Ме полуде скроз. Ме оставаш без сон. Од кога се канам да си легнам конечно, ама нешто во мене не ми дава. Сакам да останам будна и да мислам на тебе. На она што ми го пружи денеска. Толку среќа не може да собере во срцево, мислам ќе пукне, ќе се распарчи, ама овојпат од убавини. Бура од прекрасни емоции има во мене. Слаба сум на твоите сини очи, слаба сум кога ќе ми се доближиш а се обидувам да останам барем малку присебна. Секој ден со тебе ми е богатство. Не ми било вака никогаш. Не знам ни како да се изразам, како да најдам зборови за сево ова а морам нешто да напишам зашто ќе полудам инаку. И да знаеш, ништо не ми е тешко кога си ти во прашање, ќе поминам пат колку што треба, ќе се борам за секој миг со тебе, за никој и ништо да не успее да те оддалечи од мене. Бура од најубави емоции, но ти признавам и дека се плашам. Ти дозволив да ми се приближиш премногу, се заљубив и од тоа нема назад, а на почетокот си ветив дека ќе внимавам да не дозволам да се приврзам за тебе. Но во тоа не успеав. Сега само тебе ти припаѓам, и страв ми е дека ќе заминеш, страв ми е дека пак ќе бидам повредена, но тоа не ти го кажувам. Одбирам да уживам во твоето пристуство и да не мислам на утре. Денешниот ден е тоа што го имаме. Сега те имам, денеска те имам, и што и да се случи, тоа ќе ми остане. Но не сум истата откако те засакав. Станав подобра личност, и за себе и за другите. Не можам да се соземам веќе со месеци, а истовремено уживам во ова слатко лудило. И ме тераш да одбројувам до следниот пат кога ќе те видам. И ми фалиш иако поминаа само неколку саати. И еве, уште една ноќ ме држиш будна....
Секогаш нешто ќе ми недостига со тебе. Секогаш. Прашањето е: „Можам ли да живеам со тоа?“ Можеби можам. Не знам. Можеби и не можам. Можеби ќе ти ветам вечност, а ќе испадне дека вечноста ни е вода. Се лизга низ прсти и се суши. Можеби еден ден ќе најдеш некој кој ќе те сака подобро и ќе ме оставиш. И јас тогаш нема да ти се налутам. Затоа што ќе знам дека тоа се должи на фактот дека со тебе секогаш нешто ќе ми недостига. Тоа нешто се вика љубов. Не можеш да му се лутиш на човек кој бил заљубен во тебе, но никогаш не те сакал.
или-или. Толку. Средина да ти давам немам намера! Ке си одлучиш и ке си кажеш а ако не одлучиш за мене исто како одлучено, па ти види... Нема ни на сон да дозволам да бидам со некој што не ме гледа на начинот на кој јас сакам и јас гледам! Тоа е.
Се потресов од тебе Самеркеси помислив сега ќе речеш дека и овој дечко е твој швалер. Зокипоки тагува по мене, му раскинав, нема него да го чекам да одлучи која од нас две сака.
Отвори ја темата Што слушате во моментов, да видиш какви срцепарателни песни објавува за тебе. А јас би му кажала ФАЛА ЗА ИЗНЕНАДУВАЊЕТО!
Некогаш , ама само некогаш сакам да не те мразам олку... Некогаш, ама само некогаш сакам да претурам во главава по спомени, па сакам да се фатам за најубавиот, да ми го стопли срцето в миг, за да не те мразам околу... Некогаш само некогаш сакам да ми прошеташ по мисливе со пеперутки рој, за да не те мразам олку... Некогаш ама... А потоа се сеќавам дека секогаш, секогаш ќе те мразам олку.... ќе те мразам за се што си рекол.... за се што не си рекол... за се што си сторил.... за се што не си сторил... А тоа никогаш, ама баш никогаш нема да се промени...
А ти што мислеше бе пиле дека нема да дојде до овој момент? Дека ке си тераме така до бескрај? Не бе мило... П.с. ти препорачувам за во иднина, да не им вртиш филм на постарите дадички колку си ти само созреан и напреден од твоја генерација, јер за брзо време ке те откријат. Ке ги следам твоите потези овој период, живо ме интересира кои ке бидат твоите реакции, сепак, дур уште има жарче у мене има надеж нели се оладив толку више, уствари знаеш и самиот што ке ти кажувам...