Знаеш како, откако почнав да создавам живот каков што посакувам, да ги привлекувам сите настани кои сакам да се случат, да ја замислувам секоја ситница која сакам да ја доживеам...единствен проблем со вербата ми е кога станува збор за тебе. Толку работи постигнав, го сменив начинот на кој се чувствувам, станав поведра, попозитивна, посамоуверена, почнав полекам да го бркам стравот и сѐ за што некогаш сум сонувала, ама сепак кога замислував како се враќаш во мојот живот, не бев исполнета со со верба. И го замислував настанот како прашуваш за мене и сега е реалност, ама иако го посакував, се прашувам зошто. Зошто те интересирам, кога сам ме оддалечи, од што се плашеше, се прашував често дали мислиш на мене, дали чувствуваш дека имаме недовршен разговор? Дали сега се освести, дали можеби се прашуваш дали сеуште имам некој до мене, дали тој ти беше стравот? Си наоѓам оправдување за твоето shitty однесување, зашто пак нешто во мене верува дека си онаков каков што те запознав. Иако помина толку време, те замислувам често наспроти мене, како ме смееш, како само ми е доволно да сум во твое присуство. Дали навистина сакав да чујам дека се интересираш за мене? Убаво рекле, внимавај што посакуваш, може да се оствари...
твојата дланка беше топла на допир. и твојо поглед ме стопли и ми напрај пеперутки во стомако. и твојата насмевка....сакам на нет да те најдам. да си разговараме двајцата без престан и без да мислиме како дојде сато от 12 на полноќ до 5 сабајле сакам да се видиме пак оти от вчера....КОПНЕАМ ПО ТЕБЕ!!!!!!!!
Ти пратив и јас нешто по другарот, се надевам ке ти се допадне. Малку фалеше да ме убеди и јас да дојдам ...но ете, се воздржав и останав, останав да те чекам, знам дека набрзо ке ми дојш
Простак,злобен,неодговорен,мизерен се зборовите кои те опишуваат.Ако моите укажувања ги сфатеше дека се добронамерни,а не дека јас војувам со тебе,можеше само да ти биде подобро и самиот да станеш подобра личност,заедно ќе го искорневме коренот од каде потекнува сето тоа што си,но од секое дрво не бидува шупелка,така и од тебе.Не знам ни сама како толку време те трпев,не знам.
Се издешаваа многу работи откако последен пат се заљубив..после тоа се ми беше ко на шала.. Се обидов со повеќе, но никој ама баш никој не ми влезе в срце.. можеби научив како треба. Но сега се појави еден, ќе се видиме за неколку дена, сакам да се покажам во најдобро светло, премногу е срцкаст...душа..Се прашувам и ти ли ќе бидеш еден од останатите или пак можеби навистина ќе има нешто повеќе во тебе? Секогаш го одбирам подоброто, без разлика..
Ти си поим за љубов. Кога мислам на гушкање, мислам на твоите раце околу мене. Кога мислам на бакнеж, мислам на твоите усни на моето чело. Кога мислам на сигурност, мислам на твоето присуство. Кога мислам на задоволство, мислам на твојата близина. Кога мислам на убавина, мислам на твоите очи во кои го гледам целиот универзум. Кога мислам на среќа, мислам на твојата насмевка. Кога мислам на љубов, мислам на твоето постоење. ♡
Искрено не го очекував ова од тебе, ме разочара многу. Зашто и покрај тоа што вети дека нема да го направиш тоа, ти го направи? Проклет да си.....немам коментар више..