Mi rece da se lecam si stanal ladnokrven a porano bese samo idiot toa cudo od covek si,kako i da e mn sum nesrekna i poradi nas i poradi tebe
Цел ден нашите песни ми се на repeat Деновите и ноќите без тебе ми се долги и здодевни, не помага што е смрзнувачка и завеано надвор, темно и за никаде, не сум расположена без тебе и онака. Последниве неколку вечери те сонував Знам дека се во прашање денови, ама не поминуваат без тебе. Како ли станав толку зависна од тебе? Те сакам. Те сакам како што никогаш никого не сум сакала. Десет месеци ми поминаа како во сон. Најубавите во животов. Се молам да има уште многу, да трае... Штета што денеска не си тука, се надевам дека за недела дена ќе можам да ти се изнарадувам. Нека поминуваат побрзо деновиве, зашто полудувам.. Ми фалиш до болка!
Сакам да се држам малку на дистанца премногу е ова за мене. Сега ми е малку чудно што вечерва секој си е со фамилијата и фамилијарно си ја поминуваат вечерта. Филмска вечер. И ми недостигаш што е премногу за мене како личност, што од сето размислување ми се поврати стравот и ми лупаше срцето.Се сконцетрирав на други нешта, да не те мислам како мало детенце. Ми недостигаш премногу, се плашам да се препуштам.
Уште баба ми ме немаше прашано за тебе, еве вечерва и тоа бидна Жената се навреди повеќе од мене дека не си ме сакал, па ќе ми го местела внукот на Трајанка. Реагирај ако ти е за реагирање, дур не е касно! Немој после не сум ти кажала
Посветено на изгубеното Сонував како сум се качила во авион и сум заминала во Париз, случајно те сретнав, а ти ме пречека со ширум отворена прегратка, сме си простиле за грешките, потоа сме крстареле по океан. Тоа беше толку убав сон, се чувствував среќна и жива на јаве, се разбудив со насмевка на лице од таа убавина и тој луксуз барем во сон да те прегнам. На бившиот Ми пиша порака, ми ја честиташе новата година, потоа се јави краток муабет и толку. Не знам зошто сакаш да ме имаш за пријател. Сега размислувам дали да ти го честитам празников, оти знам ако не ми вратиш на порака или не се јавиш ќе се нервирам.А вака додека размилувам друга ќе ти го честита па со неа ќе заминеш.Никако човек не е да се постави ама ти си крив за се. Со порака за нова година и повик нема да се искупиш, ниту камион портокали и лимони за прочка не те спасуваат.
Се врати, но не беше онака како што сите очекувавме. Сега стануваш несигурен во себе, знам се плашиш иако не го покажуваш тоа.
Да те видам утре ... Сите му се радуваат на снегот а јас едвај чекам да се стопе за да дојдам кај тебе. Утре требаше да бидеме заедно на нашиот датум
Фала што си помислил на мене за време на празниците и прв ми честита денес... Ти вратив... И покрај моите желби за здравје и среќа за тебе и твоето семејство, успат те прашав едно најглупо и обично прашање и ти ништо не ми врти... Уште ѕиркам во телефон со надеж дека ќе вратиш, ама знам наудрен ќе се правиш... Ај е*и се...ќе си играме овде ко деца. Ми пишуваат луѓе што не сакам да ми пишуваат и ги игнорирам... Чувствувам грижа на совест, ама не ми се зборува со никој освен можеби со тебе.