Срцето ми трепери кога не си покрај мене, кога преморен си по патиштата. Како не остана таму да спиеш... Не дека не сакам да те пречекам во веќе топлата постела, не дека нема да уживам во твоите преграти, не дека нема да бидам најсреќна на свет да си покрај мене. Но повеќе сакам да си одморен, наспан и на сигурно. Макар и далеку од мене. Око нема да склопам додека не тропне вратата. Будна ќе те чекам, макар и до раните утрински часови
Толку многу ми недостасуваш што и самата јас не сум свесна уште колку ли ќе мора вака да живееме одалечени ти на еден а јас на друг крај со едно мало прекрасно сонце кое што секое утро ме буди...се надевам дека прзо ќе помине времето... Копнеам секое утро да си до мене како порано што се будевме еден до друг гушнати и насмеани....а сега пак станувам со плодот на нашата љубов така и ги читам секогаш утринските пораки за добро утро и убав ден колку многу те сакам неможе никако да се опише... Ми недостасуваш и мене и на сонцето го чувствувам и тоа дека и ние ти недостасуваме............ ТЕ САКАМ ми иде да вриснам на целиот глас .....
вака ко шо те глеам по понашањето и зборојте, осеќам како да бегаш от џуџлата а та со сила ко да те користи како нејзина маскота.....шо гнаса от чупе ќе беше еeeј .....дури и нечистивио да си нема работа со неа .......шо ми иди да и удрам ќотеко .....се прашвам како се осеќаш и мн сакам да дојш слободно да ми кажиш или барем за било шо да поразговараме.....оти мислам дека на душата добро ќе ти дој (ионака иаме за шо да збораме, ете заедничко сме имале )....
I'll be your dream, I'll be your wish I'll be your fantasy. I'll be your hope, I'll be your love be everything that you need...
7 дена, љубов! Да те галам, додека твоите очи предат виножита во мојот скут. Додека небото се отвора и ветерот го чисти и заменува секое недостигање со страст. Додека заспивам во твојот мирис, на твојата страна од перницата...
Ааххх бе колку си ти најпрекрасееенн !!!! Како ме израдува немојш да замислиш !!! Ти благодарам за прекрасното изненадување миличок ♡
Кога сум далеку од тебе, гледам дека само зборот инсулт (навреда) не опишува... Зошто инсулт за мене било да се сака некој толку многу... Инсулт било да се потиснува потребата од љубов и внимание... Инсулт било времето поминато чекајќи те... Инсулт биле сите солзи кои паѓале, додека си проколнувал дека не сакаш да ги гледаш... Инсулт биле стихови напишани за тебе, ти , што поезија не сакаш... Инсулт биле сите навреди и омаловажувања, сега знам... Инсулт биле изговорите, прекинувањата и офкањата... Инсулт биле споредбите, нагласувањата и несогласувањата... Инсулт било убивањето на недостигањето, на мечта , на соништата мои... Инсулт било палењето на душата, за да се спасиш ти... Инсулт биле ноќите не проспиени... Инсулт било што никогаш убав збор не си кажал... Инсулт било што сум заминувала и не си ме сопрел, оти така требало.... Инсулт било што не си ме помилувал, не си пружил раце кон мене... Инсулт било што вредноста си ми ја погазил, во мигот кога сум рекла „те сакам“ Инсулт било што не си ме сакал, а сум игнорирала тоа... Инсулт било што сум заборавила колку вредам во сите овие секојдневни навреди... Инсулт биле сите проповеди што сум ги чула... Инсулт било што не си поитал кон мене... Инсулт било што не сум чула љубов, не сум прочитала за твојата љубов... Инсулт било секој глас што стигнал дека си среќен кога ме нема... Инсулт било кога сум проплакала за тој глас... Инсулт било што те немало, а сум простила... Инсулт било што казна си ме нарекувал, кога благослов требало да бидам... А сега.... сега кога сум далеку, инсулт е само овој наплив на гнев, на омраза... Инсулт е секое зовривање на крвта кога те помислам... Инсулт е кога ми дојдеш во соништата да ме повредиш уште еднаш... Инсулт е што морав да заминам од се за да видам колкава грешка си бил... Инсулт за мене... инсулт што ми ја убил душата... што ќе ме убие и мене ако не си простам сама себе скоро...исулт , зборот што не опишува...
Оох Дани колку ми е познато ова чувство. И секогаш го слушам истото легни-не чекај ме. Како да заспие срцето кога некогаш трепери од страв.
Му напишав писмо на Дедо Мраз, му побарав нешто само за нас. За мене - тебе, за тебе - јас, бројам секунди до 'судниот' час!! Тик-так, тик-так, срцево чука. Сакам...да си тука!!