Нежно би ти ги бакнал тие суви усни жедни за сочен бакнеж и би ти посветил песна која се вика Could I Have This Kiss Forever
Интересен си, мил, прекрасен, пријатно ми е со тебе. Би зборувала со тебе со часови и да не ми досади. Фала ти што ме трпиш во лоши периоди.
шо беше то шо го видов пред бегање????!!!! го напрај то за да те видам и да реагирам т.е. изљубоморам или от душа ти дојде????!!! и та џуџлата па......шо пи*ка ќе беше бе
Секогаш кога ќе избегавме од реалноста во ситните саати, тие слатки часови што минуваа брзо, ми пееше песни, а сега ми е јасно и зошто, за да не останеш во заборав, за денес кога ќе ги слушнам тие проклети песни, да ми навираат солзи, да ме потсетуваат на нашето време....
Кaмo среќa дa ти недoстигaм и јa тебе кoлку ти мене. Нo кoгa ќе се присетaм нa се штo имaш кaжaнo и стoренo, пoдoбрo oчи дa не ти видaм. Недoстигaњевo ќе пoмине.
Мислев дека само ние девојките правиме драстична промена на фризура после тешко разделување. Ти гледам, освен косата, и брадата си ја скратил. Џабе срце, пак сме истите психопати. И пак ќе се вратиме еден на друг, само прашање на време е кога.
"Ти мислиш дека ќе ја изодиш 2017 немажена? Аха,мисли си, уште на 1ви јануари ќе те барам" Вака ме радува мажево Тие муабети, плус и плановите какви ќе ни бидат дечињата и на кого ќе личат, карањето дали да бидат бели на мене или црни на тебе, убедувањата дека ако се на мене ќе бидат поубави, како ќе ги облекуваме, ми ја топлат душава! Ми се врати довербата во човештвото покрај тебе Едвај чекам да се будиме заедно секое утро и да се гњавиме без престан Те сакам •Ќе има тазе невеста тука