За момент помислив дека со доаѓањево на новава година ќе се сменат некои работи на подобро. Иако поминаа два саати доволни ми беа да сватам дека човек како тебе освен за себеси не мисли на ништо друго. Себично створење си, ете тоа! Ме газиш и ме повредуваш, не се трудиш да ме правиш среќна, ниту пак незнаеш да се однесуваш спрема мене како твоја девојка. Залудно ми е да чекам дека еден ден се ќе е подобро, залудно се надевам секоја нова година што доаѓа дека ќе се смениш на подобро. Јас незнам како дозволив да се однесуваш на овој начин спрема мене, сега сваќам каде згрешив јас.
Немам друг начин вечерва да ти посакам среќа...нема начин устата да ја спуштам на твојот врат и да ти кажам Среќна Нова Година најмило мое секогаш ќе те сакам како никој никогаш
Најтешко ми паѓа што толку топло се чувствував кај тебе дома, што сите толку ме сакаа и се грижеа за мене, што гледав како внука ти расте и ми ги дава најискрените прегратки... Заедно боевме, ми пееше песни, ми се фалеше како се нашминкала, се радуваше на моите подароци. И сите до еден ги засакав како мое второ семејство, што сега не можам да ги игнорирам, не можам да не им посакам сѐ најубаво, како да имам долг кон нив за сета љубов и топлина која ми ја даваа во минативе четири години. Само ми е страв дека погрешно ќе ме сфатиш, дека ќе се понадеваш или дека ќе помислиш дека нешто сакам да дознаам за тебе. Жал ми е што не можам тебе ни да ти честитам, зашто ми е страв дека кога ќе ти го чујам гласот, ќе се вратам во минатото и ќе потклекнам. Знам дека си паметен како што еднаш кажа, да не сакаш да бидеш со некоја која не те сака. Се надевам си го прифатил тоа и дека ме избриша целосно. Многу посакувам да си среќен, знаеш... Можеби заедно не си го направивме животот поубав, ама си добар човек, искрен, грижлив, доблесен...нешто кое овој кој моментално не ми излегува од мисли, не е ни половина. Ќе ти посакам да си здрав, да најдете решение на семејните проблеми годинава, да напредуваш во кариерата како што секогаш сакаше, најмалиот член да ви носи само насмевки и да бидеш толку сакан, што ќе ја исцели болката која јас ти ја причинив. И да љубиш многу, како во првите две години од нашата врска, да си дозволиш да бидеш будалест, помалку инаетлив и горд и мирот да си го најдеш. Колку и да размислувам рационално, кога ти ги пронајдов алиштата во мојот плакар, почнав несвесно да ги мирисам и се соземав да не плачам. Но, пишувајќи го ова, солзите се неизбежни. Зашто ми беше потпора, утеха, рамо за плачење, најдобар пријател, некој кој најмногу веруваше во моите способности. Сепак, си ветив дека веќе нема да се потсетувам, само најди некоја која ќе те љуби и усреќи како што не знаев јас .
Плавооку Среќна нова година. Само убавини нека те следат во новата година, и остани ми истиот оној дечко што јас го знаев додека бевме заедно, а воедно и сакам да ти кажам дека е среќна девојкати што има дечко како тебе. Секогаш бидими среќен го заслужуваш ти тоа. И да знаеш дека не сум те заборавила, сеуште те памтам, секогаш кога ќе ми текне на оние убави моменти поминати со тебе се насмевнувам од срце слатко, незнаеш и тоа колку многу, а и знаеш вреди тебе човек да те памети. Сеуште си оној првиот дечко што ќе го памтам секогаш не се секирај, бидејќи заслужуваш да те чувам, и носам, сеуште во срце. Имај ми убава вечер каде што си сега моментално, бар знам кај си и знај едно никогаш нема да те заборавам убавино моја
Од вчера вечер, одлучив дека у новава година дур траеме нема да избрзувам во никакви одлуки и мисли со тебе. Тешко ми е, да бидам искрена да не избрзам со некои муабети и мисли ама ете се трудам... и така ми ти... шо кажа коа ке се видиме?
Уште 14 денови од сега ... А бе, не се добројувааа пааа, од лани имам почнатооо Велам ја не врвит времево
Благодарение на тебе, го заборавив него. А сега кажи ми, на кого да се фокусирам за да те заборавам тебе !?