абе љубави? ти текнува пред година-дена кога ми кажа дека ќе те засакам еден ден? еве дојде тој ден (сеа истадни "машко" и скрши ме и ти) не треба да верувам многу во зборови а? или можда ти не си таков?! оффф бее на сто памети сум... ок, овде можам да кажам се што тебе неможам Те сакам (гледај да не ме разочараш.... другото це средиме некако )
Знам дека беше изморен многу, знам, ама верувај морав да ти се јавам да те разбудам, многу ми требаше разговор а знаеш дека само со тебе можам да разговарам за сè и сешто. Само ти ме разбираш најубаво. Многу сум среќна што не треба многу да должам, со два, три збора ти одма ме разбираш целосно што сакам да кажам. Душа си, ич не ме изморуваш цел ден да зборам а пак да не сфатиш шо зборам. Фала Богу што си таков и ти благодарам и тебе што си таков. Фала ти што постоиш и што си достапен за мене во секое време. Многу ми олеснуваш, како и секогаш. Не мојш да замислиш што чувствувам за тебе, не можам да опишам каква љубов е ова, какви волшебни чувства се ова... Многу се радувам што имам ваков човек како тебе покрај мене. Ти си вистински маж ! Многу те сакам!!!
Бидејќи сме многу едноставни, врската да премине во тајна на одреден период би било идеалното решение. Ете, први во историјата, слободни, ама добро смотани, па ете затоа.
Е ако де е тајно, таман уроци да не ве фаќаат Сите ако дознаат може ќе треба после на баење да одиш...вака што си е сигурно, си е
@JollyGirl Сугласна сам ептен Џолке Работата инаку не ја бива Уроци на квадрат не фатиле и мора, или тајна врска или да го врзам во подрумот до бурето за расол што ни го подари, па вака или онака, урок нема да фатиме
Можеш и во подрум...знаеш дека и мојот е таму некое време...пак се жалеше влага имало, пајаци имало...го стегале лисиците на раце, го стегало јажето околу нозе...ко мене се да ми е подмачкано во животот Ма врзи го таму бе слушај ми го зборов...ќе се колне после во тебе...
За прв пат во животот вечерва не дозволив да ми фалиш, не дозволив да ми ја уништиш вечерта, напротив бев среќна , и весела, бев со насмевка на лицето. Си наздравив за самата себе, за нов почеток, за новата јас. Мислам дека дојде време да те пуштам, со тешко срце те пуштам конечно да искочиш од мојот живот, и моето срце, и ако тоа не го сакам, ама морам да те пуштам да си одиш еднаш засекогаш, за мое добро, затоа што гледам дека си среќен, со неа, убаво ти било без мене, па тогаш и на мене ќе ми биде убаво без тебе, заслужив да бидам среќна и јас, и да почнам од почеток мило мое. Среќна сум што конечно сватив дека и јас можам без тебе, кога и ти можеш без мене, можеби се лажам самата себеси дека можам без тебе не знам, небитно, битно е дека јас донесов одлука вечерва, и те пуштам засекогаш да си одиш. Биди среќен, доволно мие тоа да знам дека си среќен, чуваја барем неа, немој да ја испуштиш како мене што ме испушти, и запамти само едно никоја нема да те сака толку многу како што те сакав јас. Од се срце ти посакувам се најубаво, јас ќе продолжам понатака без тебе, СРЕЌНА. Ти благодарам за сите убави моменти поминати со тебе, секогаш ќе те памтам да знаеш
Ако мислиш дека ќе попуштам се лажеш. Знаеш што сакав а се направи паметен. Истакнувај се кај стигнеш и еби си матер. Попуштив и пак по старо беше. Инат ли сум што ли сум гајле ми е. Детски игри не ми требат. Доволно ми беше јас да се трудам. Не ме занимаш ти а и ништо друго. Свеједно ми е деновиве.
