Срцето мислев ќе ми излезе додека ја отварав поракатаа Те сакам, те обожавам, луда сум по тебе Луда скрозззз Уште неколку дена и се колнам нема да те пуштам
I just called to say I love you I just called to say how much I care I just called to say I love you And I mean it from the bottom of my heart... Za inat na dusmanite
That's the spirit прашинке Show them girl *********** On topic: Болно ми фалиш, но на начин на кој сеуште сум пресреќна дека те имам. И многу ми е мило што го знаеш тоа.
Епа дечко, дојде време да ти прочитам што ти зацртале ѕвездите . Морам да признаам дека мој ме инсекат никад не вара . Првичниот впечаток и сите подлабоки размислувања кои ги имав сврзани за твојата личност, блиску биле до вистината. Епа да започнеме, куглата вика: Како лав, се чувствуваш важен, но само затоа што сакаш да го направиш светот подобар и луѓето среќни. Вреден си (една од карактеристиките која ме примами), поради тоа што те привлекуваат убави работи и свесен си дека треба да работиш за нив. Лојален си, традиционален, искрен, отворен, но и арогантен и горд. Пријатен си, забавен (о, и тоа колку!), шармантен, интересен, љубопитен, добро информиран. Многу читаш, многу зборуваш, многу размислуваш. Паметен си, дружељубив, многу сакаш да разговараш, сакаш гужви. Имаш исклучително богата имагинација. Не сакаш да се досадуваш, имаш илјадници проекти. Отворен си за нови идеи, приспособлив на ситуации и социјални групи. Ти одговара професија поврзана со јавноста (не ме чудат политичките активности), литературата или со патувања. Повеќе сакаш да зборуваш за секојдневни активности, отколку за големи филозофии. Имаш дарба да ги слушаш луѓето. Лесно можеш да ги натераш да ти се отворат, затоа што си симпатичен и лесно достапен. Страствена личност си, која го сака животот (е ова најмногу запали кај мене и ме натера да станам и јас таква). Имаш моќни емоции, но не дозволуваш да им се предадеш или да те контролираат (смотан!). Потребно ти е да почувствуваш емоционална поврзаност за да се поврзеш со некој физички (same here). Личност која ќе потроши доста време помагајќи на другите да ги решат проблемите (срцка бе ). Многу позитивен, шармантен (претерано многу, да ). Сакаш да преземаш ризици за забава ( о, да, и тоа го забележав). Конзервативен, амбициозен, тврдоглав. Проблеми да се изразиш поради страв дека ќе бидеш критикуван. Тешко изразуваш емоции, бидејќи се плашиш што ќе кажат за тебе. Често си се присетуваш на минати разговори и жалиш што си кажал нешто ненамерно или што не си кажал нешто интересно (уживај, мене забавен ми беше ). Потребни ти се повеќе позитивни одговори од околината за да бидеш посамоуверен. Ретко прифаќаш комплименти, а сепак ти се потребни и копнееш по нив. Не си тип што флертува (не!?), посветен си и подготвен сѐ да направиш врската да успее. Не импресионираш со подароци или ветувања, туку со посветеноста и вниманието на детали, поврзани за личноста која ја сакаш (таман, не сум материјалист и онака). Ја покажуваш љубовта со критизирање, ги истакнуваш маните, но целта ти е само да помогнеш (аха, затоа ме заебаваше откако кажав дека не си ги сакам нозете!). Не сакаш луѓе кои се истакнуваат и мислат дека знаат сѐ (ни јас). Посветен тип си, но не покажуваш емоции од страв дека ќе те исмејат или нема да те сакаат на ист начин (срцка бе, јас секогаш ќе те сакам ). Имаш страв дека не си доволно возбудлив. За да те задоволи партнерката (можам и јас да бидам таа, I don't mind ), треба да ти покаже дека те цени за сите ситници кои ги правиш - а правиш многу! Многу сакаш да задоволуваш и лесно се плашиш од