Навистина ли мислиш дека треба да добивам честитка во форма на реферат од тебе за нова година? Со друга си а велиш дека ти е криво, дека ти фалам. Баш затоа и никогаш не би ти се вратила, затоа што не знаеш да бидеш среќен до само една девојка. Секогаш ке ти фали некоја. Навистина ли мислиш дека остана што да си кажеме и после толку години да си честитаме празници и повремено да се слушаме. Не, јас овој пат ставив крај за стално.
Ти кажував дека не ти е другар штом мене ме теши, ти кажував колку голема работа е што мене ми се пушта додека јас и ти сме скарани, ама ти одбра да не си ги прокоцкаш годините другарство со него, заради една "мала" грешка. Ама ако тогаш заборавив дека сме скарани, само за да те известам каков другар имаш всушност, овој пат немам должност да те штитам од него. Нема да ти кажам дека пак ми пишува, не се обидувам ни да го сфатам неговиот ментален капацитет и ќе оставам сам да се изгориш за да сфатиш. И ќе разбереш зошто толку ти се лутев кога избра да му бидеш девер, зашто видов нешто подло и неискрено во него, а ти не го заслужуваш тоа. И како што ти реков еднаш, се надевам наредната твоја девојка нема да ја заведува и ќе ти биде мирна главата. Не е веќе моја должноста да те спасувам, а толку ми е жал за тебе. А можеби и затоа што сме слични во таа наивност и простуваме крупни грешки.
Новава година...ја почнав со стари навиќи.... и вчера на Игнет пак со тебе...а нели шо ќе праиш вчера ќе праиш цела година.....епа да му ја мислиме и двајцата хахха.....
Да можам да ти опишам како се чувствувам, како да си ја тргнав заштитата околу себе и дозволив да ме понесе интиуцијата. И верувам цврсто на неа. И не знам како за инат ми се влечеш... привлечност,харизма,став.
Дали можеш да си простиш што ме остави и пак побара да сме заедно но не прифатив? Виде дека друга нема да е ко мене?
Нека поминат што побрзо наредниве 10 дена да те видам ми недостигаш. Сакам да го повториме тоа од вчера
За момент направи да ја заборавам најважната личност во мојот живот што ја сакав премногу, дури повеќе од самата себе ја сакав, а сега кажи ми како да те заборавам тебе?
Пази што правиш. Ми пука филмот пополека. Нели почнав да се прашувам што ми требаш у живот ондак јасно ми е дека треба да почнам да гледам пообјективно на работите а не така лаички. Мисли му ја! Вакви негативни енергии не сакам никој да ми буди.
Стана се што рече дека нема да станеш. Се претвори во странец кој не го познавам.. каде заминаа тие топли очи? Каде замина таа голема љубов за која се бореше цели две години да ја добиеш? Каде исчезнаа сите жртви во името на таа љубов? Каде заминуваат ветувањата откако ке ги напуштат усните твои ладни како лед, модри, безизразни.. цело време сум љубела мртви усни, очајно обидувајки се да ги оживеам. Не сфаќав дека и јас умирам со секој бакнеж..