Не знам дали имам сила да се борам уште еднаш за тебе. За желба, нема сомнеж дека имам. Постојано ме прогонува чувство дека сме незавршени. Како да не ми беа доволни твоите постапки низ изминативе 10-те години кои упорно ми врескаа одговори на моите прашања?! Се прашуваш од каде ова од нигде-никаде? Вечерва го имав истиот creepy момент што го имав пред две-три години. Студенило, мирис на снег, christmas mood all over us и твојот издив на моето уво. Знаеме дека имам шесто сетило за да го предвидам твоето присуство во државава и без да ми го имаш најавено, ама ти тука во зима!? ...Чекај малку, наеднаш сликата ми доаѓа појасна... Ја гледам нашата улица, и тебе во далечина. Те гледам како ми доаѓаш од мој правец, а јас од твој. Наеднаш растојанието помеѓу нас станува таман за да си подадеме раце и да дојде до прегратка. Штама околу нас, само звук од нашите воздишки. Чекај уште малку, може? Го земам телефонот и го гледам датумот; Знаеш дека добро стојам со датуми. Ми светнува, тој е! Денот за кој пред 8 години се смеевме дека ќе биде запишан во историјата, бидејќи е единстен ден да ми се вратиш во зима. По 100-ти пат, проклет да си. На сите болки што ги чувствувам во зглобовите како резултат на настинката, вечерва нешто што најмногу боли е споменот за тебе!
Знам дека малку фалеше да бидам со тебе, ама навреме сфатив дека не си тој кој ќе ме усреќи. Веројатно затоа се чувствувам вака слободно. Не создавам отпор кога мислам на тебе, не си велам дека не вреди, кога ќе чујам "наши" песни си кажувам дека нема да ме растажуваат, учам да уживам во нив... Секоја мисла на тебе дозволувам да се задржи колку сака во мојот ум и да избледи, да исчезне. Зашто ако решам одеднаш да те избришам, ќе се врзам за тебе многу појако и подолго. Се откажав од соништата, надежите, плановите за нас двајца и веројатно толку сум си ги повторувала тие слики, што имам чувство како реално да сум те имала, а сега се јавува празнина. И како да те обвинам кога во овие три месеци ти ништо не направи, еднаш ме одби и повеќе не ми даваше надеж, како да те мразам кога сѐ си создадов во умот, моја е одговорноста. Ти простив за она за кое требаше, а сега веќе не ти се надевам, не сметам дека си совршен, само ми фалиш онака малку и малку ќе боли, ама прифатив дека морам да поминам низ ова. Ќе дојде подобар, а искрено ти посакувам и ти да бидеш среќен. Ќе ти посветувам реченици уште некое време, додека не се ослободам, а потоа пак ќе зацелам и ќе биде сѐ во ред.
Ма се у тајност....па и ние...и вие...и јас и ти....и се така у круг хаха....Ама....нека иде живот...
Целувай устните ми, кожата ми, всичко, целувай там където знаеш че обичам. Целувай колкото и както пожелаеш, умирам с теб да бъда-другото го знаеш. Обичам да гледам, когато ме целуваш. Обичам да виждам как лудо се вълнуваш. Обичам да чувствам в тебе дяволско желание, желание. Обичам да гледам когато ме целуваш. Обичам да виждам как лудо ме вълнуваш и после как стихвам почти изгубила съзнание
Паметам... Те запознав една зима кога паѓаше многу снег, ние насмеани стоевме крај смрзнатиот езерски брег. Паметам... Небото беше закитено со илјадници звезди, а во срцево љубовта прва тивко, тивко ми се вгнезди. Паметам... Двајцата се држевме нежно рака за рака и тогаш ми вети дека секогаш ќе ме сакаш. Паметам... Во таа нок волшебна толку те засакав јас и никогаш не го заборавив мојот најсреќен час. Признавам... Ни мислам, а и не мислам дека е некакво чудо што засекогаш те засакав лудо.