Душа од родители имаш и мило ми е што си свесен за тоа. А јас се изненадив од самата себе колку блиски ги чувствувам. И да не пишев прва за празниците, знам дека тие ќе се сетеа на мене... за разлика од тебе. Свесна сум дека не се тие што треба да се сетат, ама ете, секогаш сум почестена со нивно внимание и ќе излажам ако кажам дека не ми значи тоа. И колку да знаеш за да не си ласкаш, поради мајка ти ти пишав. Не би ти признала дека ми недостигаш, а сама не можам да се излажам.
Ај што бројам денови... почнав и саати да бројам Едвај чекам да те видам, само тоа ми треба за да ми дојде душата на место Едвај се воздржувам да не ти пишам, не знам само до кога!!
Ми недостигаш премногу....сакам да те видам, слушнам, гушнам, бакнам, допрам, ах кого лажам дека не сакам, самата себе нели...најмило мое не можам без тебе
Ах, не ни е ветувачка компатибилноста измеѓу наталните карти, во превод - не си одговараме . Недостиг на разбирање бидејќи ни се разликуваат интелектуалните интереси и вкусови што ќе доведе до конфликти и лаги... На позитивната страна, се чувствуваме удобно еден до друг, знаеме како да се утешиме, добро се толкуваме и сфаќаме како другиот се чувствува. Имаме силна сексуална привлечност и чувствуваме дека сме го пронашле вистинскиот партнер. Заедно сме енергични, полни живот и ќе одиме на авантуристички, непредвидени патувања. Си ги почитуваме целите и желбите и не си стоиме на патот на нивно остварување. Тука ќе го занемариме фактот дека како што тече времето, идеите ќе ни се менуваат, ќе се развиваме различно и љубовта ќе избледи . Ќе игнорирам и дека премногу лично ќе се сфаќаме, нема да се сослушуваме, ќе има жестоки караници... Но - ќе се стимулираме да бидеме покреативни и полесно да се изразуваме, ќе учиме еден од друг, ќе имаме огромно интелектуално разбирање. Љубовта ќе ни биде полна романтики, оригиналност, сензуалност. Ќе си ја почитуваме и поттикнуваме слободата и независноста, ќе се охрабруваме да се ослободиме од срамежливоста. Не се навредуваме лесно, инстинктивно знаеме што другата личност би ја направило среќна. Конфликти има, но ќе ги "измазниме", како резултат на добрата волја. Добри аспекти за успешна врска. Љубов, среќа, разбирање. Често ќе се чувствуваме како да сме се изневериле, главно заради големата потреба да се задоволиме еден со друг, а невозможно е да си ги оствариме сите ветувања. Врската ќе бара да си дадеме слобода и простор да го истражуваме животот на свој начин. Ма сВе ќе ти дадам бре ! Па не сме биле толку лоши бе! Види колку се намачив, зарем не вреди една шанса да ми дадеш !? Ако треба и петиција ќе отворам .
Уживај.. нема да те презирам.. само немој да ме гледаш ако некаде се сретнеме. Направи се како да не се познаваме. Ми текна на дечкото кој пишував со месеци, се понашав лудо, а после еден ден ми текна дека веќе не ме привлекуваш.. Пишувањето по цели денови ми стана никакво, и се изгубив како да не постоев. Почна да ми пишуваш а не те рецкав, после тоа ти реков дека сакам малку пауза, и после ме снема. И до ден денеска не би ти се вратила, зашто едноставно не е тоа што го барам. Сега сватив какви се водолиите, иако и јас сум, а никогаш сум немала водолија, тешки се за разбирање, признавам, можеш еден ден да им си СЕ а утре НИШТО. Сега сватив, нема ништо во мене што го сакаш кај една девојка. Океј е, ке бидам лута и после ќе ми помине.. Но немој ни случајно да се вратиш некогаш..
Ние се саκаме и κога сите мислат деκа се забоρавивме тоа е вистината аκо неκогаш те забоρавам тоа κе биде последниот ден од мојот живот во сρцето е вρежата една тρага што ниκоја нема да ја избρише ама паκ κе κажам болκата не ја забоρавам што ја нанесе во сρцето мое а сега се κаеш ама стаκло еднаш аκо се сκρши и да го лепиш дρага нема исто да биде имај сρеκа во животот а јас κе те чувам паκ κаκо досега те саκа сρцето што го сκρши
Се осеќам ко заљубена тинејџерка, секоја вечер пораки за добра ноќ, секое утро будењe на тел... Нека ни трае цел живот ова, љубов! Никогаш да не се смениме!
Во исчекување сум, аман више А би му кажала на оној што ми шиува дека не ми е интересен, ох побогу кој др начин да употребам да не бидам дрска и да ти дам до знаење дека не ме занимаш?
Ти текнува ли што ти кажав летото во Канони додека авионите прелетуваа над нашите глави? Мене ми текнува на се што ти ми кажа. Го чувам во кадифена кутија со огромна жута машна во една фиока од срцево. На топло. Ниедно невреме на светов не може да го извее. Те љубам колку што едно срце може да поднесе страсти и до сите висини догледни и недогледни. Зборови не постојат.
срцко, да знајш ти како е да се чека цела година... ужасно завладеа со моите мисли....толку ужасно шо дури на моменти претставуваш болка....а сепак најголема љубов дали и ти толку мислиш на мене, се надевам да.....дали знајш дека толку мн те сакааааааам
НЕмој толку да се поврзуваш со мене, за твое добро Сам заклучи дека не можи така лесно да го стопиш мразот изграден околу мене. Ама добро е шо се трудиш многу, можи ќе почни да се растопува по малку или пак уште толку да замрзни
Џина Папас Џокси пееше на Велигден сум се заљубил, ако успее ова нашево јас ќе пеам на Божиќ сум се заљубил, ауто корекшон на старата негова песна во моја верзија !!!