искуствата на партнерката (никогаш не би направила да се чувствуваш нешто помалку ). Страствена личност си и потребен ти е активен романтичен и сексуален живот. Тешко ти е да најдеш таква личност која ги одразува твоите силни желби и очекувања. Склон си кон love-hate врски, со доза на натпревар, лутина, фрустрација (и јас сум комплицирана, битно е да не е досадно ). Имаш добро срце, дарежлив си, имаш добар карактер. Лесно се заљубуваш (кажувај ми за тоа). Стилот во љубовта ти е слободен, релаксиран, необврзувачки. Сакаш авантури, лесно се уморуваш, се плашиш да ја изгубиш слободата (ма и швалерки ќе ти дозволам ). Имаш интерес за уметноста, романтичен си (го паметам муабетот за викендица, камин и вино ), многу чувствителен, сонувач, нежен, приспособлив во љубовта. Те одбива непристојноста (мхм, те засакав зашто си културен и кавалер). Многу сакаш да даваш, си алтруист, помагаш на луѓе во тешкотија и луѓе кои се болни (квалитет кој ми е на врв на листа!). Огромна жед за знаење, сакаш да поминуваш време со постари луѓе и интелектуалци, зашто ти го збогатуваат умот. Голем борец, до степен што никој не смета дека може да те победи. Значи за ваква длабока анализа, бар да престанеш да ме игнорираш, бива? Се прашувам што би помислил ако тогаш кога ме праша што мислам за тебе, се избацев со анализава . Ќе беше freaked out. Сметав дека си умислен, а ти си бил толку несигурен, што сам си даваш комплименти, за да ти потврдат дека вредиш. И повеќе ми станува јасно зошто во комуникацијата си толку несериозен. Кога само би знаел дека никогаш не би те повредила, не би ти ја поттикнувала несигурноста, не би ти ја исмевала емоционалноста. Кога само би... А толку сум забавна, да знаеш колку пропушташ .
Љубов левел - не ја гледам новата епизода од Шерлок за да ја гледаме заедно. Е па ако со ова не ти ја докажувам мојата љубов, не знам веќе со што
Полека ми поминува оваа чудна опсесија. Полека излегувам од тој магичен круг во кој ме закова до дното на сиот мој копнеж и перверзни фантазии. Се ослободувам од тие нереални илузии и неостварени желби. Но како да ја убијам, макар последната надежна пеперутка во мојот стомак кога ќе те видам? Како да останам рамнодушна на тој поглед во кој се крие цел универзум? Колку изговори треба да најдам за да продолжам да го негирам се она прекрасно што го будиш во мене?
И дај боже нека ти биде убаво со неа од срце ти го посакувам тоа, само што никогаш нема да те сака како мене... во тоа биди сигурен....
Само ти можеш да ме кренеш во облаци и да бидам најсрекна. Но и само ти кога најмалку очекувам ме спушташ на земја .. онака ме акнуваш. Ти благодарам.
Чувствата ми се измешани. Осеќам радост, конеж, среќа, трема, љубов, нетрпение и што уште не... Дојди па да се смири немиров во мене.
Да можеше да видиш со моиве очи... Да можеше да почувствуваш со моево срце... Да можеше да се разбудиш со мојов трепет на душава... Е тогаш, можеби ќе ме разбереше!!!
Џабе филмовите и соновите,кога тоа се само филмови и сонови,едноставно реалноста е друга.Реалноста не ни дозволува да правиме ние што сакаме,си избрзала со животот,затоа и си го искомплицирала.Не за џабе викаат старите,брза кучка слепи кучиња раѓа.
немаш претстава колку чекам да те видам брем, ако ништо друго...ама ќе чекам, во име на љубовта се ќе сторам за тебе Спојлер на крај испаѓа дека јас ќе отворам чекална наместо куклето
Се прашувам - може ли срцето да пукне од премногу љубов? Претпоставувам, ако нема каде да се канализираат емоциите, срцето станува претесно. Дај барем малку да "истурам" од овие чувства врз тебе, во спротивно, ќе ме загушат...