Лута сум ти зошто секоја песна од 90-ите ме потсеќа на тебе. Омилената музика ми стана болка. Кога ли ќе престанеш да ме болиш толку многу?
Ти посакувам побрзо да ги прележиш сипаниците и повторно да бидеш постојано насмеан и да шетаме прегрнати. . . . Те сакааам љубов моја единствена
Можеби целата вина е у мене, целата ама. Што те запоставував на почеток, што те повредив, што немам доверба у тебе, што не се гледам со тебе, што одамна ти имам кажано дека сакам да сум самостална и без никој... И затоа вака, си го берам плодот сега а горчлив е, ти не можеш више ништо... Скапано и труло ми е се. Правиш да ми е убаво, не велам не, ама веројатно не сум навикната на луѓе да ми пружаат внимание и љубов... Кога ке видиш уназад и не постоеле такви што ми пружале нежност, љубов и внимание па затоа те одбегнувам и правам кавги и создавам негативна енергија, затоа секој твој чекор го гледам сумливо и со недоверба, секогаш како да се спремам за некој напад од твоја страна, не се осеќам сигурно. Јас се поставив лошо на почетокот јер стварно не верував дека ке ми првлечеш внимание некакво, и сега не ми е убаво што вака правам. Извини, не знам дали е касно да сменам нешто, не знам... Да пробувам? Што да правам?
Знаеш не можам да ти ветам дека ќе бидам покрај тебе секогаш. Знам дека тоа ти е најголема желба, но би било погрешно од мене тоа да ти го кажам. Времето ќе си покаже се'. Јас сега имам крилја големи и сакам да летам, сакам да ги достигнам сите височини и сакам сама тоа да го направам, како и се' што сум постигнала досега. Ја сакам твојата прегратка, ги сакам твоите бакнежи, но не можам да се обврзам. Би било лага. Би било илузија. Сакам да бидам сама, но не и без тебе. Не сакам обврзувања, но не сакам ни да те загубам. Се прашувам како ли можев да дозволам да се заљубиш во мене, зошто го посакав тоа... Зарем не бев свесна дека мене никогаш нема да ми биде доволно сето тоа што ти ми го нудиш? Зарем не гледав дека сакам многу поразлична иднина од онаа твојата? Зарем не видов дека ќе те повредам ако ме засакаш? Не знам што да направам сега. Крива сум, а начин како да поправам се' не гледам. Сакав да го бакнам, ми се допаѓаше и ме привлекуваше, ми годеше неговото внимание и неговите убави зборови, и во тој момент ужасно многу посакував да не сме официјализирани. Не го бакнав, не направив ништо со него, бидејќи совеста не ми дозволуваше да ти го направам тоа тебе. Не би можела да те изневерам на тој начин. Но, сакав да сум слободна, сакав тоа нашето да е без обврски и без обврски... Сега повторно дома, ми годиш, ми годи нашата љубов, ми годи целото внимание, ми годи оваа тајна. Сакам уште долго вака да ја задржам, да ја кријам за никој да не дознае.
Ми умре срцето по тебе, па егото, па уште еднаш срцето, па егото му залепи шлаканица, рече - будалче, два пати за ист човек не се умира...
Се шушка сред село дека добро сукаш зелник, дека си имала стисок ко на искусен масер. Сношти те видов на корзото. Немав храброст да ти пријадам. Моите нови абидас тренерки не беа доволни да ја зголемат мојата самодоверба. Седев во Велче меанче и одалеку те посмартрав со чечкалица во устата. Испив 4 жти, џабе, храброст нула. Само се клештев повеќе, а другарите се шалеа на моја сметка велејќи ми: „доста ја манијачиш бе сељак еден!“. Тресеа зелени бидејќи не ја познаваа нашата љубов исконска. Те гледам, те гледам и во срцето си велам „ај мор не се прај дигната, сврти се и опулиме еднаш“. Но ти хаха хихи со другарките ко неарна. Шо да ти кажам, прај се на триипол, ама ќе дојдеш утре ти на моја тезга, ќе сакаш пипер за поефтино ама на, ќе добиеш само криви френки недозреани и ко по грешка од лутите, па лути се колку сакаш!