Да те гушнам маааалку така само,да те стиснам колку што ме држи силата, за да ти покажам дека никогаш нема да те напуштам! Среќа моја си ти Спојлер @Kukla994 нека си доаѓа тој твојот оти и јас почнав да бројам денови за тебе, на сите почна да ни фали мислам
Дојди ми те молам побрзоо...се пореметувам еј Спојлер @Chanell* Ви ги силував ушите знам ... кога ке дојт, чоколади за сите за претрпеното насилство од броењето, да се извинам де хахаха
Не ме боли...јас никогаш вистински те немав за да боли...ти си тој што ме имаше...затоа тебе те боли.
Тоа "ниедна од нив не ми е побитна од тебе" ептен губи на вредност ако си морал да пробаш уште неколку за тоа да го сфатиш. Срцево трепери и плаче за тебе ама овој пат, за свое добро, ќе се раководам според мозокот.
Морам да се соземам, мислите ми излегуваат од контрола. Се изморувам, морам да се концентрирам на себе. А, ти утре се враќаш во игра, сите околу тебе ќе ти бидеме потребни. Тој саат со мислите таму ќе сум и јас, те сакам, но останатото е време за мене, за подобра јас.
На моменти сум толку слаба што ми иде да ти пишам, да проверам дали нешто се променило во меѓувреме, а потоа брзо се соземам и си кажувам дека никогаш нема да те молам да ме сакаш. А не ми ни требаше да ме сакаш, единствена работа која ќе ме смиреше е разговор лице в лице, ама мојата желба кому му е битна? Каков одговор повеќе ми треба од тишината? И кога, о Боже кога, ќе го исфрлиш од моите соништа и дали некогаш ќе боли помалку? Зашто жими сѐ не знам како да избришам нешто кое во мојата глава имало потенцијал да биде неверојатно, магично, вистинско... Тие чувства од само неколку дена беа толку силни, што кога човек ќе доживее такво блаженство, сѐ после таква љубов му е нецелосно. Можам да најдам среќа во мал милион ситници, ама без љубов не знам како да живеам. Никогаш не сум знаела...
Прееска се напнав од муабетот со бившиот и не ми е јасно како забележа дека нешто не е како што треба кога не ме ни познаваш доволно? Луѓе што ме гледаат секојдневно па не приметија промена во раположение, ти успеа и тоа по виртуелен муабет, толку километри одалечен... Не знам стварно што да ти кажам освен да останеш таков... ме болат мускулите на образите од смеење и си се чудам сама на себе како ми влијаеш. Ми фали сега да те гушнам. И се прашувам, како не те запознав порано? Може немаше ни да заминеш.
Ти си тој што може да ми сјеби се за неполна минута..Само ти го имаш задоволството и привилегијата. Никој не знае толку експресно да ме тресни од земја,капа ти спуштам!Се надевам вредеше