Изгледа овој страв стана дел од мене, па еве сега се однесува и на тебе. Не е толку тешко и страшно да ме разбереш, прифатиш и пратиш. Едноставна сум, ситниците ми значат, природата и планините ме исполнуваат... Изгледа те разочарав од сам старт. Жал ми е, не можам да глумам нешто што не сум. Секако знам и јас да се нашминкам, дотерам и облечам штикли но не присилувај ме на живот каков не уживам да живеам. Во ред, те разбирам, кругот на луѓе не ти е навикнат на девојки како мене... Верувај ми те разбирам, ќе пораснеш и ти, ќе созрееш еден ден и сватиш дека поважно е тебе да ти одговорам а не на твоето друштво. Не грижи се, добро сум Не изгубив ништо, момци како тебе има на секој чекор... можеби и затоа сум сама.
те сакааааам најмило дете моеее, ми недоставувааш душичко моја, ти благодарам за овие прекрасни 3 недели во кои ми пружеше премногу љубов и едваај чекаам да поминат овие 4 месееци и повторно да бидам покрај тебе
Нека поминат овие три дена побрзо. Нестрплива сум. Милиони "што ако" ми се вртат во глава. Се надевам на најдоброто. Се надевам дека и универзумов знае колку те очекувам и некако ќе се наредат коцките. Јас правам се` што треба. Те чекам и ќе те чекам со години ако треба. Зашто знам дека вредиш. Знам дека се` ќе биде добро зашто не може да не биде, кога во срцево постоиш само ти И фала ти што и денеска, макар и на кратко, најде време за мене. Уште малку, и ќе надокнадиме за целото ова време
Лани ова време се топлеше во моја прегратка. Целиот среќен, убав и насмеан. Денес само спомени кои ужасно ме болат. Не ми е ладно од зимава, ладно ми е ради тебе... Сеуште фалиш, проклет да си!