Извини, претерав и пукам сега во себе. Знам. Ама како по ѓаволите да ти кажам извини во очи. Полудев. Па и не си ни ти цвеќе. Место да ме смириш дотураш масло во огнот. Сега спиј нервозен. Глуп еден.
Незнам зошто ми се навраќаат слики од минатото и повторно почнав да барам дговори на некои непоставени прашања. Не е на арно, страв ми е да не ми пукне филмот некој ден. Собери се и пази што праиш, знаеш дека одма имам со што да се бранам.
Абе иди у ку**ц веќе бе! Толку од мене, не се замарам со твоите глупости преку глава си ми. Искрено се надевам дека нема да слушнам нешто од тебе или за тебе еден дооолг период. Толку.
Не знам дали сум јас луда или ти си убер егоцентрик и од егото не слушаш што ти зборувам... Глупост беше, не требаше да се наљутам и јас бев крива ... ама твоја работа е да ме смириш и да не се тргнеш од мене колку пати и да го побарам тоа од тебе .... треба да ме знаеш подобро од тоа. Глупав еден. Сега нешто ме сакаш сабајлево....ама јас не знам што да ти вратам зошто БЕСНА СУМ ТИ ШТО СИ ТАКОВ!!!! .... гаргамел низаеден! уф бе!
Има за се замена душичке, па така и за тебе! Кога највеќе ми требаш тебе те нема... Го чекам само денот кога ќе бидам најладното створење спрема тебе!
ке се праам наглупа ама да знаеш дека те проверувам,следам....можеби си праам филм во главава ама не ми е баш најнормално ова со бришењето на профилот,и со ја покани ТАА на двата профила...една утка и
Значи поооголемо дете од мене си. Можи 12 години си постар ама се прајш ко помал 12 год.!! Не те знаев за олкава кукавица,од мене ли се плашиш....ни глас не пушти сношти!! И пак и пак те сакам после се што ми направи, и го сакам и тој твој никаков карактер.... МА ТЕ САКАМ БЕ СОНЦЕ МОЕ!! ТАКОВ КАКОВ ШТО СИ СО СЕ ТВОЕ!
Никогаш веќе нема да бидеш „тој“. Ме скрши иако мислев дека тоа никогаш нема да се случи. И еве сега заради тебе фацава ми е ко на бумбар и не сакам да те видам. Не ми врти, не ми пишувај пораки. Ќе биде подобро, често знаев така да кажам, ама што е многу многу е. Доста попуштав и доста бев наивна. Прави што ќе правиш мене не ме мешај веќе никаде. Ако е судено... ќе излеземе и од оваа ситуација. Ако не, среќен пат. Јас не можам да бидам со некој што нема доверба во мене и да си оди со спуштена глава кога ситуацијата е кнап. Извини, ама така е.. Не прави нешто за што ќе се каеш и ќе чукаш глава подоцна.. Најдобронамерно. Ми се смачи..
Не, ти си едно гомце невидено, што секој ден се повеќе докажува дека не знае што сака.....Те заборавив знаеш и сеа се појавуваш пак. И уште каде за нова, па уште и си можел да поминеш?????????????? ШТО ТИ Е БРЕ?
А што, мислиш дека се правиш некаков голем фраер со ова што го правиш? Мислиш дека ќе постигнеш нешто? Епа не. Не сваќам што ти е финтава со ова твоево игнорирање, а мислам дека знам зашто го правиш.. Нормално дека намерно го правиш, да се увериш дека јас стварно те сакам и дека ќе трчам по тебе и дека ќе те молам, и ќе се обидувам да ти прозборам ама колку и да е невозможно се обидувам да не го правам тоа! И ти со цел памет твој ( ако воопшто го имаш, а баш и не сум уверена во тоа.. ) како можеш бе да го правиш ова?! Имаш ли усул бе?! Ај, јас сум дете. Ама ти?? Па, размисли малку. За се што правиш, за твоите постапки. Знам дека те сакам и сакам да бидам со тебе ама неможе едноставно.. Ама зашто неможе немора вака уште полошо да ми правиш, да ме наведуваш на погрешни работи и уште повеќе да се затрескам во тебе и после да се оладиш и да ме игнорираш, а јас како ќе се чувствувам? Дај прибери се малку..!