот да биде покрај мене. Ти си оној чија рака сакам да ја држам целиот мој живот. Засекогаш да бидам твоето малечко. Да ни се остварат сите желби, планови и соништа. Ќе одиме каде што сакаш. Јас секаде ќе идам со тебе.
Со тек на време сѐ подобро те запознавам. Уште на почетокот знаев дека ќе бидеш вака таинствен и повлечен за некои работи. Таквите луѓе ми се многу поинтересни, дефинитивно. Секогаш знаат да изненадат со нешто, те оставаат така да те скокотка љубопитност да се запрашуваш што сѐ им минува низ главата кога така мирно и тивко седат и гледаат наоколу. Мислиш дека не забележувам и негираш, ама знам дека ти е страв потполно да веруваш во некого, кога градиш таков штит околу себе. А многу добро те разбирам, и јас самата сум таква. Нема тоа да го искористам против тебе, нема да те повредам, ти ветувам. You're my favorite mystery.
Вчера седејќи во гужва и на фб ми се појави ти .. А само што и те спомнаа во моментот .. Незнам од кога те немаше некој спомнато а јас да те спомнам па ич ..Влегов во профилот отворив 2 слики само еднаш ја имав видено убава девојка .. Изгледаше среќен на сликите .. Излегов од профилот во гужва бев .. Денес отворив уште 5-6 слики и на кавер сликата си ја променил .. Или не ја забележав вчера небитно .. Ми стана толку мило ако си среќен барем мене ептен ми изгледаше го заслужуваш тоа (првпат ова во помислив) иако толку многу те мразев чувствував голема омраза спрема тебе ама деновиве сум многу емотивна па .. Да никогаш неможев да те засакам на оној начин а толку се трудеше .. Кога срцето несака џабе е се .. Интересни моменти поминавме заедно се присетив на неколку работи .. Се осетив за момент виновна што неможев да ти ја возвратам љубовта ама искрена бев со тебе и ти тоа го знаеше .. Несакаше да прифатиш дека неможам да те сакам па некогаш од многу љубов СО СОЛЗИ ВО ОЧИТЕ ИЛИ ПЛАЧЕЈЌИ викаше ДАЈ БОЖЕ ДА ОСЕТИШ КАКО БОЛИ КОГА НЕКОЈ ТЕ САКА НЕИЗМЕРНО А ТИ НЕГО НЕ ... ! ПОМИНА НЕКОЕ ВРЕМЕ ОСЕТИВ ГЕОЗНО ЧУВСТВО . (Песната што ја пушташе и плачеше пред мене или пак ми ја праќаше на фб .. Срцето ти се кршеше .. ) Не прифаќаше да сме разделени беше болно љубоморен .. Многу ме сакаше може и претерано беше .. Ме гушеше Ќ твојата љубомора твојата потреба да не ме изгубиш .. Ми стана многу одвратен што неможев да те смислам .. Ме загуши .. Имаше неколку обиди безуспешни помина тоа помина грозното чувство дека нема да се откажеш од мене. Ме чуваше како капка на дланка се запрашав дали ја сакаш повеќе од мене мислам дека не ама не е невозможно .. Сакај ја, чувај ја сега нејзе незнам дали тие вереница или жена или уште девојка така е кога ми има некој спомнато ама воопшто не сакав да слушнам и не ме интересираше знам да бидам многу ладнокрвна кога веќе немам контакт со некои луѓе но по толку години ете ми дојде некако убаво да размислам за нас ..заслужуваш да бидеш среќен .. Плановите што ги имаше со мене нека ти се остварат со неа .. Ете денес сватив дека со текот на времето мојата омраза кон тебе поминала .. Некако каверската слика ме стопи .. бивши
Жал ми е што вечерва ја поминавме така без везе. Иако сакавме малце промена, дефинитивно сфативме дека освен мене и тебе никој друг не ни е потребен. Душава ми го нема тој спокој како кога ќе ме гушнеш и ќе ме прилепиш за тебе, па ќе си зборуваме за сешто и ќе си кроиме планови. Тогаш се што ми тежи на душава и секој проблем го заборавам.
Ах да можам да го вратам времето. Би го вратила на денот кога те сретнав, и воопшто не би излегла од дома.
Прекини да ги тераш другарките да ме селдат со секоја моја активност. Излези од мојот живот! Јас те пуштив, зошто си упорен да се задржиш за мене? Имаш девојка, задржи се за неа! Ако толку ти значев оддамна ќе беше до мене, немаше да бегаш! Остави ме на мира! Не те сакам ни тебе ни твоите другарки во мојов живот! Откачете се!